Ова изненадување за дечкото ми беше, нешто заправивме мубает за коли и ми кажува која му се многу допаѓала, каква боја... И му викам јас кола ќе ти купам за Нова година, тој добро и сменивме тема на муабет.
Пред Нова година одев по сите дуќани за играчки да најдам кола (играчка), каква што барав немаше и најдов слична на таа. Ма колата отоздоле напишав посвета, остана уште да одлучам кога да му ја подарам. Се договоривме да шетаме и јас колата во џеб и чекам некој момент, и на место шетање отидовме во едно како ресторанче, беа таму некои од неговите другари и другарки, с епоздравивме седнавме, порачавме. Му реков дека веднаш се враќам, ја зедов количката и отидов до келнерката и ја замолив да му а донесе со пијачката. По некоја минута доаѓа келнерката, ни сипа во чаши и пред него ја става количката, и тој се збуни и ја гледа, и пробува другарка му да ја земе и ја зеде тој и пак ја гледа, не можам да го опишам каков беше, му реков да ја заврти и да прочита, ја врти и прочита и се насмеа. После ова ме прегрна и ме бакна
![Заљубен (inlove) (inlove)](/images/emoji/inlove_animated.png)
Многу сум го изненадила и не очекувал нешто такво.