Иронија и сарказам

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Teach us master...
Иронијата е коа отвараш тема за иронија а не си го произнесуваш своето мислење. lady_blue :D
Еве еден клише сарказам и една клише иронија кои според мене се добро вклопени.
не го произнесов, зато шо не ми се поимиве јасни.
и колку поќе мислења читам, толку понејасни ми стануваат ( а очекував да ми се разјаснат, зато шо скоро секој ден некој посочува таму у таму тој и тој користи иронија и сарказам/се крие зад иронија и сарказам/ е ироничен и саркастичен).
јас сум личност која лесно се збунува, а особено ме збунуваат контрадикторности. и кога налетам на контрадикторност си велам - фак, во ова мора да има некоја логика, ама ти ќе да си ограничена, па немојш да ја согледаш.
значи, кога велам контрадикторност, мислам на контрадикторност која мојот ум ја препознава како таква, а во суштина е сосема легитимно мислење, со уште полегитимна поента.
и то...

и еве си најдов еден пример кој ќе долови до кој степен ми се нејасни работите.
пишувајќи го ова :
„Неќам бе, неќам да сум рамноправна.
Сакам да сум трипати погоре.
Сакам да не се грижам за ништо, сакам да сум галена, мазена, пазена, сакам да сум чувана ко капка вода на дланка.
Сакам да ми се признае дека сум способна да 'рмбам ко маж, ама неќум да се очекува од мене тоа и да го правам.
Сакам да ми се признае дека сегде ме собира, ама да не се очекува од мене сегде да се пикам.
Сакам да ме прашува(ат) и слуша(ат) кога се прават анализи и планови за било какви проблеми од било која област, ама не сакам да очекуваат од мене планираното јас да го спроведам.
Сакам да бидам ај-ти- менаџер“
бев убедена дека тоа е тоа - иронија, па дури и сарказам.
ама јбг, изгледа не било така.
:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and slb_bobo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
не го произнесов, зато шо не ми се поимиве јасни.
и колку поќе мислења читам, толку понејасни ми стануваат ( а очекував да ми се разјаснат, зато шо скоро секој ден некој посочува таму у таму тој и тој користи иронија и сарказам/се крие зад иронија и сарказам/ е ироничен и саркастичен).
јас сум личност која лесно се збунува, а особено ме збунуваат контрадикторности. и кога налетам на контрадикторност си велам - фак, во ова мора да има некоја логика, ама ти ќе да си ограничена, па немојш да ја согледаш.
значи, кога велам контрадикторност, мислам на контрадикторност која мојот ум ја препознава како таква, а во суштина е сосема легитимно мислење, со уште полегитимна поента.
и то...

Мал офтопик околу контрадикторноста, не е ли потребно и двете есктреми да ги знаеш за да го сфатиш мислењето како контрадикторност?
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Мал офтопик околу контрадикторноста, не е ли потребно и двете есктреми да ги знаеш за да го сфатиш мислењето како контрадикторност?
апсолутно, зато реков мојот ум ја препознава како таква (како контрадикторност) кога во суштина е сосема легитимно мислење со уште полегитимна поента.

имам многу за цитирање, па да не ја развлекувам до бескрај, ќе пробам со едно-две кратки прашања:
1. која е цела на тој што користи иронија/сарказам?
2. како би ја „превеле“ фразата „Ако не беше смешно, би било трагично“ и колку истата има/нема врска со користењето на иронија/сарказам и нивната суштинска цел?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нема ништо лошо во иронијата па дури и во сарказмот :cool: ако не се претерува.
Треба да научиме да ги исмеваме ставовите а не лицата кои ги пишуваат. Ништо повеќе. Не за друго, затоа што навистина некои ставови просто повикуваат на такво нешто. Имаат некој посебен магнетизам кој ги привлекува ироничните коментари.

Немам ништо против ако напишам нешто приглупо или лишено од било каква смисла, некој тоа фино саркастично и сочно да го обработи во пост/реплика.
Ете британците изградија ТВ и филмска индустрија на база на сарказам. Шо им фали?

Bitno je da se voljimo saljimo i postovamo hehe pozz : D : D
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Едина причина зошто не кажувам мислење на вакви теми е заради тоа што авторот ја направил темата за да си ги испрашува сите кои ќе коментираат,а не кажува свое мислење стриктно,за да не може другите да и ја "превземат улогата". Не ми се допаѓа тоа професорско однесување на темава,lady_blue. И кога ќе кажам дека нема дискусија на форумов,мислам и на ова.
И како тоа ако тебе ти се нејасни темиве,имаш контра аргумент на речиси секое мислење на темава? Те молам објасни ми,зошто тебе очигледно ти се појасни поимиве него на било кого друг тука.
 
шо не ми е јасно јас си прашувам :D.
имам свои размислувања, имам аргументи за тие размислувања, ама никогаш не ги сметам дека се баш така точни и правилни.
па си прашувам и се радувам кога некој ќе ми ги побие аргументите.
ако јас поставам прашање (едно, две, миљон), не значи дека на тоа прашање неможе да добијам контра прашање(едно, две, миљон).
а тоа дали јас или било кој друг се поставува како „професор“ кој испрашува , зависи и од тоа дали и колку другите ќе се постават како „ученици“ кои одговараат.

