Иронија и сарказам

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
И така цело време ги спомнуваме, барем да ги разјасниме :D
Што е иронија, а што сарказам?
Како вие ги разбирате и дефинирате?
Колку често ги употребувате? Или ич?
Што мислите за личностите кои употребуваат иронија и сарказам?
Се спомна некаде дека се тоа несреќни личности?
Дали тој што е ироничен или саркастичен значи дека не е умешен/моќен/нема богат речник/..... за да се изрази поинаку, да не речам културно?
итн, итн, итн
Да не ви ги ограничувам размилувањата... споделете сѐ што вие го поврзувате со овие два збора - иронија и сарказам.
Бујрум :D
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Иронија е можне интересен начин на исмејување. Одлика на оние што знаат убаво своите чувства да ги кажат спротивно од она што го чувствуваат ама да нагласат што всушност мислат без да кажат ни една буква од вистинското мислење. Ми се допаѓаат луѓе што знаат добро да ја склопат својата иронија кон нештата и убаво да ја пласираат преку реченици.
Сарказмот по некое мое дефинирање е збир на огорчени коментари насочени кон некоја личност, појава. „Некое нешто“ што би рекла една моја многу драга личност.
Сето ова е одлика на луѓе што имаат кликер. Да се разбереме... само добро опремен мозок е способен да склопи такви коментари.
И интересни се. Интересни до ниво да се смееш од нив.
True_Blood - прости ми што морам да те спомнам...
Е ова човече ми е пример на убаво склопен сарказам, и перфектно оформена мисла со иронија. Кога ги читам нејзините мисли полни со сарказам јас се виткам од смеење.

Е сега негативната страна на овие две работи...
Луѓето мислејќи дека се интересни ако ги употребуваат...стануваат досадни. Досадни затоа што често повторуваат едни исти мисли, и веќе ти е досадно да ги читаш/слушаш. Првиот пат си се насмеал. Вториот пат те изнервирал ама пак си се насмеал. Третиот пат ти е веќе преку тиииит да слушаш едно исто нешто. Како што ми е преку тииит да гледам една иста реклама на секои 2 минути.
И тоа ми е одлика на оние луѓе што вештачки сакаат да се направат паметни. И тоа е одлика на оние луѓе што трудејќи се да изгледаат интелигентно се губат во својата игра и неможејќи да се бранат со силни аргументи се бранат со иронија и сарказам.
И...секое нешто што е силувано за други цели изгледа ептен грдо.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
And suddenly I felt nothing - ликовите кои се контрадикторни и мислат дека глумењето бесчувствителност игра голема улога на фраерлукот поготово кога се вклапа со сарказмот и иронијата.
Тоа е најголемата иронија, што се иронични сами на себе.

Од друга страна ко што вика Аркантос, иронијата и сарказмот кога се одлично склопени во реченицата, чуда може да прават. Тие даваат далеку повеќе шмек кога ги имаш почувствувано во жив разговор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Roxelana and MoonFairy

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Иронијата е поблага верзија на сарказамот. Всушност, попрво би рекла дека сарказамот е иронија засолена со исмеавање. Многу јасно е дека преку двете се кажува обратното од тоа што е за да се исмее оригиналната ситуација/карактеристика на персона//предмет. Сепак, би рекла дека сарказамот е наменет за вистинско исмеавање, па дури и за да повреди. Иначе иронијата, и особено сарказамот, на моменти ми делуваат генијални. Зависи колку успеваат to make me chuckle. :D

Плус, постои и онаа иронија од типот: те мава амбулантно комбе додека преминуваш улица.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Roxelana

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
а како дефинирате кога иронијата и сарказмот се убаво и правилно склопени?
ако сарказмот по некоја дефинирање е збир на огорчени коментари насочени кон нешто, како тогаш можат да бидат смешни и да прават чуда и да даваат шмек на муабетот?
ако треба кликер и добро опремен мозок за да се оформи една таква мисла, тогаш како може некој кој нема други аргументи за интелигентно да се брани, да се брани со иронија и сарказам?
 
М, затоа што постои интернет, и постои телевизија, и можеш слободно да меморираш 10тина добри саркастични реченици кои на почетокот ќе бидат интересни а после ќе те покажат каква личност си.
Многупати сум сретнал луѓе што употребуваат иронија и сарказам, а подоцна сум сфатил дека всушност само цитираат туѓи мисли.
Како дефинираме кога иронијата и сарказамот се убаво склопени - добро прашање...
Ќе дадам пример на глупаво склопена иронија
Што е иронија?
Да живееш во Кисела Вода, а во животот никогаш да немаш пробано Кисела Вода. - тип на иронија од што ми се лоши.
Многу распространета низ младинава, и наместо да се насмеам ми иде да се расплачам.

А тоа со сарказамот и огорченоста. Му даваат шмек на муабетот...затоа што кога го слушам другар ми како се руга на тема Религија, со неговите саркастични коментари за фактите кои ги знае за црквата...сфаќам колку длабоко размислил за нештата и не може да не ти дојде да се насмееш. Едноставно звучи убаво... и смешно. Иако се гледа голема доза на огорченост, бес и гнев.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
1.а како дефинирате кога иронијата и сарказмот се убаво и правилно склопени?
ако сарказмот по некоја дефинирање е збир на огорчени коментари насочени кон нешто, како тогаш можат да бидат смешни и да прават чуда и да даваат шмек на муабетот?
ако треба кликер и добро опремен мозок за да се оформи една таква мисла, тогаш како може некој кој нема други аргументи за интелигентно да се брани, да се брани со иронија и сарказам?

1. Ништо не се дефинира, зависи во моментот како го доживуваме сарказмот и иронијата. Но факт е дека повеќе добива на шмек кога е почувствуван во живо.
2. Зависи што би дефинирала под смешно, и дали треба дефиниција за нешто што е под домен на сетилата и делумно разумот. Ако во моментот ти е смешно, смешно е. Но не мора да значи дека е секогаш смешно.
3. Кликер треба, бидејќи ако се нема и ако се сфаќа здраво за готово, тогаш не се ни сфаќа. Сарказмот потегнува свои аугментирани честички кои ако соговорникот не е доволно упатен и запознаен со муабетот, нема да ги сфати и нема ефект. Иронијата истотака бара одреден вид на познавање на ситуацијата како и владеење на истата. Тоа што нема други аргументи и се прани со сарказам и иронија е чисто мит. Никој ништо не знае точно што има во туѓиот памет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
М, затоа што постои интернет, и постои телевизија, и можеш слободно да меморираш 10тина добри саркастични реченици кои на почетокот ќе бидат интересни а после ќе те покажат каква личност си.
Многупати сум сретнал луѓе што употребуваат иронија и сарказам, а подоцна сум сфатил дека всушност само цитираат туѓи мисли.
Како дефинираме кога иронијата и сарказамот се убаво склопени - добро прашање...
Ќе дадам пример на глупаво склопена иронија

Многу распространета низ младинава, и наместо да се насмеам ми иде да се расплачам.

А тоа со сарказамот и огорченоста. Му даваат шмек на муабетот...затоа што кога го слушам другар ми како се руга на тема Религија, со неговите саркастични коментари за фактите кои ги знае за црквата...сфаќам колку длабоко размислил за нештата и не може да не ти дојде да се насмееш. Едноставно звучи убаво... и смешно. Иако се гледа голема доза на огорченост, бес и гнев.
1. тка си во право, но тоа веќе е расфрлање со празни фрази, а не употребување на иронија и сарказам. и да, тоа се забележува многу бргу...
2. ова може да е ругање на било која тема или било чија сметка, сѐ додека не нѐ засега лично нас или некој/нешто што нам ни значи. кога ќе нѐ засегне лично насили некој/нешто што ни значи, тогаш престанува да звучи убаво и смешно и се претвора во навреда?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
1. тка си во право, но тоа веќе е расфрлање со празни фрази, а не употребување на иронија и сарказам. и да, тоа се забележува многу бргу...
2. ова може да е ругање на било која тема или било чија сметка, сѐ додека не нѐ засега лично нас или некој/нешто што нам ни значи. кога ќе нѐ засегне лично насили некој/нешто што ни значи, тогаш престанува да звучи убаво и смешно и се претвора во навреда?
Лично кај мене зависи од која личност доаѓа.
Ако дојде некој што за мене знае од две реченици, кои сум ги кажал ете така, и од општа тема полна со сарказам се наврти на мене... Да, се претвора во навреда и ме боли искрено, и си реагирам и се карам :)
Ама исто така кога некој со кого си сум близок си мава иронија, и сарказам на мои постапки за кој јас сам се црвенеам кога ќе ми текне, може ќе ми падне грдо ако се одвива разговорот пред икс личности... ама ќе си се насмеам, ако е навистина за смеење :)
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
1. Ништо не се дефинира, зависи во моментот како го доживуваме сарказмот и иронијата. Но факт е дека повеќе добива на шмек кога е почувствуван во живо.
2. Зависи што би дефинирала под смешно, и дали треба дефиниција за нешто што е под домен на сетилата и делумно разумот. Ако во моментот ти е смешно, смешно е. Но не мора да значи дека е секогаш смешно.
3. Кликер треба, бидејќи ако се нема и ако се сфаќа здраво за готово, тогаш не се ни сфаќа. Сарказмот потегнува свои аугментирани честички кои ако соговорникот не е доволно упатен и запознаен со муабетот, нема да ги сфати и нема ефект. Иронијата истотака бара одреден вид на познавање на ситуацијата како и владеење на истата. Тоа што нема други аргументи и се прани со сарказам и иронија е чисто мит. Никој ништо не знае точно што има во туѓиот памет.
шо би му дошло дека ако во моментот не ти е смешно, не значи дека не е убаво и правилно склопен? туку просто значи дека во моментот не си расположен за таков начин на муабетење?

Лично кај мене зависи од која личност доаѓа.
Ако дојде некој што за мене знае од две реченици, кои сум ги кажал ете така, и од општа тема полна со сарказам се наврти на мене... Да, се претвора во навреда и ме боли искрено, и си реагирам и се карам :)
Ама исто така кога некој со кого си сум близок си мава иронија, и сарказам на мои постапки за кој јас сам се црвенеам кога ќе ми текне, може ќе ми падне грдо ако се одвива разговорот пред икс личности... ама ќе си се насмеам, ако е навистина за смеење :)
зошто воопшто да те боли што некој кој не те ни познава мисли за тебе?