1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Исповед на деца на разведени родители

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од FallenAngel, 11 април 2013.

  1. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    Ако нечиви родители се разведени тоа не ги прави негрижливи и незаинтересирани и треба одма да се гледаат како негативци. Моите се, па ни еднаш не сум се почувствувала помалку сакана, поврзана и блиска од кога беа во брак. Болни моменти за децата, кои секако сакаш - не сакаш мораш да успееш да ги надминеш. Лично, не би сакала да коментирам на темава, но морав да се ,,уфрлам" во типичното табу гледање на разведените личности кај нас.
     
    На Lady* и melpomena им се допаѓа ова.
  2. Keepitreal

    Keepitreal Полноправен Член

    Зачленет на:
    3 мај 2013
    Мислења:
    78
    Допаѓања:
    38
    Неможам да сватам зошто ме цитираш мене и ме ставаш во табу ?
     
  3. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809

     
  4. Keepitreal

    Keepitreal Полноправен Член

    Зачленет на:
    3 мај 2013
    Мислења:
    78
    Допаѓања:
    38
    Ако добро заприметиш тоа се две различни реченици.
     
  5. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    446
    Допаѓања:
    240
    Само едно ке кажам, тешко е на оние деца кој израснале без ниеден родител, а не е ништо посебно дали ке порасниш со 2 родители или со 1 родител!
    Еве искрено јас сум пораснал со Мајками, значи тој кого треба да се нарече татко, едноставно беше избркан од моите, заради фактот кој го бараше цел имот да се препише на НЕГО! и искрено сега да ми излезе пред очи, жими се главата од раменици ке му ја симнам, НИКОГАШ, АМА НИКОГАШ СУМ НЕМАЛ ЖЕЛБА ДА ГО ВИДАМ!!!

    Иначе многу поубаво ми беше и ми е Со Мајками, Бабами и дедоми кој сега веќе е починат!
    Се што ке посакав имав! Едноставно никогаш немам осетено празнина во душава, дека стварно ми фали ,,татко‘‘, секогаш десна рака ми е исто така и Вујкоми!

    Значи како е од господ пишано така ке биде!
    Нема тука страм или смелост да се каже ова!!! искрено без никакво перде на уста се кажувам та дури и пцујам по него!
     
    На Keepitreal му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Furby

    Furby Полноправен Член

    Зачленет на:
    26 јуни 2013
    Мислења:
    96
    Допаѓања:
    92
    Знам дека че ме селите од темава оти не сум дете на разведени родители .......и не кажувам за моја туку за тујџи исповеди...

    Прво од тетка ми верзијата шо кажуваше : Тие вејче биле разведени на хартија , морале да се разведа оти тој банкротирал и ако не се развеле сио имот од тетка ми ке и бил земен ....ама иако се развеле на хартија тогаш тетин ми (сега бифш тетин)си фатил швалерка , тетка ми го следела и го фатила на дело и нејзините пари и неговите ги трошел на незе а таја мустрата имала плус дете со детска парализа непокретно и му се смешала во брако наместо да си го гледа детето .

    Има две големи деца , не знам другата братучеда шо мисли , ама татко ми ко ја прашал постарата како ти е да одиш со швалерката од татко ти и со очуво на обиранки ...таја само му одговорила : Па то е нормална појава во Загреб , ако ти се заедно родителите сеуште не е нормално .

    А многу ми е криво ептен биле убав пар а и братучедките ми се многу убавки како фамилија , ама шо не му функционирало за да се распадна и зошто така да и напрај , која потреба е таја да си фатиш швалерка и да си ја растуриш фамилијата со жената со која си напрајл две деца.

    А пак чичко ми , брат нејзин , на татко ми прв братучед и тој е разведен два пати сега по трет пат е женет и со фтората жена седа во иста кујча на различни спратој и си се вика на ручек со новите маж и жена , си останаја пријатели , и татко ми ко го прашал како можел така , е му рекол чичко ми , селјак еден , уште си со такви размислувања...

    Друг чичко , и тој прв братучед и тој е разведен , и му кажала фино лепо и комуницира со незе заради децата оти има близнаци , дека се кај шо се омажила млада , и се попишманила и си нашла друг , и чичко ми вели се теши барем шо ги напрајл со богата па си ги обезбедил децата :) .

