Не е тoчнo, светoт премнoгу зaвиси oд пaрите тaкa дa aкo ги снемa пaрите ќе биде кaтaстрoфa, ќе се испoубиеме сите.Без пари... дефинитивно светот ке стане добро место за живеење. Нема негативни последици од таквиот исход!
Напротив, ајде анализирај ги причините за сите катастрофи кои се случуваат на светско ниво и кажи едно нешто што е негативно а не е поврзано со пари.Не е тoчнo, светoт премнoгу зaвиси oд пaрите тaкa дa aкo ги снемa пaрите ќе биде кaтaстрoфa, ќе се испoубиеме сите.
Дали???Парите се само мост помеѓу нешта. Потребни ти се за да купиш нешто, значи се бориш да ги добиеш само за стигнеш до нешто друго. Тоа е размена на нешта, така да, кога би ги немало парите како пари, пак ќе биде исто. За да стигнеш до одредено нешто што сакаш да го имаш, ќе мораш да дадеш нешто за истото. Еве да гледаме кон светот како едно село (на пример), потребни ти се домати (кои немаш прилика да ги растеш) и мора да ги купиш. Кај некој кој има домати, ќе ги купиш со пченица (на пример), кај друг ќе ги купиш со парче месо (на пример). Парите се само еден универзален предмет со кој можеш да стигнеш до работи кои ти се потребни. Е сега тоа што живееме во конзумеристичко општество, тоа е друга работа. Колку повеќе се произведува, толку повеќе сакаме.
Океј, го изгледав видеото и ете, така е, во право е типот. За храна не ти требаат пари, може секој сам да си ја посади. Ако има земја. Ете да речеме идеални се условите и сите имаат земја на располагање колку сакаат. Ама не е само храна. Треба облека. За облека ти треба платно. Ете да речеме секој умее да се потруди и да си направи платно, па облека, обувки, постелнина, покуќнина итн итн итн. Еве да речеме дека и водата сите разумно ќе си ја чуваме и делиме, чиста изворска, без водоводи. Чекор назад во однос на практичноста, но чекор понапред за здравјето, под услов да остане чиста и незагадена и безбедна за користење. Досега, во такви услови, секое семејство треба само да си направи и обезбеди храна, облека, постелнина, покуќнина, вода, живеалиште, ако е во топло поднебје супер, ако е во ладно ќе треба да си најде начин и да се грее. Колку од денот му е исполнет со тие обврски? Еве да речеме половина. Четврт нека му оди за спиење, четврт ќе му остани слободно. Ти сакаш да сликаш. Ти треба хартија и бои. Има начин и тоа сама да си го направиш. Некој друг сака да пишува. Под услов да знае да пишува. Е сега не верувам дека ќе оди на школо оти нема кој да предава во школото. Тие што еднаш биле учители сега немаат време оти мораат и тие да си обезбедат храна, вода, живеалиште, греење.... И она малку слободно време шо го имаат сакаат да си го користат за свое задоволство. Значи ако твоето дете сака да пишува, ќе мораш ти да го научиш да чита и пишува. Ќе го научиш, не е тоа голема работа. Сега знае да чита, ама нема книги од кои би читало, оти секој си пишува по една книга, за себе, а и да сака да ги размножи некако, нема како, оти никој не работи во печатниците и библиотеките, оти мораат да работат дома, да си обезбедат храна, вода, постелнина, покуќнина, живеалиште, греење итн.Дали???
Видеово како порачано ми излезе на фб, таман да не морам многу да објаснувам на широко.
