Ne.Za zenata da izneveri mnogu treba da i se natrupa vo dushata, da bide batalena, da bide dolgo osamena i bez vnimanie...Taka sto ako mazot ili dechkoto se trudi i ja nasmevnuva, i dava neznost i vnimanie nitu edna nema da izneveri.
И? Неверство е решението?
Не знам, мене неверството ми е најкукавички чин, сто пати имам кажано на форумов, уште си го имам истиот став. И да не е идеално во врска/брак, имај почит спрема парнерот и не го/ја прави магаре.
И ич не е битно зошто изневерувале жените или мажите. Дали тоа било од чист сексуален нагон (стереотип за мажите) или од емоционално незадоволство и запуштеност (жените) исходот е ист. Неверство е. Боли.
И да имам натрупано во душата, да бидам "баталена", осамена и без внимание, пак нема да го направам тоа. Ќе водам долги и исцрпни муабети, ќе се држам се до последната сламка надеж дека може да се реконструира врската, а ако и тоа не успее, ќе си заминам по свој пат, оставајќи го и парнтерот да си продолжи по негов. Кога некој изневерува, тоа не е рефлексија на партнерот, туку на самиот себеси. А и не гледам какво решение е неверството, нема тоа магично да го поправи односот со партнерот, а ич не ни сакам да живеам во свет на лаги кај што треба како тинејџер да се кријам за да си терам мерак.
Можеби зошто не се јавил на телефон или не вратил на порака.
Ова сметаш дека е легитимна причина да отидеш со друг? Као, сметаш дека некој ако не ти вратил на порака следен акт би требало да биде да изгужваш чаршав со друг?
Не е од монотонија туку од тоа што партнерот не е способен да и го пружи тоа што го сака, зошто секогаш е презафатен со работи кои не се важни и слично.
Со работи кои не се важни... Кои се тие работи што не се важни? А тие работи нему ако му се важни? Што правиме тогаш?