За да те сакаат мажите/жените најважно е да си...

apple-girl

Полноправен Член
6 декември 2012
46
73
18
Битола
Што според вас мислите дека е најважното нешто кое треба да го поседувате за да биде сакани од спротивниот пол ??

Мое мислење е дека девојчињата треба да посетуваат, отвореност, духовитост и добра комуникација.. за да привлечат едно момче ...

Што мислите девојчиња што треба да поседувате ?? А исто и момчињата ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Да си бидат тие што се најприродни без разлика какви се. Сите имаме и маани и доблести , сите сме различни и имаме различни видувања , битно е да сме толерантни и да знаеме да почитуваме различности , убедувања и определби . Културата и начинот на кој третирате се околу себе . Тоа според мене би ве направило посакувана личност .
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
^
Не знам дали намерно ја изостави или не, но не смееш, а да не ја споменеш физичката привлечност, кога веќе зборуваме за сакање во рамките на „љубов и секс.“ Едноставната вистина е дека 95% од луѓето сакаат подобро карактерно да запознаат личност, ОТКАКО таа ќе ги привлече физички. Е сега, секој си има различни физички побарувања од спротивниот пол, но генералното е тоа, дека треба да си му/и’ привлечен на оној/онаа што е заинтересиран/а за тебе.
Истовремено многу важно и за девојките, и за дечковците се шармот, односно харизмата. :)
 

apple-girl

Полноправен Член
6 декември 2012
46
73
18
Битола

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
33
Western Sky, Land of Oz.
Да бидеш човек.Да бидеш сонувач. Да имаш свои ставови да да стоиш зад истите.Да си искрена отворена и духовита.Да кажуваш јасно што ти се допаѓа а што не.Да бидеш заинтересирана, да даваш и примаш искрени комплименти.Да не се плашиш да бидеш она што си без разлика на се и ќе се најде некој да те сака таква каква што си. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rosana and parvati

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Какви лепоти бе, какви харизми, IQ, разбирање, тореланција, почит, позитивна енергија и 300 различни карактеристики кои допринесуваат да бидеш сакан...абе моќта на парите е прва и основна работа која треба да ја поседуваш.
Факти се дека постои авантура, постои љубов, постои секс, али секој еден иднината си ја планира и гледа да успее на долги стази, џабе не се кажало дека од љубов не се живее. Ако нема интерес, нема да бидеш сакан... фактички ќе ја облечам белата маица , цицките ми изгледаат поголеми во неа, фиктивно- кој не сака паметна девојка која размислува што да облече.
И уште нешто- дур да се клецкам во сто и еден, ќе се клецкам во бмњ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner, khz777 and Solstice

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Какви лепоти бе, какви харизми, IQ, разбирање, тореланција, почит, позитивна енергија и 300 различни карактеристики кои допринесуваат да бидеш сакан...абе моќта на парите е прва и основна работа која треба да ја поседуваш.
Факти се дека постои авантура, постои љубов, постои секс, али секој еден иднината си ја планира и гледа да успее на долги стази, џабе не се кажало дека од љубов не се живее. Ако нема интерес, нема да бидеш сакан... фактички ќе ја облечам белата маица , цицките ми изгледаат поголеми во неа, фиктивно- кој не сака паметна девојка која размислува што да облече.
И уште нешто- дур да се клецкам во сто и еден, ќе се клецкам во бмњ.
Ти ова сериозно го мислиш ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnaMi and melpomena