Зависни сме од интернетот понекогаш, односно, кога ни е единствениот начин на комуникација. Доколку очекуваш важен мејл, зависен си да ти работи нетот и тој мејл на време и без проблеми да стигне до тебе.
Зависни сме од него, односно имаме силна потреба да го користиме, но не до степен да не можеме да живееме без него (барем не јас). Не во споредба со дрога. За разлика од дрогата која може да ти го уништи животот (секое поле), интернетот може да ти го уништи социјалниот живот. Од друга стана, даваме доста пари за нет, а и за технологија преку која ќе го користиме нетот. Но, веројатно никој не би го продал мебелот за интернет.
Но, не е само нетот. Тука се видео игрите, филмовите, сериите... Лаптопот, компјутерот, таблетот, мобилниот, тие севкупно ни го одземаат времето и парите. Доколку технолошките уреди кои првенствено се направени за забава, се сметаат за лоши, тогаш тука треба да спаѓаат и книгите (новели). Да, книгите можат да те научат нешто (исто така и нетот), но можат да те натераат да се затвориш во соба со денови, да не го тргнеш погледот од листовите и да се изгубиш во нереални светови. За мене, тоа е позитивната страна.