Каква миризба ви пречи?

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
мирис на скара не дека не е убав ама ме гуши, некој јак ама прејак парфем што во мозок ти влегува и три дена го осеќаш, мирис на цигари поточно на димот од цигари, на пот исто но гледам да се воздржувам знам дека смета но па не сакам да навредам некој и кога ќе ми прднат или фснат во лифт, а одма после нив ја влезам, до 8 ми спрат се гушам.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Не можам да ја опишам, но имам голем проблем со миризбата на старо во возила. Миризба на старо помешано со топло и загушливата атмосфера. Не знам дали некој знае отприлика на што мислам, ама без разлика - ми се повраќа од тоа.

Миризбата на немиени заби. Мислам дека нема потреба да дообјаснувам.

Иако немам проблем со манџите како храна - миризбата на манџа ми пречи кога ќе се сретнам со неа некаде надвор, каде што не е типично за манџа да се најде.

Во последно време и миризбава низ Скопје ми пречи. Со секое вдишување на воздух се чувствувам како да вдишувам и тоа што треба, меѓутоа повеќе од тоа што не треба.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Најмногу ми пречи мирисот на прегорено млеко. Погрдо нешто - здравје. Уште полошо е што тој мирис трае.
Потоа, мирис на риба. Не поднесувам риба. Ретко која риба ја јадам. Секако, посебно ми пречи мирис на тезги со расипана риба. Можеби затоа толку го љубам изразот „овде нешто смрди на риба“.
Мирисот на варено пилешко месо. Ова не се поднесува. Ми се лоши кога ќе помислам.,
Потоа, мирис на млеко и месарница.
Па мирисот на јавен тоалет и мирисот на свежо исчистена со мокро ќебе(натопено со доместос) училница.
И секако, мирисот на штала и домашни животни.
За малку ќе заборавев на мирисот на гнила лубеница во контејнер.
За мирисот на здив, чорапи, цигари, леш и кромид подобро да не зборувам.
 

RoxieHeart

Староседелец
6 мај 2014
60
58
1,018
Inside your darkest fantasies.
Загушлива лична миризба. Да појасниме, хард кор смрдлива пот. Демек жлездите, мислам овај де, демек влажните се замена за туширање.

Л-карнитин и одговорот на дигестивниот систем како резултат на негова конзумација = пцовисани кинези.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Лош "бугарски" парфем.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
оууу you have no idea колку одвратно изглеа евтин парфем особено на недоволно чисто тело. Башка ако е некој сладуњав изнафлитан/а а после тоа под пазуви мириса на тутун пред се`. XVII th century France :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi