Драга FallenAngel
Ти не си ни најмалку виновна за разводот на твоите родители , не треба да бидеш огорчена на себе. Ти сеуште ги имаш и двајцата родители тука за тебе. Можеби не живеете заедно и твоите родители не комуницираат како порано, но една работа никогаш нема да ги раздели а тоа си Ти. Ти си нивно дете и единственото сведоштво за нивната некогашна љубов . Разводите се случуваат многу често и се последица на губење на довербата и љубовта кон партнерот. Можеби тие повеќе немаат заедничка иднина но те имаат тебе и тоа ќе ги поврзува секогаш. Верувам дека си во години кога е малку потешко да се пребродат ваквите работи , и иако можеби ќе звучи лесен и многупати кажан мојот збор , сакам да ти кажам дека не е крај на ништо, ти сеуште имаш и мајка и татко без разлика какви се и низ што поминуваат, обиди се да ја разбереш нивната ситуација и да ја зачуваш љубовта кон двајцата. Ние, луѓето се соочуваме постојано со непријатни ситуации, не повредуваат, повредуваме, но времето ќе излечи се, и еден ден ќе можеш да ја видиш причината и зошто тоа се случило и ќе видиш дека се се случува со некаква причина. Битно е да се собереш, да најдеш сила и да продолжиш ...се ќе биде подобро .....