Елиминирајте ги парите и што ќе се случи?

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Амазонските индиоси имаат направено исти број на вселенски бродови кои отишле на месечина колку и Јапонија, Германија, Шведска, Италија, Канада, Кина, Русија, Австро-Унгарија, Римската империја, Монглоската златна орда, Британија, Јужна Кореја :zelen фун фацт. (ок колку и сите икономии на светот освен америчката)...државата ја убива креативноста...

А за пари шо знам, неопходни би биле секогаш како средство за размена, за трговија и во таков случај би служеле за добро на рајата. Во секоја покомплексна заедница од некои девет души ваљда, сложеноста на односите би изродила потреба од средство за нивелирање а.к.а. пари. И во заедници на ловци-собирачи во северна америка имале некои школки или слични ствари кои служеле како валута.

Како финансиски инструмент и шпекулативен асет носат само зло.
Државата не ја убива креативноста, човекот сам си ја убива креативноста кога ќе му се бендиса удобноста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Државата не ја убива креативноста, човекот сам си ја убива креативноста кога ќе му се бендиса удобноста.

Жими хасап систем, елаборат за безбедност и фирмарина не си во право :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Па и не баш негативно, реалистично е пошто е факат дека твои, пази сега твои половина работен век ќе ти отидат на работење за државата, кумулативно пола од сите пари кои ќе ги направиш (веројатно и повеќе) ќе ти ги одземе држаата. После доаѓа тоа шо работиш за газдата, па оверхед кост па инфлација и на крај може ќе испадне дека од 8 часа за себе работиш 40 минути во денот, настрана пат до работа и назад, спремање за работа - тоа време никој нема да ти го плати.
Мене ми е тоа скроз садистички.

Луѓето ги тера биолошкиот императив за опстанок.

Како тоа мислиш `ние ги бираме`?! Ваљда не си гласала за пастирот до сега :kafe
Претставничката демократија е тешка превара, ако теоретски секој гласа за оној за кој мисли дека најдобро ќе го владее, ондак една група треба да ја води вмбло пошто гласале за нив, друга сдмс пошто гласале за нив, трета дуи, па дпа, партијата на љубче и така се до последната пријавена партија, десетици ги има.
Тоа го нема па така имаме власт каде што оние кои гласале против партијата на власт се во огромно мнозинство ама не ги владее оној кој го гласале, ако не веруваш провери бројки.

нема потреба од плеткање во политки постојат алтернативи ама тоа е веќе друг муабет надвор од темата а богами и од форумот :p
Парите шо ти ги одзема државата одат таму кај што има трошоци а нема производство, пример образованието, културата, здравството. Тоа шо кај нас некој ги троши тие пари за да прави глупости, то е друг муабет. Ние ги бираме, секој има право на глас, мнозинството одлучува. Тоа шо кај нас и тој процес е моментално забеган, пак е друг муабет.
Не мораш да работиш за други газди. Способен си, сигурно си талентиран за нешто, најди начин и биди си свој газда. Работи од дома. По пижами. Не треба многу, само упорност и труд. Ама поарно е да се влезе во некоја фирма, кај шо за 8 саати треба да сработиш нешто, ќе истрпиш некоја нервоза, ама барем ќе знаеш дека на први или десетти ќе ти легнат на сметка толку и толку пари. Ако си сам свој газда, можи ќе ти легнат пари на сметка, можи и не. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Галиба не знаеш дека ако работиш сам пак треба да плаќаш даноци и давачки иначе си криминалец по дифолт.
Во претходниот пост објаснив дека мнозинството НЕ одлучува, ако за вмбло гласале 30% од излезените 70% регистрирани гласачи како е бре тоа мнозинство?
Невозможно е мнозинството да гласа за иста опција.
А што правиме со оние кои гласале за други опции?

Не е само тука, секаде е, некаде повеќе некаде помалку.

