Имате ли брат/сестра?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не, и како пораснав, сфатив колкава загуба е тоа всушност.
Имам другарка што исто нема браќа и сестри, а сме заедно скоро секој ден и се знаеме 20 години, па се сметаме за сестри веќе. Некогаш ете, фамилијата не мора да е строго по крв. :)
 
D

Deleted member 10294

Гостин
Јас имам сестра која е две ипол години помала од мене. Но комуникацијата не ни оди баш, имаме различни гледишта на многу работи и за ништо не се совпаѓаме кога треба да се договориме за нешто.
 

girlwithfreckles

Нов член
23 февруари 2022
9
11
3
Да, имам брат. Си го сакам најмногу но поради различните интереси и различниот начин на живеење се гледаме многу ретко.
Мора да го пофалам тој е самостален од 16 години. Работи и живее сам веќе 9 години. Аххх Братче!(inlove)