Елиминирајте ги парите и што ќе се случи?

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Егото не е карактеристика, егото е нешто како нус-појава која се јавува при претрпување на голем страв.
Кога кон личниот напредок би се однесувале како спрема напредок на човештвото, на пример мојот напредок е напредок за целото човештво, твојот напредок исто така, тогаш егото не би имало толкава моќ врз нашата свест, не би имало потреба. Не мораме да бидеме сите еднакви за да се сложуваме, напротив, различностите прават групата да биде целосна, да биде богата од повеке аспекти.
Човекот не е егоист по природа, во повекето племиња нема злоупотреби и натпревари, кај индијанците нема, зошто мора да има кај нас?
Егото е главниот виновник, а појавата на ненаситно его се должи на преголемиот страв кој човекот го носи во себе. Секое подчинување пред оној кој што не злоупотребува, ние го правиме колку несвесно, толку и свесно бидејки се плашиме од последиците кои може да ги предизвика нашата непослушност. Но незнам зошто многу ретко се прашуваме зошто не ни е страв од последиците кои ги трпиме поради нашата послушност? Одговорот најверојатно има поврзаност со перењето мозок преку медиуми и сл...
Долга и опширна тема, но касно е веќе, ке одвојам повеке време деновиве
Колку тие племиња направиле вселенски брод со кој отишле на месечината?
Не зборам за его, зборам за креативност.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Исто че биди се.

Тогаш че биди замената стока за стока и ваљда прехранбената стока че биди со најголема вредност.

Исто така и простиутцијата пак би опстоила и така би печалела вредни суровини и мирудии.
 
Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43

Мислам дека највисока вредност би имале орудијата за лов и војни...или пак можеби крзното=облеката ама не сум сигурен.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Колку тие племиња направиле вселенски брод со кој отишле на месечината?
Не зборам за его, зборам за креативност.
Чисто се сомневам дека и современиот човек стапнал на месечината, но тоа е друга тема.

Можно е да се остварува технолошкиот напредок, и без пари, креативноста не е поврзана со постоењето на парите.
Креативноста постои и надвор од потребите за преживување. Колку што знам Никола Тесла не работел за пари. Можеби ја продавал својата креативност, но не ја создавал за да заработи.
Така да ако негогаш ја дочекаме таа среќа, општеството да се ослободи од корпоративниот систем, ние не само што би продолжиле да бидеме креативни, туку и би биле многу по креативни.
Јас лично својата креативност не ја изразувам во целост затоа што морам времето и трудот да си ги трошам на правење пари. 90% од накитот кој што го изработувам е по желба на муштерии бидејки тие порачки ми се сигурна заработка или се едноставни изработки кај кои немам дадено ни 1% од својата креативност и способност, за да можам да имам нешто и со достапни цени, за повеке да се продава. Во мојот случај, а верувам дека и во многу други, креативноста е занемарена и е подценета во однос на борбата за поголема заработка, бидејки во модерните општества така единствено се преживува. замисли само колку од луѓето кои што работат во фабрики, во конфекции имаатдарби и способности за создавање, но немаат време за тоа, мораат да заработуваат. Замисли колку од младите луѓе кои што преживуваат работејки по кафичи се со големи интелектуални и креативни способности, но немаат каде да си го изразат потенцијалот. Замисли само уште колку нови идеи за технолошки пронајдоци не се реализирани бидејки никој не се нафатил да ги финансира и замисли уште колку такви се реализирани, но не се пуштени на пазар бидејки немаат соодветна конкуренција....
Парите не го подржуваат развитокот на човекот, парите се уцена, борбата за поголема заработувачка е робство.

Зошто постоењето на парите го поврзувате со развитокот на човештвото?
 
