Животно мото

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
30
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
1837552377_quote_1_answer_8_xlarge.jpeg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rosana

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Текстот што следува е прекрасен пример за тоа дека никогаш, ама никогаш не смееме да се откажеме од своите мечти, своите соништа, не смееме да го загушиме својот внатрешен глас…На едноставен начин, ќе ви покажеме што се можете да изгубите во животот ако под бремето на околностите се откажете од себе.
„Имало едно време еден огромен планински врв, на него орлово гнездо, а во гнездото четири јајца. Еден ден имало силни ветришта и едно од јајцата се стркалало надолу по планината и стигнало до фармата за птици. Кокошките решиле да се погрижат за јајцето и една од нив се согласила да го износи.

После некое време јајцето распукало и излегло прекрасно мало орле. Но за жал, било одгледано како пиле. И наскоро и самото тоа поверувало, дека е пиле. Ги сакало домот и семејството, но духот му копнеел за уште нешто…(нашите копнежи не се случајни, нашиот копнеж ни покажува што сме…)

Еден ден, додека си играло на фармата, орлето погледнало кон небото и видело неколку силни орли како летаат високо во далечината.

О – рекло тоа – колку многу сакам да летам како оние птици. Другите пилиња гласно се изнасмеале.

Нема како да се случи тоа, ти си пиле, а пилињата не знаат да летаат, му рекле тие. Орлето продолжило да гледа кон своите вистински роднини, сонувајќи да биде како нив. Но секогаш кога ќе проговорело за своите мечти, другите му се смееле.

И така орелот научил да верува во она што другите го уверувале. Поминало време, тој престанал да мечтае и продолжил да го живее својот живот и понатака како пиле. До моментот додека не умрел…А знаете ли што е најжално? Не се ни обидел да полета…

Човек станува таков каков што верува дека ќе стане,

Ако мечтаеш да си орел, следи ги своите соништа,

А не да слушаш што ти зборуваат кокошките!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Take too many pictures, laugh too much and love like you`ve never been hurt. Because every sixty seconds you spend upset is a minute of happiness you`ll never get back. Don`t be afraid that your life will end, be afraid it will never begin.