Али ваш живот на крају краева, ако на раја не им смета пола живот да го поебат за туѓ интерес, шта речи.
Чудни се луѓево, да украдеш некому 500 денари има да те брка со нож по улица, укради му пола живот има да ти се клања до земја...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
мало, премногу лично, сериозно и негативно ги сфаќаш работите. Никој не те тера да работиш 8 часа за некаква мизерна плата. Секој човек има сѐ што му е потребно за да си одлучи сам како ќе си го живее животот. Парите се само средство исто како што е средство пример огнот. Ако си играш со оган без да знаеш кои му се карактеристиките ќе се изгориш. Креативноста не се развива и манифестира само во позитивна насока. Треба да си бааги креативен и интелигентен за да си ја навртиш водата во својата бразда. Од свеста твоја зависи дали тоа ќе го направиш на штета на другите. Егото кое го спомна дека не е природно за човекот, не е паднато од марс, па некој го нашол некој не. Природна карактеристика е на човекот. Пак од свеста твоја зависи колку ќе го користиш, колку ќе го контролираш и колку ќе го надминеш. Сето тоа се чекори на личен равој и достигнување на својот максимум. Сосема е природно да заминеш во негативна крајност и сосема е природно да заминеш во позитивна крајност. А можеш да успееш и да си го најдеш сопствениот баланс.
Секоја група на луѓе е силна толку колку што е силен најслабиот нејзин поединец, нели така беше? Тоа што ти го велиш, секој да придонесува за доброто на групата, тоа е сепак некаква организација, со некакви, макар биле сосема невидливи правила. За некого и тие такви правила се премногу и значат робување на туѓи идеи. Велиш сега немаш доволно време за да ја изразиш својата креативност максимално оти треба да работиш за пари. Ако си дел од заедница во која секој подеднакво придонесува за доброто на сите исто не би имала време толку колку што ти сакаш за да ја изразиш креативноста максимално. Оти ќе треба да сработиш нешто за доброто на заедницата. И ова не го сфаќај лично, уште помалку како навреда, но во една зедница во која сите прават нешто корисно, нешто што им служи на сите, што придонесуваш ти со накитот? Нека е и најубав на свет, сепак факт е дека нема апсолутно никаква практична вредност. Ако сакам да се украсам, доволно е еден цвет од природата да си ставам во коса. А да не зборуваме за тоа дека природата нѐ направила вакви совршени и прекрасни и апсолутно не ни е потребно ништо плус за да нѐ разубавува. Ниту скапи шминки, ниту креми, ниту накит.
Истото е и со уметничките слики. Каква практична корист има заедницата од една прекрасна слика? Природата ни дарила бескрајни убавини, зошто би ги гледала тие убавини на нечија слика кога можам да ги гледам во природата? Само едно изгрејсонце е милион пати поволшебно од најубавата слика која некој некогаш ја насликал.
Степенот до кој е денес стигнат светов и цивилизацијата има многу негативни страни. Но има исто толку и позитивни. Човек треба да е доволно мудар да ги сфати и да ги искористи можностите. Не мораш да правиш накит по порачки и желби од некој друг. Прави го така како што сакаш и умееш и најди начин таков да го пласираш низ цел свет. Интернетот сега те поврзува со цел свет. една убава веб страна може да ти овозможи многу. Е сега ќе треба некому да платиш, фала богу. Оти некој се мислел и мислел како да ти го донесе цел свет во дневната соба. Ако не постојат пари ќе му платиш со накит. И тој некој шо ти го носи светот во дневната, ќе ти каже ова чини 500 ланчиња. Нема да работиш за пари, ама пак треба да ги сработиш тие 500 ланчиња. Под услов да му требаат 500 ланчиња.
Парите се само олеснителна околност.
Тие мултимилионери кои се таму кај што се и прават тоа што прават, се само обични луѓе со истите две раце и нозе, истиот мозок, исто скоро сѐ како секој од нас. Не е исто нивото на нивната креативност, интелигенција и најмногу, свест. Не дошле до таму сами. Ние сме им помогнале и им помагаме. Зошто го правиме тоа е друга приказна. Секој човек сака да биде среќен. Колку е свесен за начините преку кои се доаѓа односно не се доаѓа до таа среќа е прашање на место на раѓање и растење, образование, луѓе кои те опкружуваат, достапност до информации итн итн. Да бидеш слободен и сам да си одредуваш сопствени правила е нешто кое бара огромна посветеност, трпение, борба, одговорност, нели така и сама кажа. Да одиш на работа и секој месец да земаш одредена сума на пари можеби е ропство, но е и удобна сигурност. Да се потпреш само на природата за да си ги обезбедиш самонајосновните работи како храна и вода е колку прекрасно и твое право, толку и ризик, оти природата е непредвидлива и може сѐ што годинава ќе посееш да ти го уништи во една секунда.
Некој е храбар. Некој сака да му е удобно.
Законите и препреките се друга прикаска. Ние сами ги бираме тие што ги носат тие закони. И тоа се менувало низ годините, луѓето секогаш се спротивставувале и секогаш ќе се спротивставуваат на она пто им штети. Ама за такви муабети треба човек да се интересира и да се разбира во политика. А тебе тоа не те интересира. Епа ако не те интересира и не одиш на гласање и не одиш на протести итакви слични дешаки, не можеш многу ни да се буниш за тоа што не ти чини. Ние си седиме дома и си чекаме некој да ни ги среди работите. А забораваме дека тие кои се таму најгоре, најчесто се луѓе кои си имаат многу комплекси, лични, и кои таа моќ која ние има ја даваме ја користат за да си ги пополнат своите празнини и да си ги излечат тие комплекси. Ама ни ти а богами ни јас не сакаме да се плеткаме во политика.
Премногу ги поедноставуваш нештата и ги гледаш само од еден аспект. Ако зборуваме за општество во кое што секој треба да придонесува со некаква активност, тоа никако не значи дека поединецот не може да има активности надвор од задоволувањето на неопходните потреби за преживување и тоа никако не значи дека сите активности мораат да имаат практична корист за сите во општеството.
 
Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Историски гледано, трговијата била многу порано развиена од оноа што би се нарекло трајно пренесување на знаењето преку пишани дела. Всушност, писмото е производ кој ја олеснил трговијата. Парите се појавиле само како алатка која ја олеснува трговијата.
Убаво пиша погоре ЛејдиБлу за парите и нивната намена во општеството. Треба да се разграничат два поима, комформизам и зависност од истото. Конформизмот може итекако да се ограничи во свеста на единката - таа да си земе онолку колку и` е потребно за да има еден пристоен живот во општеството, додека второто - зависноста е неделива и кога веќе си влезен во истото ти мораш да се бориш за да преживееш. Ниедно општество не сочинува вукови самотњаци, инаку не би се нарекло општество. А човекот е пред се` општествено битие.
Сосема се слагам и мислам дека раните почетоци на монетарната пракса започнуваат со изумирање на робовладетлското општество(иако за некого и тогаш имало пари или пак плаќање со скапоцени материјали).
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Галиба не знаеш дека ако работиш сам пак треба да плаќаш даноци и давачки иначе си криминалец по дифолт.
Во претходниот пост објаснив дека мнозинството НЕ одлучува, ако за вмбло гласале 30% од излезените 70% регистрирани гласачи како е бре тоа мнозинство?
Невозможно е мнозинството да гласа за иста опција.
А што правиме со оние кои гласале за други опции?

Не е само тука, секаде е, некаде повеќе некаде помалку.

Али ваш живот на крају краева, ако на раја не им смета пола живот да го поебат за туѓ интерес, шта речи.
Чудни се луѓево, да украдеш некому 500 денари има да те брка со нож по улица, укради му пола живот има да ти се клања до земја...
Каде реков дека ако работиш сам не треба да плаќаш даноци? Реков дека даноците не се негативна работа, туку се потреба. Сакаш да го праќаш детето во училиште и да добие солидно образование во тоа училиште? Ами треба некако да си платиш за таа услуга. Шо прават глумците во театар, а земаат плата? Се глупираат и за***ваат за да ти овозможат некаква си забава саат и пол некоја вечер. Ами и за таа услуга треба да платиш. Од билетот шо ќе го купиш не стига.

Нели има некаков систем според кој е (би требало да е ) испочитуван секој шо гласал? Има таму пратеници и од едни и од други партии. Возможно или невозможно мнозинството да гласа за една опција, сепак треба народот некако да си се организира и да си одлучи кој е тој шо ќе го постави за некаков си свој водач. Ако ова шо е денес не функционира, кога - тогаш самиот народ ќе го смени. Го менувал во минатото, ќе го менува и во иднина. Ама шо има то врска со парите како платежно сретство? Злоупотребата на било што секогаш произлегува од самиот човек. И на пари и на власт и на шарм и на сѐ.
Убо рекле, секој народ има власт ( и архитектура :D) каква шо си заслужува.
Ако не ти чини нешто, бори се да го смениш. Како? Не знам. Ама секогаш имало начини и некој секогаш успевал да ги најде.