    Сакав да ви кажам дека кога се сака се се можи и се се прај со пари , треба само двајцата родители да има ум , и ако ептен нешто не штима , да се мисли на децата а не на сопствените каприци и суета како да му се наштети на другио родител преку децата , ама не секој размислува така .
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Сара.13

    Сара.13 Староседелец

    Зачленет на:
    13 ноември 2012
    Мислења:
    1,260
    Допаѓања:
    3,107
    не е болка за умирање..веќе 3ипол год.го живеам тој живот на „дете од разведени родители“.
    луѓето знаат да бидат гадни, ама тоа допираше до мене само на почетокот, сега веќе крената глава горе и напред. ниту едно дете не треба да се срами од постапките на своите родители, тие се нивни постапки и грешки, јас си имам свои грешки во животот, си имам свој пат кој треба да го изодам.
    со татко ми немам контакт, всушност и сама го одбрав тоа.подобро е вака.
    а на мајка ми можам да и бидам само благодарна што ми овозможи да живеам еден нормален живот.
    имено, разводот на родителите не треба да те направи да се чувствуваш како изрод или црна овца со мисла дека не живееш нормално како останатите деца.
    напротив, престани да се самосожалуваш, животот е пред тебе.
     
    На Luckky, Аркантос, Furby и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. Mesecina

    Mesecina Нов член

    Зачленет на:
    11 септември 2013
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    2

    Види Ангелче, твојата исповед нема тебе да ти помогне, освен ако не ти олесни, но можеби ќе ги предомисли оние кои помислиле да се разведат. Во момент на бес некој од родителите мисли дека кавгите немаат крај и дека разводот е спас од овие кризи. Но, кога ја прочитав оваа искрена исповед сфатив дека за децата тоа ќе биде агонија без крај. Мене ми се случило , на мојот сопруг и на многу други да помислат дека: Еве ова е причина да прекинеш, да се разведеш, да го растуриш гнездото кое со години си го градел...Не е дека јас посегнувам, туку дека можеби некој или подобро еден од родителите е доволно да ја започне војната која само ќе опустоши нечии срца. Јас вчера си реков: Не можам да издржам, ќе смогнам сили ќе се разведам,. Нема љубов повеќе, нема ништо меѓу нас. Утрово си реков : Можеби ќе биде подобро, треба да се борам, се останато е предавање. Поголемиот син вчера плачење пред спиење, завчера исто,( но не се случува често).Ако се разведам ќе плаче многу почесто и кога нема да му гледам очи на солзите. Кога ти ги прочитав твоите мислите( чувства), си реков ќе се борам, не сакам твојата болка да ја носат и моите деца. Ти благодарам на искреноста. Верувам дека знаеш кои се вистинските вредности во животот. Повеќето деца од разведени родители, но прифатиле тоа како нормално, ама тоа е ненормално во најголемиот дел од случаите.
     
  9. elizabeta nikolenko

    elizabeta nikolenko Нов член

    Зачленет на:
    29 септември 2013
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
     
  10. elizabeta nikolenko

    elizabeta nikolenko Нов член

    Зачленет на:
    29 септември 2013
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    zboruvam od iskustvo!.koga roditelite gresat e edna greska ama ako decata se vozrasni i se zamesaat greskata e pogolema.,probaj na site mozni nacini da si gi spois roditelite.sekoj pravi greski no ima i popraven.koga se razdeluvaat mozebi sonuvaat za podobar zivot ama koga ke pocnat da ziveat svakaat deka nivniot zivot e semejstvoto.site sme nie lugje i nekogas docna gi sogleduvame greskite.mozebi ova iskusenie vo koe pominuva tvoeto semejstvo e most za nesto pocvrsto koe ke go izgradite ponatamu.daj boze sekoe semejstvo da se vrati na vistinskiot pat a ne veruvam deka postoi nekoe koe i ne skrsnalo od patot.ti si dete koe saka da se obvinuva!!!prestani so toa!! so ljubov i upornost daj im do znaenje deka dvajcata ti se vazni i deka ako postoi moznost se da se popravi,da go napravite toa so site sili!!!...vi posakuvam mnogu sreka mnogu ljubov i da se vrati vaseto semejstvo vo svoeto gnezdo i ovoj pat da bide ispolneto so mnogu ljubov...
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: