Отворив Црнобело и видов дека има страната нов дизајн, и случајно горе ми светна „Форум“ па кликнав и реков ајде и така немам друга работа , а слободното време е во преголеми количини и се зачленив. Од првин мислев дека нема да бидам ниту активна ниту дека ќе се спријателам со некого од членовите. Но сум била во грешка затоа што тука има доста супер ликови, различни карактери , расположени за дебатирање но сепак на крајот од денот дружељубиви. Со некои членови не контактирам но драго ми е што го делам нивното мислење за многу теми.