Извадоци од книги

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
"Врескаме дека сакаме да направиме подобра иднина, но тоа не е вистина. Иднината е само едно празно без чувства , за кое никој не се интересира, но минатото е полно со живот и неговото лице толку многу не нервира, не разлутува, не повредува што сакаме да го уништиме или наново да го насликаме. Сакаме да бидеме господари на иднината само за да можеме да го смениме минатото."

Книга за смеата и заборавот - Милан Кундера
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Тој се симнна надолу по скалите пробувајќи да не гледа долго во неа, како таа да беше сонцето. Сепак ја виде, исто како сонцето, без да ја погледне. Сигурно не беше во заблуда. Не постоеа други очи како тие во светот. Постоеше само едно суштество, во целиот свет, во кое за него можеше да се сконцентрира целата светлина и целата смисла на животот.
Ана Каренина - Лав Толстој
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
He admitted but four elementary principles, or more strictly, conditions of bliss.

That which he considered chief was (strange to say!) the simple and purely physical one of free exercise in the open air. "The health," he said, "attainable by other means is scarcely worth the name." He instanced the ecstasies of the fox-hunter, and pointed to the tillers of the earth, the only people who, as a class, can be fairly considered happier than others.

His second condition was the love of woman.

His third, and most difficult of realization, was the contempt of ambition.

His fourth was an object of unceasing pursuit; and he held that, other things being equal, the extent of attainable happiness was in proportion to the spirituality of this object.

:)

Edgar Allan Poe, The Domain of Arnheim
 

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Очите први се вљубуваат. Прво очите, а потоа срцето. Очите се тие што без престан бараат, трагаат, талкаат.
И кога ќе сопрат на едно место, кога ќе им се допадне тоа што го гледаат, тогаш почнува љубовта.
Срцето им верува на очите, им верува дека тоа што го гледаат е убаво, вредно за сакање.
-,,Понекогаш доаѓа среќа‘‘-Винка Саздова
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
In the previous section we presented a high-level overview of the Internet and networking protocols. We are now going to delve a bit more deeply into the components of a computer network (and the Internet, in particular). We begin in this section at the edge of a network and look at the components with which we are most familiar—namely, the computers, smartphones and other devices that we use on a daily basis. In the next section we’ll move from the network edge to the network core and examine switching and routing in computer networks.

Keith W. Ross - James F. Kurose


(inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
"Бидејќи не се доволни - мислеше - коските и месото за да се направи едно лице и токму поради тоа е бескрајно понефизичко од телото: определено е од погледот, од движењето на устата при насмевка, од брчките, од целиот тој збир на деликатни атрибути со кои што душата се открива преку телото. Причина поради која, во моментот кога некој умира, неговото тело наеднаш се претвора во нешто поинакво што можеме да кажеме "не е истиот човек", иако ги има истите коски и истата материја како и пред една секунда, една секунда пред тој мистериозен момент во којшто душата се повлекува од телото и во којшто тоа останува така мртво како што останува една куќа кога си заминуваат засекогаш луѓето што живаеат во неа, а пред се, што страдале и се сакале во неа."

Херои и гробови - Ернесто Сабато
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Prashina

Party Poison

Истакнат Член
20 февруари 2012
140
142
343
„Еднаш посакав насила да се вљубам, дури и двапати. Па дури и патев, ве уверувам господа. Длабоко во душата не ти се верува дека патиш, подбив се разлева, туку сепак патам, и тоа вистински, токму како што е навистина; ме обзема љубомора, од кожа надвор излегувам...А сето тоа господа, само поради здодевност; инерцијата ме задушува.“

-Записи од подземјето
Ф.Д.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: crvenkapa, Ghtalpo and JaMi

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Кога ќе дојдеше пролетта, дури и онаа, лажната пролет во која понекогаш сите веруваме, не постоеа други проблеми освен тоа дека треба да сме најсреќни некаде и со некого. Единствената работа која можеше да го расипе денот беа луѓето. Па уште ако можеш да се тргнеш настрана од сите планови и настани кои се планирани, секој ден нема граници. Луѓето од секогаш биле најголемите ограничувачи на среќата, освен оние сосема малку, едвај неколкумина, кои беа добри како и самата пролет.

Подвижна прослава - Ернест Хемингвеј
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
"Јас сум од оние што мислат дека не е лошо младината да има во одредено време толку чисти идеали. Ќе има време подоцна да се изгубат тие илузии. Потоа животот му покажува секому дека човекот не е создаден за тие утопистички општества. Нема ни двајца исти луѓе во светот: едниот е амбициозен, другиот е немарен; едниот е работлив, другиот е безделник; едниот сака да напредува, на другиот не му е гајле да продолжи целиот свој живот да биде кутар потрчко."

Херои и гробови - Ернесто Сабато
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Luckky

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Не се согласував многу со луѓето на моја возраст.Можеби целата вистина беше во тоа дека не се согласував со луѓето,и точка!Дури ни мајка ми,која ми е најблиска на светот,никогаш не е во согласност со мене,никогаш на истата страна.Понекогаш се прашував дали јас со моите очи го гледам истото што го гледаат и другите!Можеби имам некој дефект во мозокот!

Самрак
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија