Мавни ми се веќе од соба, имаш свој стан ебате! Знам. Се’ што по 100 пати кажуваш, го знам напамет. И јас сакам дома ко дома да се осеќам, ама нема. Помири се со тоа и готово. Ни јас, ни ти нема да смениме ништо. Live with it, ебате.
Само седиш и ко слугинче ме третираш, па уште тебе ти фали нешто. Што? Дворски шутови и фаци да те китат со злато?
Кој курац веќе треба да направам за сите да сте задоволни? Да се обесам на топола? Важи. Тогаш комотно ќе може да си изигравам вреќа за ударање. Викајте, урлајте, ударајте. Барем ништо нема да осетам, иако и сега доста отрпнав.
Не сум ви издувен филтер. Ајде, најмала е, ќе трпи се’ што сакаме да кажеме, а немаме муда да си го кажеме во лице. А јас на кого да се искажам, м? Трпи, чувај во себе. Нема проблем.
Преку онаквото веќе од тоа солење памет. Кажи и’ на неа ако ти смета. Јас сум пробала, неуспешно.
Кој фактор сум јас? Јас себе не можам да се средам, мои купишта проблеми ми тапкаат во место, па уште сум должна секој ден да трпам исти муабети? Ма гони се! Сите гонете ми се од дома!
Радо би седела сама отколку со туѓинци да го делам она што некогаш било мое.
Да, може сум скржава, но што сум добила јас од таа фаца извини? Три реда квази-смешен муабет? Дај на газ да паднам.
Чекај, полошо следи допрва, ќе го запознаеш буквалното значење на „Пеколно лето“, ова е само загревањето, стрпи се. Не си видела ни пола од тоа што е. А тогаш да видам госпожа од златни кафез како ќе се однесуваш?
Јас навикнав, ќе стиснам заби некако, а вие очи ваѓајте си.
Не ме мешајте мене, не ме користете ко оружје за убедување и манипулација!
Оставете ме веќе еднаш на мира аман!