Иднината на форумот

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Со болдов не би се сложил баш. Во денешно време (откако фејсот настапи на сцена) цифрава и не е никаква меродавна бројка (ако си од оние погоре што ги спомнав). Проблемот е што тие задртаните/забегани членови им значи вид на dead point counter као хајскор колку пати нивниот троп пост има суштина. А недај боже да им цитираш пост.... ко оние на фб што се еден лајк = 1 цент, еден share = 1 евро. Само што there's no money in the bank.

Пак ќе кажам, Орхидеја, ова не се важи за тебе.
Нооооу, остај ме да верувам дека форумските ликови се понапредни од фејсбук зомбињата што ја лајкнуваат поемата од 79 реда секунди откако ќе се појави името на Лешоски над неа. Не дека ги нема, ама се надевам се помалку овде...освен во одредени катчиња за творење каде апла е приметливо автоматското лајкнување. Али еве за тест ќе пишувам уште подолги постови и на безвезно место ќе убацам навреда кон некого. Ако лајкне, не прочитал. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Ја овие табориве би ги бапнал на пејнтбол, па нека се празнат до крајот на светот.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Интересни поменти се случиле деновиве овде. Прочитав и сакав да реплицирам ама искрено гледам дека темата заминала во Калимеро нема правда маубет и се откажав. Ова со префрлање во играчница не ми се допадна уште повеќе па така да нема потреба од уште повеќе дискусија на зададената тематика. Саладине, што тоа читеме јас и ти тука, некои кои верувам се возразни се однесуваат како деца во забаваче. Форумот им бил за релаксација, е па еден интересен факт за нив, за оние сите новосоздадени форумџии на македонските кирилични форум. Форумите во Македонија не ги измисливте вие, вие само се приклучивте кон нешто што некои друго прокламирале како правец во кој треба да се водат македонските форуми. Подобранци имало отсекогаш. и пред мене и со мене и по мене. Во некоја игра на случајност деновиве правам 8 години од првите пишувачки активности по форумите кај нас ама ова луѓе е премногу. Да се немало осет за ништо.... За крај нешто актуелно во годините на кое што некои ќе се сетат. И тука сум го ставил порано ама и сега гледам има пак потреба.

5nzelenip
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Зошто темава во играчница?

Зошто на почетокот имаше таква атмосфера на темава. Повеќе беше насочена кон Критики на администрација, а таква тема веќе има. Како и да е, во секој момент може да се премести темата доколку заслужува посоодветно место.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Зошто на почетокот имаше таква атмосфера на темава. Повеќе беше насочена кон Критики на администрација, а таква тема веќе има. Како и да е, во секој момент може да се премести темата доколку заслужува посоодветно место.
Кога јас пишав имаше полни 3 страни муабет и не знам од каде ова на „почетокот имаше таква атмосфера“. Ако веќе имало и такво во продолжение требало да се бришат тие мислења или ако ги прифаќаат како критики да темите ги спојат како теми со иста цел и дискусија. Самото име на темава и нејзината локација во играчница дава впечаток на тоа дека некој иднината на форумот ја гледа како место каде ќе си играме. Форум, кој и да е, не е место за игра, за игра има страни од типот на играјмо.се и слично...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and existence