Службено име: Repubblica Italiana
Државно уредување : парламентарна република
Површина: 301.336 км2
Број на жители (2003 год): 57.033.000
Густина: 189.3 жит./км2
Главен град: Рим
Службен јазик: Италијански
Парична единица: евро
Италија е јужноевропска земја, географски сместена на Апенинскиот полуостров и два големи острови во Средоземно море: Сицилија и Сардинија.
На север преку Алпите се граничи со Франција, Швајцарија, Австрија и Словенија. Независните земји Сан Марино и Ватикан се сместени на Италијанска територија.
Планинска земја со високите Алпи на север (Монте Бјанко/Мон Блан, 4.807 m) и Апенините во централниот дел на Апенинскиот Полуостров (Монте Корно, 2.914 m). Јужно од Алпите се протега големата низина Ломбардија во долината на По, а мали низини се простираат во некои крајбрежни региони. Во јужниот дел има неколку вулкани, меѓу кои активни се Везув, Вулкано, Етна и Стромболи. Хидрографија: реки – Адиџе, Арно, По, Талјаменто и Тибар; езера – Болсано, Гарда,Комо, Маџоре и Тразимено. Клима: средоземна на островите и во поголемиот дел на Полуостровот, умерено-континентална во Ломбардија и планинска во северните алпски области.