Изненадување што ви/сте направиле

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
јап...ми имат приредено...за мојот роденден во Будва, Црна Гора....вечера во една шума ако има некој чуено за местото куќата на Његош...имаше маса и столчиња направени од само дрво исечено и така наместени...на масава имаше свеќи и такви ми ти романтични ствари...за вечера имаше риба, школки и ракчиња...јас мислев одиме на прошетка а мојот екс дечко ми спремал романтика :D that was big surprise for me и не беше само тоа...ги беше организирал целото негово семејство да дојдат и да ме изненадат секој со некој поклон или торта во рацете ...и така сите јадевме пиевме...на крај си запаливме оган и уживавме
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Другарките за 20ти роденден ми купиле 20 поклони и ми ги наредиле на масата во кафаната кај што го славев :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мене најубаво ме има изненадено другарка ми која замина да живее во Словенија. Јас спиев и дојде цимерот ме разбуди и ми вика „Оди, некој сака да те види.“. И јас готов да почнам да пцујам и да викам, ја гледам другарка ми застаната на врата:) Eптен ме изненади, цела година ја немав видено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Како мал ја изненадив мама со мојот "нов" точак xD
Само што купив точак и јас да го тестирам. Се спуштив од еден рид надоле. Се спуштам нормално и наеднаш една желка пред мене и јас рипам од точакот точакот надоле рангабанга. Го носам дома и викам МАМООООО ИЗНЕНАДУВАЊЕЕЕЕЕ, на жената и се слоши xD
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Најубавото изненадување ми беше од страна на пријателките за мојот роденден. На денот на мојот роденден 13 јануари се слави василица и бевме договорени да се собериме кај другарка ми цело друштво. Тие отишле порано и кога стигнав јас звонав а тие ме пречекаа со торта во позадина мојата омилена песна и сите ми се нафрлија да ме гушкат. Цела година си се радвам за овај настан. :)
 

misterygirl

Нов член
16 август 2012
3
3
3
24
Со сетра ми и братучетките за секој роденден си правиме изненадувања..најубаво ми беше тоа што го направивме на сестра ми..
Ден пред нејзиниот роденден она беше кај другарка на роденден и се врати околу 12 на полноќ..а во меѓувреме со братучетките го спремивме..од надворешната врата до детската соба имаше наредено балони со разни ливчиња на нив и кога влезе во собата на шифоњерите(2 се, споени) имаше големо срце исот од балони и во него од листови напишано среќен роденден...а ние бевме на креветот покриени, и дека се беше темница не се гледаше она со телефон ги читаше ливчињата, кога стигна до последното ливче скокнавме и почнавме да пееме..преубаво беше :)
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Ко ја видов темава се присетив на едно изненадување што ми го приреди девојка ми пред неколку месеци. Ја испратив до дома, бевме кај мене вечерта, и по некое време ми стига порака ’’сакаш да играме?’’. Шо е работава си викам, и и’ пишав ’’ајде’’. И отприлика одеше вака: Ми пишуе ’’иди у вц и чекај две мин.’’ ...е, мајката ... идем ја и ми стига порака ’’отвори го огледалото, во него има мала кутија, отвори ја’’ :) ... го отворам огледалото, кутијата, и во неа на листе ’’оди во детска и чекај инструкции’’ .... одам во детска и по минутка и пол ми стига смс ’’под столчето има листе земи го’’ ... се врткам под едно столче, друго столче и оп гледам листе на него напишано ’’почекај една минута’’ .. по околу минутка ми стига смс ’’отвори во комодата и земи ја кутијата црвена, тоа во неа е за тебе’’ ... во кутијата имаше нејзина слика со напишана посвета. ... Бев ко во оние логички игрици на нет кога треба да бараш предмети низ соба и на крај да го најдеш клучот, со морничава музика у позадина .... :D
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Хаха еве едни изненадување мене што ми го направиле за роденден.. Го славев со еден локал и имав покането околу 30 другари и другарки и околу 7-8 деца што ми се најблиски малку доцнеа и ми доаѓаат со торта огромна цела со шлаг украсена преубава беше и на неа пишуваше: посебна си! ии имаше свеќички и прскалки и ја таква цела се изненадив па и да плачам фатив :sram и сега ајде да ја сечам тортава (откако ја изнасликавме едно 10 пати) и еден другар почна да снима а другите почнаа да се мочаат од смеење и океј ајде почнувам и наеднаш фати нешто да чкрипи со ножот и ја се чудам а овие едвај стојат на нозе од смеење и само да видам тоа да ти било картон намачкан со шлаг ахахх и после во картонот беше вистинскиот подарок
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ова изненадување за дечкото ми беше, нешто заправивме мубает за коли и ми кажува која му се многу допаѓала, каква боја... И му викам јас кола ќе ти купам за Нова година, тој добро и сменивме тема на муабет.
Пред Нова година одев по сите дуќани за играчки да најдам кола (играчка), каква што барав немаше и најдов слична на таа. Ма колата отоздоле напишав посвета, остана уште да одлучам кога да му ја подарам. Се договоривме да шетаме и јас колата во џеб и чекам некој момент, и на место шетање отидовме во едно како ресторанче, беа таму некои од неговите другари и другарки, с епоздравивме седнавме, порачавме. Му реков дека веднаш се враќам, ја зедов количката и отидов до келнерката и ја замолив да му а донесе со пијачката. По некоја минута доаѓа келнерката, ни сипа во чаши и пред него ја става количката, и тој се збуни и ја гледа, и пробува другарка му да ја земе и ја зеде тој и пак ја гледа, не можам да го опишам каков беше, му реков да ја заврти и да прочита, ја врти и прочита и се насмеа. После ова ме прегрна и ме бакна (inlove) Многу сум го изненадила и не очекувал нешто такво.