Што сакаш да кажеш со тоа ,,додека истиот тој/таа се наоѓа во својата комфорна зона''? Машките никогаш не созреваат, макар имале и 30 или 40 години. Тие се вечни деца. Ти можеби ги оправдуваш и не се согласуваш со мене зашто и ти си машко, ама дека се вечно незрели, тоа е како факт. Да кажам и примери кои го докажуваат тоа. Ако една девојка остане бремена и таа вест му ја соопштува на дечкото, тој ја избегнува одговорноста да прифати дека тоа дете е негово. Или прифаќа, но целиот товар - чување, воспитување на детето и домашните обврски и ги префрла на девојката. Или трета опција е тоа што ја условува девојката дека ќе остане со неа само ако го абортира детето. И во брак не прифаќаат машките обврски (наведов погоре кои). Дали за тебе е во ред било кое машко да не и помогне на својата жена/девојка да седи на масата со скрстени раце додека жената ја раскрева масата, мие чинии и прави ручек за нареден ден, а мажот да си легне и да чита весник или да дреме бидејќи е ,,многу уморен", златен на мајка. И да не и помогне да напредува во кариерата и да се појави чувство на завист и останување во врска/брак заради користа поради тоа што жената заработува повеќе од мажот? Вината е насочена кон жените/девојките дури и кога, со желба да формира семејство, таа желба не и е исполнета зашто машкото решило после една година или две години врска (што е премногу време) да и раскине и со тоа, втора врска, трета врска, времето за таа работа си врви дури да трепнеш.