Италија

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Службено име: Repubblica Italiana
Државно уредување : парламентарна република
Површина: 301.336 км2
Број на жители (2003 год): 57.033.000
Густина: 189.3 жит./км2
Главен град: Рим
Службен јазик: Италијански
Парична единица: евро

Италија е јужноевропска земја, географски сместена на Апенинскиот полуостров и два големи острови во Средоземно море: Сицилија и Сардинија.
На север преку Алпите се граничи со Франција, Швајцарија, Австрија и Словенија. Независните земји Сан Марино и Ватикан се сместени на Италијанска територија.

Планинска земја со високите Алпи на север (Монте Бјанко/Мон Блан, 4.807 m) и Апенините во централниот дел на Апенинскиот Полуостров (Монте Корно, 2.914 m). Јужно од Алпите се протега големата низина Ломбардија во долината на По, а мали низини се простираат во некои крајбрежни региони. Во јужниот дел има неколку вулкани, меѓу кои активни се Везув, Вулкано, Етна и Стромболи. Хидрографија: реки – Адиџе, Арно, По, Талјаменто и Тибар; езера – Болсано, Гарда,Комо, Маџоре и Тразимено. Клима: средоземна на островите и во поголемиот дел на Полуостровот, умерено-континентална во Ломбардија и планинска во северните алпски области.

Italy-Flag-wallpaper-17-1400x1000.jpg
 

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Лани бев Италија. Значи, воодушевена сум. Бев Наполи, Фиренца, Рим и Ватикан, Верона, Лидо ди Јесоло и Венеција.
Можам цел ден да си пишувам импресии, но ќе го спомнам само Тиволи. Тиволи ме остави вчудоневидена, онаква убавина не постои значи. Зеленило, фонтани..таква убавина треба само да се доживее, не се пренесува со зборови :)
 

Andrea Bloodbucket

Истакнат Член
18 февруари 2012
285
328
63
Минатата година бев во Верона, Венеција, Лидо ди Јесоло и Фиренца. Прекрасно беше.. (inlove). Највише ми се допадна Верона. Се надевам дека повторно ке имам шанса да ја посетам :).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and Marrie

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Најмногу сакам да ја посетам, за ова да го видам!

sistine-chapel-picture.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and Marrie

Dea

Активен Член
14 февруари 2012
156
196
43
25
Во Италија без лани и прекрасно е да ви кажам право! Бев во Сан Бонифацио, Венеција, Верона. Верона и Сан Бонифацио најмногу ми се засвиѓаа додека пак во Венеција нејќам веќе да одам! Во Венеција е топло, многу луќе, спарно! Да ви се сврти, ќе се изгубите за пола саат! А во Верона бев на ролеркостери (прв пат ми беше) МНОГУ ИНЕТЕРЕСНО! Се возевме и беше многу забавно :trepka. Ви препорачувам да одите поради прекрасните глетки, ХРАНАТА и секако прекрасните и секогаш ведри луѓе! :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and Irina

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Езерото Гарда е најголемото езеро во Италија. Се наоѓа во северниот дел од земјата, на полпат помеѓу Венеција иМилано. Езерото се наоѓа на преминот од алпскиот регион на Доломитите кон низината Ломбардија. Oформенo e од глечери при крајот на последното ледено доба. Езерото и неговото крајбрежје се поделени помеќу провинциите Верона (југоисточно), Бреша (југозападно) и Тренто(северно). Езерото е голема туристичка атракција, со голем број хотели, туристички населби и забавни паркови по брегот.
Стариот утврден град Сирмионе, кој се наоѓа на полуостров на јужниот брег од езерото е особено популарно туристичко место, каде се наоѓат бањите Вирџилио и Катуљо уште од римско време, како и бројни ресторани, барови, хотели, модни продавници и пазар. Живописниот замокСкалигер датира од XIII век. Римската вила била домот на поетот Катул. Сулфурниот извор на врвот на полуостровот е познат по својата способност да лечи заболувања, особено оние кај увото.
150px-Lake_garda_from_space.jpg

magnify-clip.png

Езерото од вселената
Интересно место е и северозападното село Лимоне. Ова место се прославило во 1979 кога таму бил откриен аполипротеинот А-1 МИЛАНО. Овој протеин, кој се наоѓал во крвта на луѓето родени во Лимоне, брзо ги чисти артериите од масти, кои потоа ги носи во црниот дроб, каде се елиминираат. Овој протеин е ефикасен против артериосклероза и инфаркт. Заради оваа состојка, мештаните живеат многу долго - неколку десетици селани доживеале над 100 години.

Помпеја е срушен и делумно затрупан римски град близу денешен Неапол во италијанскиот регион Кампанија, на територијата накомуната Помпеи. Овој град, заедно со градот Херкуланеум биле уништени и сосема затрупани со катастрофалната ерупција на вулканот Везув на24 август 79 н.е.
Вулканот ја потрупал Помпеја со многу метри пепел, и за него не се знаело 1,600 години, сѐ додека не бил случајно откриен во 1748. Оттогаш ископувањата даваат инзвонредно подробен увид во животот на градот во зенитот на Римското царство. Денес местото една од најпопуларните туристички атракции во Италија и се смета за светско наследство на УНЕСКО.


Колосеум изворно уште се нарекува и “Флавијански амфитеатар“ е најголемиот амфитеатар во Рим и во светот. Колосеумот бил изграден од императорот Веспазијан кој го започнал во 72 година, и неговиот син императорот Титус, кој го завршил во 80 година, кои се презивале Флавии, па оттаму и името. Некои преправки направил и императорот Домицијан (81-96). Изграден е како подарок на римските граѓани, и тоа на местото на некогашната резиденција на Нерон. Во Колосеумот се одржувале гладијаторски борби и борби помеѓу животни, а собирал до 50.000 гледачи.
Колосеумот бил врвен дострел на архитектурата и градежништвото од тоа време. Покрај грандиозните димензии, бил лесно достапен преку систем од влезови и скалила, така што во случај на пожар, можел да се испразни за само десет минути.
На 7 јули 2007 година Колосеумот бил прогласен за едно од седумте светски чуда на новиот свет.
Подоцна, објектот бил употребуван за најразлични цели, како работилници, одаи за свештеници и христијанско светилиште.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minella

Grim Reaper

Староседелец
14 февруари 2012
326
338
1,063
Here and there
Минатата година бев во Верона, Венеција, Лидо ди Јесоло и Фиренца. Прекрасно беше.. (inlove). Највише ми се допадна Верона. Се надевам дека повторно ке имам шанса да ја посетам :).

И јас исто лани бев на овие места :) Мене најголем впечаток ми остави Венеција. Преубаво место, само тоа лошиот мирис од каналите му е минус
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Andrea Bloodbucket