Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Имам како немам...
Најомилен ми е новиов мачор(читај мачорче), абе како машинче во газе да има, не е застанато, од утро до мрак трча низ куќа. Ама има маана фраерот... еднаш падна од тераса дур беше помало, ништо не му беше малку кривкаше два три дена, ама од тогаш има страшна фобија од отворен простор Не излегува подалеку од прагот на влезната врата.
А исто имам и хрчак, имаВ папагалчиња ама ги подарив на едни другари, имам две кучиња и така.
До пред некое време најдовме со дечко ми едно мало мачорче, и си го земавме да си го чуваме. Најадовме го и здебеливме го успат избањавме го и сега по цели денови трча насекаде и си игра А да, и ги гоне соседите ластовички, шо веќе имат свое потомство во гнезденцето И знае да гризнува на носот.
Порано имав куче кокер, но за жал умре. Сеуште не сум го преболела тоа куче
кое ме гледаше како најсветото нешто на светов.
Сега имам една преслатка мачка и се вика Госпоѓица Лили.
Паметна е Лили, се однесува како права домашна мачка и многу е шмизла.
Еднаш има направено операција и стелиризирана е.
Во меѓувреме, имав уште 10 мачки кои сите несреќно завршија.