конкретно за темава, шо да кажам? да кажам дека се претерува со постојаното префрлање дека овој или оној е ироничен и саркастичен и дека на тој начин се брани и се крие кога нема зад шо друго да се скрие.
мене лично тоа ми смета, затоа и ја отворив темава, за да се каже отворено тој и тој постојано е саркастичен и ироничен и постојано навредува и напаѓа.
ама некако не се најде јунак овде да го повтори тоа што насекое го кажува подругите теми.

да ги повторам дефинициите шо другите ги кажаа? или по мое?
ај по мое : иронија и сарказам се изразни средства со кои се посочува одредена негативност, ама однопаку.
на пример имаш ситуација: треба да завршиш одредена задача, а рокот ти е зад петици. мајка ти/ татко ти/ другарот/ колегата/некој ти носи кафе, за да те расположи, да ти помогне на тој начин, ама случајно го истура кафето врз тоа шо го работиш и цел вложен труд ти оди во неповрат. Ти велиш - Ти благодарам, многу ми помогна.
Тоа би било, најглупо објаснето, сарказам.

и сега, колку навистина по форумов се користат иронија и сарказам, а колку секое видување поинакво од сопственото се етикетира како иронија, сарказам, навреда?
ако се заебаваш не чиниш, оти некој си ја има мувата на капата и постојано се наоѓа засегнат од сѐ шо ќе се рече.
ако велиш - „не, не е така“ тогаш си намќор на кој ништо не му се годи и пак не чиниш.
ако некој зборува двосмислено, а ти му одговориш јасно и директно, патем преведувајќи му го она шо всушност го кажал, тогаш ги извртуваш муабетите и провоцираш и пак не чиниш.
ако пишуваш сериозно и тогаш не чиниш, оти некој се плаши да ти сконтра, па си ќути, ама посочува дека твоето професорско мудрување е причина зошто си ќути.

епа кога чиниш? која и каква е таа дискусија која ќе те натера да се вклучиш?
и шо сум па јас кабает ако ти не умееш да ми ја земеш улогата на испитувач? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Иронија и сарказам ко стилски изразни средства или иронија и сарказам ко наводно бојни оружја на форумов?
Огромна разлика.

Иронија - фино, прикриено потсмевање на одреден/а предмет или личност; спротивен исказ од она што вистински го мислиме.
За сарказам се смета она што ги надминува границите на финото и прикриеното, и станува апла навредливо т.е. преминува во цинизам.
Според дефиницииве и нашите кратки фитили поради кои не трпиме директни „напади“ т.е. цитирања, ние овде само со сарказам и цинизам се служиме значи.

Што користам...што знам. Јас најчесто кога се препрочитувам, приметувам дози цинизам во многу постови и тоа не ми се допаѓа. Нит сум несреќна, нит ми фали вокабулар, ниту пак мислам дека сум над или под другите, едноставно таков ми е стилот на изразување врз кој влијаеле многу фактори.
И да, тоа со богатиот речник е баш спротивно, сметам дека една личност треба апла богат речник да има за успешно да прикрие исмевање, што е и целата уметност на овие два поими за кои се дискутира.

На форумов сарказмот и иронијата речиси и да не постојат убаво склопени.
Едно е да прочиташ убав пост каде на хумористичен, лесен и прикриен начин се доловени некои негативности, друго е апла да се истураш на маса со подбив. Ние второто сме и директива на гротеска (информативно, доколку некој не знае - преголемо нагласување на работите кои ги исмеваме) преминуваме. Дури и ако е некој само искрен и директен, многумина добиваат впечаток дека се потсмева. Зошто, не знам, ама детекторите за сарказам и иронија се прилично слаби на форумов, та секое поднагласено несогласување е етикетирано ко саркастично/иронично.
Не ќе е лошо малку учебниците по македонски да се отворат пак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice and lady_blue

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Стриктно за форумот, по се изгледа искреноста е лошо сфатена, т.е се меша со иронија или сарказам.
Некој си кажува искрено мислење и сега тој друг некој што се пронашол во постот враќа - ееее нормално кога немаш речник и памет се служиш со иронија. А ни И од иронија.
А кога веќе тук тек некој склопил некоја реченица со квалитетен хумор (пошто за мене тоа е сарказамот, па и иронијата) се гледа провоцирање, подбуцнување или не знам ти што. Па кавги и ред други глупости.
А нема врска...
Како пример со глупавите мислења. Некои работи се толку интересни што не заслужуваат да траат колку едно чудо-само три дена. :D
И не треба тука никој да се вреѓа и да си сфаќа лично.
Напротив не е на одмет да се насмееме некогаш, па макар било и на своја сметка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and lady_blue

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
шо не ми е јасно јас си прашувам :D.
имам свои размислувања, имам аргументи за тие размислувања, ама никогаш не ги сметам дека се баш така точни и правилни.
па си прашувам и се радувам кога некој ќе ми ги побие аргументите.
ако јас поставам прашање (едно, две, миљон), не значи дека на тоа прашање неможе да добијам контра прашање(едно, две, миљон).
а тоа дали јас или било кој друг се поставува како „професор“ кој испрашува , зависи и од тоа дали и колку другите ќе се постават како „ученици“ кои одговараат.

