1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Исповед на деца на разведени родители

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од FallenAngel, 11 април 2013.

  1. Anakin

    Anakin Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    869
    Допаѓања:
    977
    Драга FallenAngel

    Ти не си ни најмалку виновна за разводот на твоите родители , не треба да бидеш огорчена на себе. Ти сеуште ги имаш и двајцата родители тука за тебе. Можеби не живеете заедно и твоите родители не комуницираат како порано, но една работа никогаш нема да ги раздели а тоа си Ти. Ти си нивно дете и единственото сведоштво за нивната некогашна љубов . Разводите се случуваат многу често и се последица на губење на довербата и љубовта кон партнерот. Можеби тие повеќе немаат заедничка иднина но те имаат тебе и тоа ќе ги поврзува секогаш. Верувам дека си во години кога е малку потешко да се пребродат ваквите работи , и иако можеби ќе звучи лесен и многупати кажан мојот збор , сакам да ти кажам дека не е крај на ништо, ти сеуште имаш и мајка и татко без разлика какви се и низ што поминуваат, обиди се да ја разбереш нивната ситуација и да ја зачуваш љубовта кон двајцата. Ние, луѓето се соочуваме постојано со непријатни ситуации, не повредуваат, повредуваме, но времето ќе излечи се, и еден ден ќе можеш да ја видиш причината и зошто тоа се случило и ќе видиш дека се се случува со некаква причина. Битно е да се собереш, да најдеш сила и да продолжиш ...се ќе биде подобро .....
     
    На parvati и O'Connell им се допаѓа ова.
  2. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    401
    Знаеш што најмногу боли? ! Што се правеа пред мене светци. Се правеа дека се е ок.
     
    На O'Connell му/ѝ се допаѓа ова.
  3. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Откако отвори 15 теми, колумни колку си пропатила дека се развеле, дека се карале итн... сега мака ти е оти биле фини пред тебе?
    Ај одлучи се што ти е маката уствари, па да те ислушаме.
     
    На Just Perfect му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    401
    Ни тој ни таа не биле светци. Откако тој додека бев кај него се обидуваше да не спои сите нас јас контра одев оти бев набуцкана од мајка ми. Иако татко ми го сакав како никој друг ближен. Откако се разведоа почнаа тој против неа да збори и таа против него. И мене како некоја кукличка што ја боцкаат со илјада игли така се чувствував. И никогаш не им реков дека тоа ме боли, или ако им речев ќе речеа епа ние ти ја кажуваме вистината. После неколку години јас ја дознав сета вистина воопшто за почетокот на нивната врска и како тато кога во војната ја прашал мама ако загини што ќе прави со мене,таа рекла ќе се исчистела. И тоа многу го повредило.... Дете сум,можеби не треба овие работи да ги знам, но сакав сета вистина да ја дознаам. И откако дознав дека и баба ми е замешана во сето тоа фино лепо и на неа и кажав што мислам за нејзината гнасна постапка тогаш... Од таков брак не се очекуваше дека ќе опстане, но ете во некои мигови ептен ми е мака. А за што сакаше да дискутираме ?
     
  5. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    401
    Се караа но веќе пред разводот. А пред тоа не. И неморате да ме слушате ако толку сум ви комплицирана.
     
    На Keepitreal му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Struggler

    Struggler Староседелец

    Зачленет на:
    19 јануари 2013
    Мислења:
    1,755
    Допаѓања:
    1,002
    На форум не би требало да солиме памет кој колку е виновен затоа што секој си има своја вистина и секој си е до некаде во право. Ти како нивно дете треба најмалку да се обивнуваш дека ти си ВИНОВНИКОТ за нивното разделување односно развод. Да не должам многу многу со филозофирање то е то, тие треба да бидат свесни за постапките што ги носат во иднина и како би влијаеле на нивните деца доколку ги имаат, а во случајов ти.
    Епа то е то што сакав да подискутираме... ме интересираше малце подлабоко што точно се работело.
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheCountess

    TheCountess Нов член

    Зачленет на:
    12 април 2013
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    2
    Vaka sega, jas sum dete na razvedeni roditeli. Moite se karaa, tatko mi ja imase iznevereno majka mi, i on me imase ednas odneseno kaj ljubovnicata. i ok, mng stvari se desija, se razvedoa, jas bev 1vo odd. Sega sum osmo, tatko mi e prezenet, ima dete, i pak ne zima mene i brat mi, i da ti kazam deka mi e bolje vaka: 2 pati godisno si idam na odmor :p mnogu jadat gomna lugjeto, ama ne im obrnuvaj vnimanie. shto pomalku obrnuvas vnimanie shto vikaat, toa posrekjna kje bides. Toa e minato, ti ne si kriva shto se razvele tvoite, nitu pa e neshto sramno. sega sekoj 3 par e razveden. I jas doznav mnogu odvratni raboti sho gi praele moite, i u kakvi stvari bile zamesani, ali ednostavno ne se zamaram, oni si go upropastile svojot zivot, nema da dozvolam mojot da go upropastat nivnite greski. samo uci od niv i ne se zamaraj
     
    На Prashina и melpomena им се допаѓа ова.
  8. neevazno

    neevazno Нов член

    Зачленет на:
    12 април 2013
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    7
    Ок прочитав све и неможев да одговорам прво на темата а после и на Фолен Ангел,,,,американциве мозокот ни го испраа со нивните срања!!!! ајде бе, да збориме за деца од 2-7 години па како они проаѓаат низ разводите, ќе разберам,,ама на возраст каде што може да отварате теми на форуми ???? Ало, како што рекоа погоре има пострашни работи од разводот на вашите родители.Јас изгубив родител (вистинско губење -смрт) кога имав само 10 години,,тоа е страшно,,но животот продолжува и неможеме да плачеме и да одиме по психијатри .... А твоите родители имаат право да се разведат исто како што имале право да се земат, и то ае само нивна работа и ничива друга,,и немаат тебе што д а ти образложуваат како и зошто....и друга работа,,,она демек ради детето они у ствари цел живот ќе бидат заедно,,,абе ајде доста и со тоа, да сакале цел живот да бидат заедно немало да се разведат...луѓето прават грешки, п аи овозрасните луѓе, и разводот е цената н атие грешки ,но незначи дек анекој треба цел живот да плаќа..ако ти се двајцата родители ок, почитувај си ги и сакај ги и двајцата,,ако еден од нив е ѓубре, избриши го и готово,,,другиот родител не е виновен за то ап ада моар све да има хармонии,,има луѓе кои с е ѓубриња, а за жал некогаш такви се и родители..доста со амерканизам и нивни сфаќања,видете пола нација се сериски убици
     
    На Peace, melpomena, MoonFairy и уште 4 други им се допаѓа ова.
  9. Just Perfect

    Just Perfect Активен Член

    Зачленет на:
    3 април 2013
    Мислења:
    137
    Допаѓања:
    120
    Прво да одговорам на темата...
    Кај мене се разведени од кога знам за себе..со исклучок на еден период кога беа повторно заедно заради болеста на татко ми и имотот..воедно татко ми од секогаш бил женкар.. Но никогаш не сме се почувствувале запоставени поради тоа ниту јас ниту сестра ми...секогаш бил тука за нас кога ни требало..додека мајка ми... па да не излезам сноб..но навистина е целосна спротивност од него..цел живот го посветила на тоа да не одгледа и воспита нас како треба... и никогаш ништо да не ни фали...
    Комуницираа за се постојано иако не беа заедно... Така да..разводот нема никаква врска со децата...подобро да се разведат него да ги гледаш како се измачуваат затоа што немаат исти гледишта на животот..е дури тогаш ќе мислиш дека ти си причината за нивната болка...зарем треба да се остане во брак само поради дете????Никако не сум за тоа...

    Е сега малку да се исклучам од темава...
    драга Fallen Angel имам чувство за тебе дека сакаш само да бидеш во центар на вниманието...(puke)
    ах да... и
    Толку за вечерва...
    Ајде да видам кој ќе се осмели да каже нешто за свои искуства...
    ма дај те молам... што има некој да се осмелува...како ова да е воена тајна....
     
    На Arkantos, Prashina, melpomena и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. Keepitreal

    Keepitreal Полноправен Член

    Зачленет на:
    3 мај 2013
    Мислења:
    78
    Допаѓања:
    38
    Испукајсе без гајле.

    Јас искрено не сум дете на разведени родители, но цел живот сум како таков. Ни ронка внимание не ми посветиле барем ја сум добил таков впечаток. Но јас мислам дека цела негатива од тоа сум ја пртворил во позитива и сум среќен што успеав.
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: