Извадоци од книги

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Тука можете да пишувате извадоци од книги кои ви оставиле впечаток (сеедно добар или лош).....

Еве еден мал ден мене што ми оставил впечаток.

"Зависта е религија на медиокритетите.Таа им ја враќа силата,таа е одговор на немирите што ги јадат и,на крајот на краиштата,им ја растура душата и им дозволува да ги оправдаат својата беда и својата алчност се додека не поверуваат дека тоа се доблести и дека вратата на рајот ке се отвори само за несреќниците како нив,што поминуваат низ животот не оставајќи никаква друга трага освен намерата да ги омаложуваат другите и да ги исклучат и,ако е можно, да ги уништат оние што,со самиот факт дека постојат и дека се такви какви што се,укажуваат на нивната беда на духот,умот и силата.Среќен е оној по кого лаат кретените,зошто неговата душа никогаш нема да им припаѓа."

"Играта на ангелот" - К.Р.Зафон
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,997
9,629
1,683
Normandy
Мислам дека фо имам ставено во „Цитати“ но повеќе би одговарало тука. Се работи за Новеченто - Алесандро Барико

„Сиот оној град... не му се гледаше крајот... Крајот, ве молам, ќе можеме ли да го видиме крајот?
И вревата/
На онаа, стопати нека е проклета скаличка... Беше многу убаво, се`.... а јас бев фраер во оној капут, феноменално изгледав и немав сомневање, сигурно беше дека ќе се симнам, немаше проблем/
Со мојата сина шапка/
Првото скалило, второто скалило, третото скалило/
Првото скалило второ/
Не ме запре она што го гледав

Можеш ли да го разбереш тоа, брат?, она што не го гледав... го барав ама го немаше, во целиот оној бескраен град имаше се` освен/
Имаше се`/
Но немаше крај. Она што не го видов е каде завршува сето тоа. Крајот на светот/
Замисли си: пиано. Клавишите почнуваат. Клавишите завршуваат. Знаеш дека ги има 88, тука никој не може да те излаже. Тие не се бескрајни. Ти си бескраен и бескрајна е музиката што внатре, во тие клавиши, можеш да ја создадеш. Тие се 88. Ти си бескраен. Тоа мене ми се бендисува. Тоа може да се живее. Но ако ти/
Но ако јас се искачам по онаа скаличка, а пред мене/
Но ако јас се искачам по онаа скаличка, а пред мене се постеле клавијатура од милиони клавиши, милиони и милијарди/
Милиони и милијарди клавиши кои никогаш не завршуваат и тоа е целата вистина, дека никогаш не завршуваат и дека таа клавијатура е бескрајна/
Ако таа клавијатура е бескрајна, тогаш/
На таа клавијатура нема да можеш да отсвириш. Си седнал на погрешно столче: тоа е пијаното на кое свири Господ/
Господе боже!, ги виде улиците?/
Само улиците ги имаше илјадници, како вие таму успевате да одберете една/
Да одберете една жена/
Една куќа, една земја да биде ваша, еден пејзаж за гледање, еден начин на умирање/
Сиот тој свет/
Тој свет во тебе што не знаеш ниту каде завршува/
И колкав е/
Никогаш ли не се плашите дека ќе се рапсаднете на илјада парчиња кога само ќе го замислете тој бескрај, само да го замислите? А да го живеете.../
Јас сум роден на овој брод. Светот поминуваше и тука, но само две илјади луѓе одеднаш. Имаше тука и копнежи, но само колку што може да се соберат помеѓу носот и крмата. Си ја свириш својата среќа на клавијатурата што не е бескрајна.
Јас сум така научен. Копното, тоа е преголем брод за мене. Предолг пат. Премногу убава жена. Преопоен мирис. Таа е музика што не знам да ја отсвирам. Пуштете ме да се вратам назад.

