Изненадување што ви/сте направиле

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
На еден другар...сите се собравме и се мислевме што да му купиме за роденден па се договоривме дека подобро можеме да му направиме добро изненадување одколку некој поклон.
Па така изнакупивме прскалки балони,капи,ленти и уште купишта украси ја наредивме цела соба...кога влезе не можеше да не познае со капите и со свирките во уста...:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Jasmina-Jase

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Несакам многу изненадувања да правам ниту пак да ми прават.Оти си знам по себе како може да изреагирам :giggle.Паметам еднаш на татко ми му сварив кафе во 5 часот наутро станав дека му беше роденден и таман тој да стани за на работа :D Хм,и на сестра ми и купив за роденденот лани 6 лакови за нокти :D
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
многу пати сум изненадувала со повод или без-секогаш со работи кои ја усреќиле личноста која сакам да ја изненадам
најмногу дечко ми,сестра ми и родителите
нај тазе е изненадувањето за една моја најдобра другарка
се беше осмислено со нејзиниот брат и нејзината сестра
таа не беше дома а јас купив и подготвив се
и подарив златна рипка со комплет аквариум и ствари за него
со машна украсено за поклон
и честитка со убава мисла
таа многу се изнаенади:eek:eek не очекуваше,идеја добив од тоа што и јас имам рипка а на неа многу и се допадна
па на честитката и напишав- иако секој ден нема да бидам до тебе,оваа рипка нека биде до тебе и нека те постетува на нашето вечно пријателство
сега имаме тема плус за разговор за начите рипки,мојата Фиона а нејзината Рона :giggle
убаво се чувствувам кога сум усреќила некого
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Првиот пат кога дојде сестра ми од Чешка заедно со неколку нејзини другарки и со сестра ми и приредивме изнанеадување во тоа ни помогна и мама која ја извлече сестра ми од дома и отидоа кај една комшивка а за тоа време дојдоа другарките и заедно ја ускрасивме собата со балони,ставивме грицки,пијалоци..Кога влезе сестра ми дома кај нас сите и се нафрливмеа таа беше многу изненадена :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Хм, изненадувања? Повеќе сакам да ги приредувам отколку да ми ги приредуваат. Ме храни оној израз на лицата на задоволство.
Најмногу ја имам изненадувано сестра ми, а по неа жена ми.
Еве да издвојам некои од омилените изненадувања.

1. Кога дознав дека е бремена со првото дете жена ми, почнав да пишувам дневник. Секој ден, што сме правела кај сме оделе, колку сме се карале. Пишував буквално се, и какви чувства имам, колку сум возбуден за пораѓајот. Опишував како изгледа и како се сменува секој ден. Последната страница(неколку реченици) од двете тефтерчиња беше во болница пред да заминам да славам. Не ми дозволија да влезам да ја видам, затоа што заспала, па тефтерите и златното ланче(што го ставив на почетокот од првиот тефтер, го оставив на бабицата, да и’ го даде кога ќе се освести.
Утрото кога отидов во болница да ги видам, беше со тефтерите во раце, насмеана од 6ка, до 6ка.
2. Сестра ми цел живот сонуваше да има голема куќа за кукли. Кога беше мала и’ плачеше на мајка ми да ја има. Ама поради оправдани причини(финансии) никогаш не ја доби. Лани, за роденденот отидов во Скопје, одев во сите продавници и конечно најдов во Џамбо, ми ја средија ставив и кукли во неа, ставивме и масички и столчиња, ја ставив во гепек. И кога дојде кај мене дома да го славиме роденденот(оти тој ден е и мој роденден) кога и’ ја покажав, рипна до небо и назад.
- Истиот ден јас си добив Волан папучи мењач, и од тој ден си играм Ниид фор спиид , со стил! :)
3. 10 дена пред свадбата ми текна како да ја зголема еуфоријата. Отидов во цвеќара, направив порачка за 10 букети рози, и во секој букет по еден плик. 10те плика создадоа приказна за нашата врска. Во десетиот плик пишуваше „Ајде побрзај, не можам да дочекам да бидеш моја жена.“

Ииии ми текна едно изненадување што ми го приредија другарите кога се вратив од Авганистан. Во договор со жена ми, изнајмиле локал, ги тргнале масите на страна, светлата ги направиле баш како за латино денс. Истата вечер јас вратен, сакав да седам дома. Жена ми запнала не, ќе излегуваме, мајка ми исто. Се чудам жениве не ме виделе 8 месеци како што треба сакаат да излегуваме. Ај ок, излеговме јас и жена ми, запна да одиме во најодвратниот локал во Кичево, ај се согласив. Влегувам внатре нема никој нема музика. Се чудам што е работава, и туку почнаа од сите страни да трчаат фраериве, и секој во раце имаше некоја играчка. Бев полн мечиња, количиња триста чуда. Последна беше сестра ми со некоја чудна афро фризура, и торта во рака. Таман си помислив благо ќе јадам. Ама јок, сестра ми не би била сестра ми ако не направи некој екцес. Ми ја акна од лице тортата.
После следеше едно квалитетно чистење, и цела ноќ уживање во латино звуци, танго, мамбо, салса...
Посакувам пак да одам во Авганистан за таков пречек да имам пак :)
 

Stance

Нов член
7 декември 2013
23
16
3
39
Сум доживеала мноу изненадувања и од другарите и од моето момче (сега сопруг).
На пример додека зборувам на тел.во дворот со момчето кое се наоѓа во друг град - ме моли да влезам дома и да пуштам ТВ да видам нешто. Одам јас дома без да ја заклучам а тој со голем букет се појавува на врата сеуште зборувајќи на тел. со мене....(inlove)
...А за тоа како ме изненади кога ме запроси...долга и мнооооогу романтична приказна... (друг пат ќе ја раскажам)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
За еден 8 ми март на мајка ми и купив праз место цвеќе (многу и се јадеше), отидов во цвеќара и ги замолив да го завиткаат, малку чудно ме гледаа и ми се згазија од смеење ама ми го завиткаа и тоа убаво. :D
И денес го изненадив брат ми со елка, пошто многу сакаше да ја накитам елката, а мене ме мрзи да ја китам и да не ми досаѓа му направив една на ѕидот од сијалички. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Их темава:sreken
Прво да спомнам, најважни и најдраги ми беа изненадувањата кои и приредував на девојка ми. Најмногу од нив се случуваа во домашна атмосфера, онака рандом по пат... баш неочекувани ситници на кои таа многу знаеше да се израдува(hug)

...кога ќе ми текни какви се глупости имам спремано за родендени од другарите, си се чудам на вољата.
Цели заговори правев:giggle. Излезен другар ми со неговите в чаршија, ние друштвото влезени дома кај него, спремаме за роденденот изненадување без да знае никој освен брат му. Имав направено огрооооомна кутија (некаде метро и 90 беше висока) обложена со плав целофан и со пуфки, да стои девојка му со торта во неа, и така ми беше конструирана за со повлекување на една лента да се разотвори целата кутија секој блок на своја страна и да излези „поклонот од неа“. Ухххх која возбуда беше луѓе:D. Кога стигна тој, отклучува влезна, ние наместени пред врата со поклонот, се криеме зад огромната кутија сосе гитара. И влегува тој, целиот прашалници. Му пееме „хепи брдеј ту ју“ и на последните стихови ја тргам лентата од кутијата, таа се разотвара на сите страни и излегува девојка му со торта од внатре...(inlove) (hug)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Два пати минатата недела, си доаѓам од трета, и ја исклучиле струјата. Не може човек да се истушира. Излезе дека е дефект, и два дена утрата беа без струја :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Јас не знам да правам изненадувања. И кога и да пробам да изненадам некого, јас не можам да го дочекам денот. И одма, слушај имам непто за тебе, ама изненадување е ама ти тоа многу го сакаш, ај погоди што е како е....Не ме бива, а и не можам да доседам, да издржам а да не кажам ништо.