Сакам вакви филмчиња.
Режисерот е самиот глумец Zack Braff, така да повеќе ме интересира режирањето оттколку неговата глума. Интересно е што Зек инспириран од собирањето пари за снимањето на успешниот филм Veronica Mars, преку страната kickstarter решил да го направи истото. Се надевал дека ќе собере 2,000,000$. Зависно од донацијата, луѓето можеле неделно да добиваат клипови од филмот за време на снимањето, билети за премиерите, а доколку ја постигнат највисоката донација од 10,000$ можеле да добијат мала улога во филмот. Собирањето започнало на 24 април 2013 и траело цел месец. До 30 април 2013 собрани биле 2,258,710$ или 112% од посакуваната цел. Се на се, биле собрани над 3,000,000$ и учествувале 46,520 луѓе во донирањето.