конкретно за темава, шо да кажам? да кажам дека се претерува со постојаното префрлање дека овој или оној е ироничен и саркастичен и дека на тој начин се брани и се крие кога нема зад шо друго да се скрие.
мене лично тоа ми смета, затоа и ја отворив темава, за да се каже отворено тој и тој постојано е саркастичен и ироничен и постојано навредува и напаѓа.
ама некако не се најде јунак овде да го повтори тоа што насекое го кажува подругите теми.

да ги повторам дефинициите шо другите ги кажаа? или по мое?
ај по мое : иронија и сарказам се изразни средства со кои се посочува одредена негативност, ама однопаку.
на пример имаш ситуација: треба да завршиш одредена задача, а рокот ти е зад петици. мајка ти/ татко ти/ другарот/ колегата/некој ти носи кафе, за да те расположи, да ти помогне на тој начин, ама случајно го истура кафето врз тоа шо го работиш и цел вложен труд ти оди во неповрат. Ти велиш - Ти благодарам, многу ми помогна.
Тоа би било, најглупо објаснето, сарказам.

и сега, колку навистина по форумов се користат иронија и сарказам, а колку секое видување поинакво од сопственото се етикетира како иронија, сарказам, навреда?
ако се заебаваш не чиниш, оти некој си ја има мувата на капата и постојано се наоѓа засегнат од сѐ шо ќе се рече.
ако велиш - „не, не е така“ тогаш си намќор на кој ништо не му се годи и пак не чиниш.
ако некој зборува двосмислено, а ти му одговориш јасно и директно, патем преведувајќи му го она шо всушност го кажал, тогаш ги извртуваш муабетите и провоцираш и пак не чиниш.
ако пишуваш сериозно и тогаш не чиниш, оти некој се плаши да ти сконтра, па си ќути, ама посочува дека твоето професорско мудрување е причина зошто си ќути.

епа кога чиниш? која и каква е таа дискусија која ќе те натера да се вклучиш?
и шо сум па јас кабает ако ти не умееш да ми ја земеш улогата на испитувач? :D
Прва работа,кога самиот член којшто ја отворил темата се однесува како професор и ги третира другите како ученици,нормално е да се створи одбивност. Затоа што и самите знаеме колку не ги сакаме професорите,кои кон нас го имаат оној надмен став,а не го снижат,и очекуваат нешто да научиме. Второ,добра дискусија е онаа од која тие што се вклучиле и не се упатени да си заминат од неа со ново знаење,а оние кои имаат некакви познавања и се одлучиле да произнесат мислење учествувале без да навредат или да се најдат навредени.

Околу навредувањето,може да биде директно и индиректно,каде што со потсмев се гледа врз туѓото мислење и супериорно се изнесува своето. Независно дали е поддржано со факти и колку е,не може да се сервира на член кој што не е упатен нешто за кое ние мислиме дека е точно така нагло и надмено. Значи добра дискусија подразбира споделување знаење,без притоа да се шета на темата со мочалото нагоре,бидејќи одреден член е најначитан. Може и да се дискутира,и притоа да се задржат некои манири. Мене ми е јасно дека на многу тука дискусијата не им е дискусија ако не се рчне бар малце,ама искрено,сум видел дискусии каде што интелигентни членови покажале компетитивност,знаење и желба за аргументирање без да го навредат членот кој има спротивно мислење со нив.

Читам секојдневно саркастични постови на форумов,а можам да издвојам позитивен и негативен сарказам,односно сарказам што предизвикува раздор и напнатост помеѓу не само двајца,туку и повеќе членови,а и сарказам,иронија и благ цинизам што е одлично формулиран и ведро претставен и скоцкан,така да и членовите што не се согласуваат со мислењето ќе прифатат нешто од него,затоа што не е нападно напишан. За пример ќе ја земам Електра,како член што според мене колку и да внесува понекогаш сарказам или цинизам во мислењата,сепак делува харизматично и нејзините мислења ме привлекувале да ги читам.

А за жалење немој жити се. Највеќе знаеме кој се жали на форумов,знаеш и ти верувам. И те молам немој индиректно да ме буцкаш за тоа дека се плашам да ти сконтрам,верувам дека не би излегол на крај со тебе,затоа што постојани прашања никогаш не носат еден одговор. Затоа не сакам да влезам во подлабока дискусија на оваа тема со тебе. И не сакам да ти ја земам улогата на испитувач,знам неколку што коментираат на темава и се обидуваат да го направат тоа,но и на нив нема да им успее верувам. Не ми е предизвик да се надмудрувам со некој кој нема стриктни мислења,туку само формулира прашања кои гледаат да го контраат мнозинството,и ментално да ги тестира членовите. Мене тој муабет не :)