Ве молам/
/
/
/
/
/
Сега обиди се да разбереш, брат. Обиди се да разбереш, ако можеш/
Сиот тој свет во очите/
Ужасен, а убав/
Премногу убав/
И стравот што ме враќаше назад/
Бродот, пак и за навек/
Малиот брод/
Тој свет во очите, секоја ноќ, одново/
Сеништа/
Можеш да умрешако им се препуштиш/
Сакаш да се симнеш/
Не се осмелуваш/
Да полудиш/
Да полудиш/
Нешто мораше да се превземе и јас го направив тоа/
Прво го замислив/
Потоа го правев/
Секој ден, со години/
Дванаесет години/
Милијарди мигови/
Со движења незабележливо и бавно...“​
 
Последна промена:
  • Like
Реакции: Bibi@ and redhead

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,505
14,412
1,683
во светот на бајките
Не постои грев туку недостиг од љубов. Имајте храброст, бидете способни да сакате, па дури и ако љубовта изгледа предавничка и ужасна работа. Бидете среќни во љубовта. Радувајте и се на победата. Следете ги заповедите на своето срце.
~ Пауло Коелјо~
Кога богатите војуваат, сиромашните умираат.
~Жан Пол Сартр~
Во љубовта еден и еден се еден.
~Жан Пол Сартр~
Среќно оженет е само оној човек кој го разбира секој збор кој неговата жена не го изговорила.
~Хичкок~
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
" Продолжија во пријателската прошетка додека ветерот го носеше чадот над нивните лица.
- Никогаш не можете да бидете сигурен во нешто Винсент - рече Мендес.
- Можете да имате само смелост и сила да го направите тоа што мислите дека е правилно.
Можеби покасно тоа ќе се покаже како неправилно, но барем вие сте го направиле тоа. А токму тоа е важно.Можеме да работиме во согласност со најдобрите наредби од нашиот ум, а на Бог да му препуштиме да ја одредува вистинската вредност на нашите дела."

"Жед за живот" - Ервинг Стоун
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,635
5,810
1,153
27
Western Sky, Land of Oz.
Every night and every morn,Some to misery are born,Every morn and every night,Some are born to sweet delight.Some are born to sweet delight,Some are born to endless night
William Blake - Auguries of Innocence/ Endless Night - Agatha Christie
 
  • Like
Реакции: Lady*

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Favorite!

"All calling to the Need. Oh, the symphonic shriek of the thousand hiding voices, the cry of the Need inside, the entity, the silent watcher, the cold quiet thing, the one that laughs, the Moondancer. The me that was not-me, the thing that mocked and laughed and came calling with its hunger. With the Need. And the Need was very strong now, very careful cold coiled creeping crackly cocked and ready, very strong, very much ready now—and still it waited and watched, and it made me wait and watch."

Jeff Lindsay, Darkly Dreaming Dexter
 
  • Like
Реакции: redhead

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
* "Човекот постојано стекнува нови пријатели, а не е принуден да се гледа со нив секој ден. Кога секогаш гледаме исти лица (а тоа везден му се случуваше во семинаријата) на крајот, тие стануваат дел од нашиот живот. А кога ќе станат дел од нашиот живот, тогаш сакаат и да ни го сменат. И не се задоволни, ако не е на нивното. зошто секој човек има точна претстава како би требало да го живееме својот живот. А никогаш немаат поим како треба да го проживеат својот сопствен живот..."

Алхемичарот - Пауло Коелјо
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------

* "Лудилото е неспособност да ги искажеш своите мисли. Како кога ќе се најдеш во некоја странска земја - се' гледаш, сфакјаш се' што се случува околу тебе, а не умееш да се изразиш, и да побараш помош, зошто не го разбираш јазикот што се зборува таму.
-Секој од нас тоа го има доживеано.
-Секој од нас е луд на свој начин!"

* "Ех да можат сите луѓе да ја запознаат својата скриена лудост и со неа да заживеат во хармонија! Дали светот ќе стане полош? Не, луѓето би биле поправедни и посреќни"

Вероника реши да умре - Пауло Коелјо
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,997
9,629
1,683
Normandy
Не постои грев туку недостиг од љубов. Имајте храброст, бидете способни да сакате, па дури и ако љубовта изгледа предавничка и ужасна работа. Бидете среќни во љубовта. Радувајте и се на победата. Следете ги заповедите на своето срце.
~ Пауло Коелјо~
Кога богатите војуваат, сиромашните умираат.
~Жан Пол Сартр~
Во љубовта еден и еден се еден.
~Жан Пол Сартр~
Среќно оженет е само оној човек кој го разбира секој збор кој неговата жена не го изговорила.
~Хичкок~
„Минатото е крадец што не може ништо да даде, а може да ја украде убавата иднина.“
Парадоксот на Диоген - Томе Арсовски
Малку да разграничиме сепак ваквиве мислења повеќе одговараат во темата за „one line" цитати. Извадоци се еден поголем дел кој се состои од повеќе реченици, во кој се опишува добра мисла.