Последна промена од модератор:

И да додадам уште нешто сакам.
Не може да ја величате креативноста која е создавана поради пари или е создавана во рамки на финансиските можности, бидејки тоа е ограничена и предходно уценета креативност. Не може да го величате напредокот кој што сме го достигнале во тие рамки, а без притоа да замислите каков би бил истиот кога тие ограничувања не би постоеле. Денес поради и само поради финансиската добивка, напредокот на целото човештво, не само напредокот на технологијата, туку напредокот во целост, е ограничен со безброј процедури, правила, протоколи, дозволи... безброј реално непотребни нешта кои што само го губат времето и никако не придонесуваат за развој. Вртењето во круг одново и одново не може да придонесе за развој.
Од друга страна се трошат огромни средства за непотребни нешта, еве ние во нашата држава имаме еден од најдобрите примери. Се потрошија огромни средства за градење на непотребни споменици, за садење на непотребни врби, непотребни бродови во Вардар и тн. Тоа според нашата влас се смета за напредок. Напредок ли е? Значи секој македонец потрошил огромен дел од своето време и огромен труд, за да придонесе во напредокот на државата, односно за да се изградат спомениците во Скопје.
Дали знаете дека македонец има конструирано еден многу интересен пронајдок, некакво мало предметче кое се прицврстува на ауспухот на автомобилот и ги намалува штетните гасови. Дали имаме отворено фабрика каде што се произведува оваа корисна направа? Зошто немаме?

Од друга страна пак, за да си ги оствариме најосновните природни права, за кои во природата природно ни следуваат и се сосема бесплатни, ние денес мора да поминеме секој ден осум часа дневно на работно место. Каде ни поминува животот? Дома? Со семејството? Со пријателите? Каде?
Зарем е потребно да се работи толкав временски период за да се обезбеди храна, облека, дом и се останато?
Според кои критериуми се вреднува трудот во општеството? Зошто вредноста на трудот не е секаде иста? Зошто во најсиромашните земји, односно, во земјите каде што живее најсиромашно население најмногу се злоупотребува трудот -најмногу работа за најмалку пари?
Зошто животот мора да ни се сведува само на заработка?

Како што вели José Mujica , преседател на Уругвај познат уште и како најсиромашниот председател на светот, цитирам - ,,Кога купуваме нешто, ние не го плаќаме истото со пари, туку го плаќаме со нашето време, времето кое што сме го потрошиле за да ги заработиме тие пари. Притоа забораваме дека времето од нашиот живот не може да се купи, туку само се троши."

Истото тоа време кога би било потрошено кон нештата кои навистина ни се потребни, тогаш несомнено напредокот би бил многу, понапред од она што е денес.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

мало, премногу лично, сериозно и негативно ги сфаќаш работите. Никој не те тера да работиш 8 часа за некаква мизерна плата. Секој човек има сѐ што му е потребно за да си одлучи сам како ќе си го живее животот. Парите се само средство исто како што е средство пример огнот. Ако си играш со оган без да знаеш кои му се карактеристиките ќе се изгориш. Креативноста не се развива и манифестира само во позитивна насока. Треба да си бааги креативен и интелигентен за да си ја навртиш водата во својата бразда. Од свеста твоја зависи дали тоа ќе го направиш на штета на другите. Егото кое го спомна дека не е природно за човекот, не е паднато од марс, па некој го нашол некој не. Природна карактеристика е на човекот. Пак од свеста твоја зависи колку ќе го користиш, колку ќе го контролираш и колку ќе го надминеш. Сето тоа се чекори на личен равој и достигнување на својот максимум. Сосема е природно да заминеш во негативна крајност и сосема е природно да заминеш во позитивна крајност. А можеш да успееш и да си го најдеш сопствениот баланс.
Секоја група на луѓе е силна толку колку што е силен најслабиот нејзин поединец, нели така беше? Тоа што ти го велиш, секој да придонесува за доброто на групата, тоа е сепак некаква организација, со некакви, макар биле сосема невидливи правила. За некого и тие такви правила се премногу и значат робување на туѓи идеи. Велиш сега немаш доволно време за да ја изразиш својата креативност максимално оти треба да работиш за пари. Ако си дел од заедница во која секој подеднакво придонесува за доброто на сите исто не би имала време толку колку што ти сакаш за да ја изразиш креативноста максимално. Оти ќе треба да сработиш нешто за доброто на заедницата. И ова не го сфаќај лично, уште помалку како навреда, но во една зедница во која сите прават нешто корисно, нешто што им служи на сите, што придонесуваш ти со накитот? Нека е и најубав на свет, сепак факт е дека нема апсолутно никаква практична вредност. Ако сакам да се украсам, доволно е еден цвет од природата да си ставам во коса. А да не зборуваме за тоа дека природата нѐ направила вакви совршени и прекрасни и апсолутно не ни е потребно ништо плус за да нѐ разубавува. Ниту скапи шминки, ниту креми, ниту накит.
Истото е и со уметничките слики. Каква практична корист има заедницата од една прекрасна слика? Природата ни дарила бескрајни убавини, зошто би ги гледала тие убавини на нечија слика кога можам да ги гледам во природата? Само едно изгрејсонце е милион пати поволшебно од најубавата слика која некој некогаш ја насликал.
Степенот до кој е денес стигнат светов и цивилизацијата има многу негативни страни. Но има исто толку и позитивни. Човек треба да е доволно мудар да ги сфати и да ги искористи можностите. Не мораш да правиш накит по порачки и желби од некој друг. Прави го така како што сакаш и умееш и најди начин таков да го пласираш низ цел свет. Интернетот сега те поврзува со цел свет. една убава веб страна може да ти овозможи многу. Е сега ќе треба некому да платиш, фала богу. Оти некој се мислел и мислел како да ти го донесе цел свет во дневната соба. Ако не постојат пари ќе му платиш со накит. И тој некој шо ти го носи светот во дневната, ќе ти каже ова чини 500 ланчиња. Нема да работиш за пари, ама пак треба да ги сработиш тие 500 ланчиња. Под услов да му требаат 500 ланчиња.
Парите се само олеснителна околност.
Тие мултимилионери кои се таму кај што се и прават тоа што прават, се само обични луѓе со истите две раце и нозе, истиот мозок, исто скоро сѐ како секој од нас. Не е исто нивото на нивната креативност, интелигенција и најмногу, свест. Не дошле до таму сами. Ние сме им помогнале и им помагаме. Зошто го правиме тоа е друга приказна. Секој човек сака да биде среќен. Колку е свесен за начините преку кои се доаѓа односно не се доаѓа до таа среќа е прашање на место на раѓање и растење, образование, луѓе кои те опкружуваат, достапност до информации итн итн. Да бидеш слободен и сам да си одредуваш сопствени правила е нешто кое бара огромна посветеност, трпение, борба, одговорност, нели така и сама кажа. Да одиш на работа и секој месец да земаш одредена сума на пари можеби е ропство, но е и удобна сигурност. Да се потпреш само на природата за да си ги обезбедиш самонајосновните работи како храна и вода е колку прекрасно и твое право, толку и ризик, оти природата е непредвидлива и може сѐ што годинава ќе посееш да ти го уништи во една секунда.
Некој е храбар. Некој сака да му е удобно.
Законите и препреките се друга прикаска. Ние сами ги бираме тие што ги носат тие закони. И тоа се менувало низ годините, луѓето секогаш се спротивставувале и секогаш ќе се спротивставуваат на она пто им штети. Ама за такви муабети треба човек да се интересира и да се разбира во политика. А тебе тоа не те интересира. Епа ако не те интересира и не одиш на гласање и не одиш на протести итакви слични дешаки, не можеш многу ни да се буниш за тоа што не ти чини. Ние си седиме дома и си чекаме некој да ни ги среди работите. А забораваме дека тие кои се таму најгоре, најчесто се луѓе кои си имаат многу комплекси, лични, и кои таа моќ која ние има ја даваме ја користат за да си ги пополнат своите празнини и да си ги излечат тие комплекси. Ама ни ти а богами ни јас не сакаме да се плеткаме во политика.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Постоењето на парите го поврзувам со развитокот на општеството затоа што човечкото око е жедно за прогрес и нови достигнувања а тоа во модерниот свет кој денеска го знаеме се купува со пари.
Кога не постоеле парите во минатото, пренесувањето на знаењето како дел од прогресот на одредени групи на луге било по достапно во смисла на делење-стекнување на знаењето.
Тогаш не постоеле закони кои ги обврзувале другите да им платат процент на сопствениците- од патент или авторски права.
Дел од тоа го имаме и денеска како пример.(Кина)
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Историски гледано, трговијата била многу порано развиена од оноа што би се нарекло трајно пренесување на знаењето преку пишани дела. Всушност, писмото е производ кој ја олеснил трговијата. Парите се појавиле само како алатка која ја олеснува трговијата.
Убаво пиша погоре ЛејдиБлу за парите и нивната намена во општеството. Треба да се разграничат два поима, комформизам и зависност од истото. Конформизмот може итекако да се ограничи во свеста на единката - таа да си земе онолку колку и` е потребно за да има еден пристоен живот во општеството, додека второто - зависноста е неделива и кога веќе си влезен во истото ти мораш да се бориш за да преживееш. Ниедно општество не сочинува вукови самотњаци, инаку не би се нарекло општество. А човекот е пред се` општествено битие.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Колку тие племиња направиле вселенски брод со кој отишле на месечината?
Не зборам за его, зборам за креативност.

Амазонските индиоси имаат направено исти број на вселенски бродови кои отишле на месечина колку и Јапонија, Германија, Шведска, Италија, Канада, Кина, Русија, Австро-Унгарија, Римската империја, Монглоската златна орда, Британија, Јужна Кореја :zelen фун фацт. (ок колку и сите икономии на светот освен америчката)...државата ја убива креативноста...

А за пари шо знам, неопходни би биле секогаш како средство за размена, за трговија и во таков случај би служеле за добро на рајата. Во секоја покомплексна заедница од некои девет души ваљда, сложеноста на односите би изродила потреба од средство за нивелирање а.к.а. пари. И во заедници на ловци-собирачи во северна америка имале некои школки или слични ствари кои служеле како валута.

Како финансиски инструмент и шпекулативен асет носат само зло.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
мало, премногу лично, сериозно и негативно ги сфаќаш работите. Никој не те тера да работиш 8 часа за некаква мизерна плата. Секој човек има сѐ што му е потребно за да си одлучи сам како ќе си го живее животот. Парите се само средство исто како што е средство пример огнот. Ако си играш со оган без да знаеш кои му се карактеристиките ќе се изгориш. Креативноста не се развива и манифестира само во позитивна насока. Треба да си бааги креативен и интелигентен за да си ја навртиш водата во својата бразда. Од свеста твоја зависи дали тоа ќе го направиш на штета на другите. Егото кое го спомна дека не е природно за човекот, не е паднато од марс, па некој го нашол некој не. Природна карактеристика е на човекот. Пак од свеста твоја зависи колку ќе го користиш, колку ќе го контролираш и колку ќе го надминеш. Сето тоа се чекори на личен равој и достигнување на својот максимум. Сосема е природно да заминеш во негативна крајност и сосема е природно да заминеш во позитивна крајност. А можеш да успееш и да си го најдеш сопствениот баланс.
Секоја група на луѓе е силна толку колку што е силен најслабиот нејзин поединец, нели така беше? Тоа што ти го велиш, секој да придонесува за доброто на групата, тоа е сепак некаква организација, со некакви, макар биле сосема невидливи правила. За некого и тие такви правила се премногу и значат робување на туѓи идеи. Велиш сега немаш доволно време за да ја изразиш својата креативност максимално оти треба да работиш за пари. Ако си дел од заедница во која секој подеднакво придонесува за доброто на сите исто не би имала време толку колку што ти сакаш за да ја изразиш креативноста максимално. Оти ќе треба да сработиш нешто за доброто на заедницата. И ова не го сфаќај лично, уште помалку како навреда, но во една зедница во која сите прават нешто корисно, нешто што им служи на сите, што придонесуваш ти со накитот? Нека е и најубав на свет, сепак факт е дека нема апсолутно никаква практична вредност. Ако сакам да се украсам, доволно е еден цвет од природата да си ставам во коса. А да не зборуваме за тоа дека природата нѐ направила вакви совршени и прекрасни и апсолутно не ни е потребно ништо плус за да нѐ разубавува. Ниту скапи шминки, ниту креми, ниту накит.
Истото е и со уметничките слики. Каква практична корист има заедницата од една прекрасна слика? Природата ни дарила бескрајни убавини, зошто би ги гледала тие убавини на нечија слика кога можам да ги гледам во природата? Само едно изгрејсонце е милион пати поволшебно од најубавата слика која некој некогаш ја насликал.
Степенот до кој е денес стигнат светов и цивилизацијата има многу негативни страни. Но има исто толку и позитивни. Човек треба да е доволно мудар да ги сфати и да ги искористи можностите. Не мораш да правиш накит по порачки и желби од некој друг. Прави го така како што сакаш и умееш и најди начин таков да го пласираш низ цел свет. Интернетот сега те поврзува со цел свет. една убава веб страна може да ти овозможи многу. Е сега ќе треба некому да платиш, фала богу. Оти некој се мислел и мислел како да ти го донесе цел свет во дневната соба. Ако не постојат пари ќе му платиш со накит. И тој некој шо ти го носи светот во дневната, ќе ти каже ова чини 500 ланчиња. Нема да работиш за пари, ама пак треба да ги сработиш тие 500 ланчиња. Под услов да му требаат 500 ланчиња.
Парите се само олеснителна околност.
Тие мултимилионери кои се таму кај што се и прават тоа што прават, се само обични луѓе со истите две раце и нозе, истиот мозок, исто скоро сѐ како секој од нас. Не е исто нивото на нивната креативност, интелигенција и најмногу, свест. Не дошле до таму сами. Ние сме им помогнале и им помагаме. Зошто го правиме тоа е друга приказна. Секој човек сака да биде среќен. Колку е свесен за начините преку кои се доаѓа односно не се доаѓа до таа среќа е прашање на место на раѓање и растење, образование, луѓе кои те опкружуваат, достапност до информации итн итн. Да бидеш слободен и сам да си одредуваш сопствени правила е нешто кое бара огромна посветеност, трпение, борба, одговорност, нели така и сама кажа. Да одиш на работа и секој месец да земаш одредена сума на пари можеби е ропство, но е и удобна сигурност. Да се потпреш само на природата за да си ги обезбедиш самонајосновните работи како храна и вода е колку прекрасно и твое право, толку и ризик, оти природата е непредвидлива и може сѐ што годинава ќе посееш да ти го уништи во една секунда.
Некој е храбар. Некој сака да му е удобно.
Законите и препреките се друга прикаска. Ние сами ги бираме тие што ги носат тие закони. И тоа се менувало низ годините, луѓето секогаш се спротивставувале и секогаш ќе се спротивставуваат на она пто им штети. Ама за такви муабети треба човек да се интересира и да се разбира во политика. А тебе тоа не те интересира. Епа ако не те интересира и не одиш на гласање и не одиш на протести итакви слични дешаки, не можеш многу ни да се буниш за тоа што не ти чини. Ние си седиме дома и си чекаме некој да ни ги среди работите. А забораваме дека тие кои се таму најгоре, најчесто се луѓе кои си имаат многу комплекси, лични, и кои таа моќ која ние има ја даваме ја користат за да си ги пополнат своите празнини и да си ги излечат тие комплекси. Ама ни ти а богами ни јас не сакаме да се плеткаме во политика.

Па и не баш негативно, реалистично е пошто е факат дека твои, пази сега твои половина работен век ќе ти отидат на работење за државата, кумулативно пола од сите пари кои ќе ги направиш (веројатно и повеќе) ќе ти ги одземе држаата. После доаѓа тоа шо работиш за газдата, па оверхед кост па инфлација и на крај може ќе испадне дека од 8 часа за себе работиш 40 минути во денот, настрана пат до работа и назад, спремање за работа - тоа време никој нема да ти го плати.
Мене ми е тоа скроз садистички.

Луѓето ги тера биолошкиот императив за опстанок.

Како тоа мислиш `ние ги бираме`?! Ваљда не си гласала за пастирот до сега :kafe
Претставничката демократија е тешка превара, ако теоретски секој гласа за оној за кој мисли дека најдобро ќе го владее, ондак една група треба да ја води вмбло пошто гласале за нив, друга сдмс пошто гласале за нив, трета дуи, па дпа, партијата на љубче и така се до последната пријавена партија, десетици ги има.
Тоа го нема па така имаме власт каде што оние кои гласале против партијата на власт се во огромно мнозинство ама не ги владее оној кој го гласале, ако не веруваш провери бројки.

нема потреба од плеткање во политки постојат алтернативи ама тоа е веќе друг муабет надвор од темата а богами и од форумот :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo