Темава одамна сакав да ја отворам, но некако немав храброст. И јас сум дете на разведени родители и морам да признаам многу патев и патам ради тоа. Не сакам да ми доаѓате со совети во вид на : Епа имале причина, подобро што те поштедиле од кавги... Едноставно сакам сите деца на форумов кои некогаш ја осетиле таа страшна болка да одеднаш целото семејство им се сруши да изјават како се справуваат со тоа. Што прават... Јас само едно нема да си простам. Кога тато ме молеше да и зборам добро на мама за него јас стоев на нејзина страна и уште толку ги скарав
И тоа секогаш ќе ме прогонува. Можеби ќе ме пратите на психијатар, но тоа не ме лечи. Пробав се, не помага.
Толку за вечерва...
Ајде да видам кој ќе се осмели да каже нешто за свои искуства...

Толку за вечерва...
Ајде да видам кој ќе се осмели да каже нешто за свои искуства...