Ги гледав вчера Унгарија и мислам дека ќе ни бидее тешко, иако они играат без најдобриот играч. А и да не заборавиме дека секогаш сме губеле од Унгарија. Јас се надевам ќе играат нашиве како со Австрија, само ќе треба и на крилата малце да подаваат зашто сите не научија дека преку бековите само играме.
И Исланд ги гледав и повеќе од 70% сум сигурен дека губиме, ако ни играат брз ракомет како што знаат. Тешко ќе ни биде да ги натераме да играат побавно, колку што прриметив вчеера мислам дека повеќе преку крилата играат. Лекот за нив е да ги маваме многу и да ги тераме да играат бавно.
За нашата игра вчера сакав да кажам дека конечно се разбудија Пецаковски и Ангеловски, утнаа нешто ама сепак добри беа. За Манасков сеуште мислам дека не треба да игра толку многу. Сега ќе може и Прибак да игра така да на лев бек ќе бидеме добри. За Кире и Борко нема потреба од пишување, легенди се и двајцата.
Сега значи првата цел ни е постигната, со 2 победи можеме да се бориме за 5то место, јас мислам дека што и да направат сега не е битно бидејќи со толку повреди супер е и ова.