Мене никој не ми го зема пола живот. Не работам за газди, одсекогаш сум си работела за себе. Како и колку труд и нерви сум вложила, јас си знам. И даноци си плаќам. Оти сакам утре-други ден да одам до Хераклеа и да видам шо имало таму пред купишта години. Само камења се, ама некој ги нашол, па губел време да ги протумачи, да ги сфати, да ги поврзи во некаква теорија и мене да ми кажи дека туку во тој и тој век живееле тие и тие, па имале театар и имале судница и имале затвор. А на тој некој треба да му се плати за времето шо го потрошил свиткан во прашината и надвиснат на купишта книги.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Премногу ги поедноставуваш нештата и ги гледаш само од еден аспект. Ако зборуваме за општество во кое што секој треба да придонесува со некаква активност, тоа никако не значи дека поединецот не може да има активности надвор од задоволувањето на неопходните потреби за преживување и тоа никако не значи дека сите активности мораат да имаат практична корист за сите во општеството.
Не значи дека мораат, ама според тебе, затоа што активностите со кои ти се занимаваш немаат практична вредност за заедницата. Ама ако заедницата одлучи дека треба да си го скратиш времето кое го посветуваш на тие активности и да посветиш повеќе време на зедницата, пак ќе се најдеш незадоволна и пак ќе го кренеш гласот против заедницата.
Потребите за преживување се минимални. Ама креативноста, интелигенцијата и љубопитноста на човекот се бескрајни.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Каде реков дека ако работиш сам не треба да плаќаш даноци? Реков дека даноците не се негативна работа, туку се потреба. Сакаш да го праќаш детето во училиште и да добие солидно образование во тоа училиште? Ами треба некако да си платиш за таа услуга. Шо прават глумците во театар, а земаат плата? Се глупираат и за***ваат за да ти овозможат некаква си забава саат и пол некоја вечер. Ами и за таа услуга треба да платиш. Од билетот шо ќе го купиш не стига.

Нели има некаков систем според кој е (би требало да е ) испочитуван секој шо гласал? Има таму пратеници и од едни и од други партии. Возможно или невозможно мнозинството да гласа за една опција, сепак треба народот некако да си се организира и да си одлучи кој е тој шо ќе го постави за некаков си свој водач. Ако ова шо е денес не функционира, кога - тогаш самиот народ ќе го смени. Го менувал во минатото, ќе го менува и во иднина. Ама шо има то врска со парите како платежно сретство? Злоупотребата на било што секогаш произлегува од самиот човек. И на пари и на власт и на шарм и на сѐ.
Убо рекле, секој народ има власт ( и архитектура :D) каква шо си заслужува.
Ако не ти чини нешто, бори се да го смениш. Како? Не знам. Ама секогаш имало начини и некој секогаш успевал да ги најде.

Мене никој не ми го зема пола живот. Не работам за газди, одсекогаш сум си работела за себе. Како и колку труд и нерви сум вложила, јас си знам. И даноци си плаќам. Оти сакам утре-други ден да одам до Хераклеа и да видам шо имало таму пред купишта години. Само камења се, ама некој ги нашол, па губел време да ги протумачи, да ги сфати, да ги поврзи во некаква теорија и мене да ми кажи дека туку во тој и тој век живееле тие и тие, па имале театар и имале судница и имале затвор. А на тој некој треба да му се плати за времето шо го потрошил свиткан во прашината и надвиснат на купишта книги.

нема врска со парите по дифолт, ама и онака е оф топик а он топикот е веќе исцрпен така да...:)

Насилното одземање средства за да му биде дадено на некој друг не е на арно. Тоа е грабеж.
Ако тебе ти се плаќа за театар некому не му се плаќа. Или за било што.
Ако не им стигнува на глумците нека продаваат бимбиљи на пазар. Користењето на присилата на држаата за да можат лагодно да живеат е зло.
Долга и широка е, а воља немам, 3000 години некој собира давачки тука во овие краишта и пак немаш `солидно образовање` него морбидно срање каде што попуписмени накази изиграваат бајбиситери на тинејџери. Биче боље во наредните 3000, сигурно, само треба да се плаќа данок.

Викаш народот има власт каква заслужува? Значи власта над рајата е нешто што рајата го заслужува (а не дека раја се раѓа под било каква власт), познат ми е тој став длабоко вкоренет во огромното мнозинство раја, којзнае како заслужиле да умраат или умираат милиони луѓе по светот од разни власти, сигурно заслужиле...
 
Океј, нека ги укинат даноците скроз. Кој ќе ги плати даскалите?