Доста е поучно, препорачувам да погледнете
Ептен имаш отидено во крајност, не е проблемот во самата размена, туку во злоупотребата на трудот. Еве уште едно кратко видео кое се надоврзува на муабетот.Океј, го изгледав видеото и ете, така е, во право е типот. За храна не ти требаат пари, може секој сам да си ја посади. Ако има земја. Ете да речеме идеални се условите и сите имаат земја на располагање колку сакаат. Ама не е само храна. Треба облека. За облека ти треба платно. Ете да речеме секој умее да се потруди и да си направи платно, па облека, обувки, постелнина, покуќнина итн итн итн. Еве да речеме дека и водата сите разумно ќе си ја чуваме и делиме, чиста изворска, без водоводи. Чекор назад во однос на практичноста, но чекор понапред за здравјето, под услов да остане чиста и незагадена и безбедна за користење. Досега, во такви услови, секое семејство треба само да си направи и обезбеди храна, облека, постелнина, покуќнина, вода, живеалиште, ако е во топло поднебје супер, ако е во ладно ќе треба да си најде начин и да се грее. Колку од денот му е исполнет со тие обврски? Еве да речеме половина. Четврт нека му оди за спиење, четврт ќе му остани слободно. Ти сакаш да сликаш. Ти треба хартија и бои. Има начин и тоа сама да си го направиш. Некој друг сака да пишува. Под услов да знае да пишува. Е сега не верувам дека ќе оди на школо оти нема кој да предава во школото. Тие што еднаш биле учители сега немаат време оти мораат и тие да си обезбедат храна, вода, живеалиште, греење.... И она малку слободно време шо го имаат сакаат да си го користат за свое задоволство. Значи ако твоето дете сака да пишува, ќе мораш ти да го научиш да чита и пишува. Ќе го научиш, не е тоа голема работа. Сега знае да чита, ама нема книги од кои би читало, оти секој си пишува по една книга, за себе, а и да сака да ги размножи некако, нема како, оти никој не работи во печатниците и библиотеките, оти мораат да работат дома, да си обезбедат храна, вода, постелнина, покуќнина, живеалиште, греење итн.
Струја никој нема. Можеби само тие неколку кои знаат како да си направат струја од сончевата енергија. Не знам кај ќе научат, оти нема школи, нема книги, нема интернет, нема телефони.
Ќе се сети некој и ќе рече чекајте бе луѓе, ај да си ја поделиме работава и после ќе се смениме, јас тебе перници, ти мене домати, Петкана нека ги учи децава да читаа, Трајко нека оди по дрва итн. Че тераат така некое време и после ќе се скараат оти Трајко ќе речи - знаеш јас колку се измачив додека гисобрав дрвава, а ти си седеше со децата и ги учеше да читаат?? Петкана ќе се спротивстави - аааа, ти мислиш лесно е да ги научиш толку деца да читаат?? Ќе се јави трет, четврти, сѐ додека не се сети некој и не рече - абе чекајте луѓе, ај да смислиме нешто шо ќе биде општа мерка за вредност и да одредиме некаква скала за секоја работа колку единици мерка вреди, да не се караме вака, нема смисла. На тоа некој од страна ќе му одговори - абе чекај, нели овде вака еднаш бевме?!
И така...
Проблемот е во природата на луѓето. Можеби еден ден ќе се равие свеста кај секој поеднинец до тој степен што делењето и грижата за другите исто колку и за самиот себе ќе биде реалност. Сѐ дотогаш додека има барем еден поединец кој ќе посака да скршне од правилата на групата, ќе има скршнување од идеалната рамнотежа. А секогаш ќе има таков поединец, затоа што човекот не е само обично животно кое е на таа и таа скала од еволуцијата. Човекот и неговата креативност немаат горна граница. А кога твојата креативност нема горна граница, ти секогаш ќе сакаш да отидеш чекор подалеку. Само од твојата свест зависи на кој начин ќе стигнеш таму каде си тргнала. Ситуацијава во која се наоѓаме сега е можеби никаква и сосема нехумана во однос на човештвото како група, но е сосема природна во однос на крарактеристиките кои секој човек ги поседува.Ептен имаш отидено во крајност, не е проблемот во самата размена, туку во злоупотребата на трудот. Еве уште едно кратко видео кое се надоврзува на муабетот.
Егото не е карактеристика, егото е нешто како нус-појава која се јавува при претрпување на голем страв.Проблемот е во природата на луѓето. Можеби еден ден ќе се равие свеста кај секој поеднинец до тој степен што делењето и грижата за другите исто колку и за самиот себе ќе биде реалност. Сѐ дотогаш додека има барем еден поединец кој ќе посака да скршне од правилата на групата, ќе има скршнување од идеалната рамнотежа. А секогаш ќе има таков поединец, затоа што човекот не е само обично животно кое е на таа и таа скала од еволуцијата. Човекот и неговата креативност немаат горна граница. А кога твојата креативност нема горна граница, ти секогаш ќе сакаш да отидеш чекор подалеку. Само од твојата свест зависи на кој начин ќе стигнеш таму каде си тргнала. Ситуацијава во која се наоѓаме сега е можеби никаква и сосема нехумана во однос на човештвото како група, но е сосема природна во однос на крарактеристиките кои секој човек ги поседува.