" Не знам како да ти објаснам, но тука се живее во засолниште. И тоа не е за потценување. Убаво е. А освен тоа, кој кажал дека баш мора да се живее на отворено, секогаш наведнат на работ на нештата, во потрага по невозможното, барајќи ги сите можни изговори за да ја одбегнеме реалноста?
Навистина ли е неопходно да бидеме исклучителни? "
"Сексот брише парчиња од животот, никој не знае како. Можеби и е глупаво, но луѓето се прививаат едни до други со таа чудна, по малку панична жестина, и животот оттаму излегува истуткан како ливче стиснато во дланката, скриено во нервозен потег на страв. Малку случајно, малку за среќа, во наборите на животот стуткан во топче исчезнуваат болните, подлите или неразбраните делчиња од времето. Така. "
"Но кога луѓето ќе кажат дека си згрешил... и ќе имаш насекаде грешки зад себе, ич да не те боли. Запомни го ова. Ич да не те боли, мора така. Сите кристални топки што си ги скршил биле само живот... не се тоа грешки... тоа е животот.... а вистинскиот живот можеби е токму оној што се распрснува, тој живот од сто други што на крајот ќе се распрсне ... ... јас тоа сум го разбрал, дека животот е полн со луѓе што одат со своите џамлии во џебовите... тажни нескршливи џамлии... и затоа ти не престанувај никогаш да дуваш во твоите кристални топки... убави се, и сакав да ги гледам сето време што бев крај тебе... во нив се гледаат толку нешта... и тоа те исполнува со радост... никогаш не престанувај... и ако еден ден се распукнат и тоа ќе биде животот, на свој начин ... прекрасен живот."
Замоци на гневот - Алесандро Барико
малце подолг пост ама...
![Зелен :zelen :zelen](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)