Интернетот, штетен или корисен?

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Зависни сме од интернетот понекогаш, односно, кога ни е единствениот начин на комуникација. Доколку очекуваш важен мејл, зависен си да ти работи нетот и тој мејл на време и без проблеми да стигне до тебе.

Зависни сме од него, односно имаме силна потреба да го користиме, но не до степен да не можеме да живееме без него (барем не јас). Не во споредба со дрога. За разлика од дрогата која може да ти го уништи животот (секое поле), интернетот може да ти го уништи социјалниот живот. Од друга стана, даваме доста пари за нет, а и за технологија преку која ќе го користиме нетот. Но, веројатно никој не би го продал мебелот за интернет. (wasntme)

Но, не е само нетот. Тука се видео игрите, филмовите, сериите... Лаптопот, компјутерот, таблетот, мобилниот, тие севкупно ни го одземаат времето и парите. Доколку технолошките уреди кои првенствено се направени за забава, се сметаат за лоши, тогаш тука треба да спаѓаат и книгите (новели). Да, книгите можат да те научат нешто (исто така и нетот), но можат да те натераат да се затвориш во соба со денови, да не го тргнеш погледот од листовите и да се изгубиш во нереални светови. За мене, тоа е позитивната страна. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Saladin

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас ништо не прочитав, дури ни воведот на темата. Само ќе одговорам на прашањето и ќе се навратам утре тука.

Интернетот е корисен, луѓето на штетен начин го користат.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
- се извинувам ако во искажувањето повторам некој веќе кажани работи, но некако бев премногу загреан за да го пишам мислењето, и не ми се читаа коментарите. Откако ќе споделам ќе ги прочитам.
1. Што мислите вие, дали интернетот можеме да го споредиме со дрогата?
- Според мене да, бидејќи и едното и другото се тешка зависност. И едното и другото штетат на животот. И едното и другото создаваат уништуваат и тоа без пардон.
2. Дали и тој како и дрогата во толкави размери може да му наштети на човекот?
- Дури и во поголеми. Луѓето што се дрогираат барем имаат свои „светли точки“. Едно џоинтче и си „некомформист“ имаш 200 идеаи за сменување на светот, а интернетот, колку повеќе го користиш толку повеќе те навлекува да бидеш... паразит :)
3. Повеке од јасно е дека премногу од своето време без исклучок сите сме на интернет. Но дали интернетот има и свои позитивни страни? Кои се тие?
- Позитивни страни... Па пример, порано требаше да пишеме писмо да чекаме 2-3 дена за да стигне. Со интернетов можам денес да пишам, и во ист момент да стигне. Исто така секогаш можам да стигнам до информацијата што ми треба без притоа со денови да прелистувам секаква литература. Децата денес имаат на дофат толкав голем број на информации што можат да станат доктори на науки и без диплома, се што треба да направат е да прогуглаат едно 20-30 минути во денот, за одредена тема. И не само децата, туку и возрасните, и оние што се желни да читаат читаат и читаат.
4. Освен за забава,за што друго го користите интернетот?
- Последно време за ништо друго освен забава и комуницирање со личност што ми е надвор од градот. И тоа ми е голема грешка, ама тоа е што е, ме опфаќа епидемијата на колективитетот :)
5. Зошто одредени поединци осудуваат некого за исти работи за кои и тие ги прават?
- Нападот е најдобра одбрана.
Една моја професорка по Латински секогаш кажуваше дека ние луѓето сме исто како да носиме дисаѓи на рамото. Напред ни се недостатоците на другите, а назад своите. Нормално е дека секогаш ќе ги гледаме тие што ни се пред нос, отколку ти на грб...
6. Дали со тоа сметаат дека ке ги прикријат истите свои недостатоци?
- Можеби сметаат а и можеби убаво им е бар да се залажуваат дека се исклучок...
7. Дали на тој начин се тешат дека има некој кој повеке од нив ја прави истата грешка?
- Е за ова важи истиот одговор од претходно... Само се залажуваат... а на тој начин и си се тешат.

А не ми е јасно зошто зборувам во трето лице множина... Можам слободно во прво лице множина...
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Ќе бидам краток,не би сакал да се објаснувам на широко пошто знам и сам дека немам ни намера да читам предолги постови,а верувам ни многу други.
Единствената алка која ги поврзува дрогата и интернетот е зависноста. Ама ние можеме да бидеме зависни и од се друго.
Да,може да го направи непродуктивен,може и да го доведе до смрт (Мислам дека имате читано за такви случаи).
Има и свои позитивни страни,секако. Се што сакаш е на дофат на дланката. Филм,песна,книга,игра,форум,нарачка за пица,адреса на нешто,време на тргнување и пристигнување на автобус итн.
Освен за забава,го користам и за се друго за кое и секој го користи.
Use it,don't abuse it.
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Дрогата е едно, а интернетот друго... ги спојува зависноста која сама по себе е избор..
Ние секој ден се дозираме со информации... е сеа дали фидбекот е позитивен или негативен, нема везе, сепак се работи за билдање искуство.
Ако некој не ги запознал своите лимити, ке го стори тоа на еден или друг начин..
Некој преживува, некој умира.
Природна селекција.

п.с
ако некој се решил да се дрогира - нека почасти еден штраф нека не се страми, а ако некој се решил да кисни на интернет - му прам една дота одма.. :rofl (после штрафот)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and parvati

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Се што е во умерени граници не е штетно.Инаку интернетот не Би можела да го споредам со дрогата бидејќи од дрогата тешко кој се спасил без лекарска помош, а од интернет зависноста многу брзо можеш да се отргнеш.Само поголема упорност ти треба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
Штетно е ако не знаеш како го користиш
А кој зависник вели дека е зависник - никој
од интернетот многу работи може да се научат, значи е корисен
 

EmilijaS

Староседелец
20 јануари 2016
65
39
1,028
28
Сите знаеме дека се што е претерано нечини, па така и интернетот.
Има многу позитивни страни, доколку некој знај да го контролира неговото користење:
  • брзи информации
  • олеснува учење на јазик, предмет
  • се е брзо достапно
  • можиш да се договараш со твоите пријатели за се онлајн
  • можиш да дискутираш и читаш мислења од различни луѓе на различни теми
Ама секоја добра работа има своја лоша работа:
  • лажни информации
  • створа зависност
  • некогаш сметаме дека е подобро да седиме и дома и да разговараме со некој на интернер место да зборуваме со него во живо, и мислиме дека имаме многу пријатели зошто сите тие се во компјутерот ама сме сами во собата
  • на интернет има различни луѓе, при давање на своето мислење можиш да бидиш и остро искритикуван и тоа различно да влијае на тебе
Сепак мое лично мислење е дека доколку некој можи да се контролира нема било каква причина да се гледаат толку лошите страни од интернетот доколку се зема само она кое е добро. На еден начин е избор. Ако ти знаеш дека имаш 1 час одмор и ти ќе го искорисиш онака како шо ти сакаш да се релаксираш, било тоа да си пуштиш некој филм на интернет или да си поразговараш со твоите пријатели ама тоа да не трае цела вечер на пример, па дури да не спиеш зошто никој тоа не го прај туку седи на интернет и си зборува.