Европско Првенство во Ракомет - Данска 2014

Кој ќе биде шампион според вас?

  • Шпанија

    Гласови: 4 28.6%
  • Данска

    Гласови: 4 28.6%
  • Чешка

    Гласови: 0 0.0%
  • Франција

    Гласови: 2 14.3%
  • Србија

    Гласови: 1 7.1%
  • Хрватска

    Гласови: 0 0.0%
  • Шведска

    Гласови: 0 0.0%
  • Полска

    Гласови: 0 0.0%
  • Унгарија

    Гласови: 0 0.0%
  • Норвешка

    Гласови: 0 0.0%
  • Исланд

    Гласови: 0 0.0%
  • Австрија

    Гласови: 0 0.0%
  • Македонија

    Гласови: 2 14.3%
  • Белорусија

    Гласови: 0 0.0%
  • Русија

    Гласови: 1 7.1%

  • Вкупно гласале
    14
  • Poll closed .

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Македонија - без Мојсо тешко малце
Франција - пензионери, нема да освојат
Шпанија - мотивирани кучиња ке се
Данска - домаќин, мотивација на ниво, Хансен на чело, и титула дигат
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
ќе биде тешко за нас али да не губиме надеж нели
со Данска не се надевам на победа ама со Чешка...да
ќе видиме зависи како ќе одиграат и другите противници...
општо за сите групи ќе биде доста интересно и закачено
Данска сите знаеме дека е фаворит и домаќин....па ќе видиме се надеваме дека ќе успееме да одиме погоре од првата фаза :)
 

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Колку и да беше очекуван денешниот пораз јас сум страствен навивач кога станува збор за македонскиот ракомет и колку и да се трудам да не се изнервирам џабе е. Ја мислам дека у овие 60 минути нашата репрезентација изигра прилично добра одбрана , али нападот ни беше катастрофален (немавме ни малку среќа).
Да кажам два три збора за Ќире Лазаров. Сваќам дека е капитен,има најголема одговорност,важи за еден од најдобрите не само кај нас туку и пошироко и тој како секој друг може да има лош ден , ама тука не станува збор за лош ден туку преовладува желбата да се докаже дека е најдобар. И што ако е капитен кога на некој не му оди не му оди , не гледам причина да го одигра целиот натпревар. Можеби Стојчевски и Пецаковски требаше да добијат поголема минутажа.Иако немаат искуство на ваквите првенства , во тие неколку минути изиграа солиден и динамичен ракомет.
Миркуловски е многу добар играч и голем логичар, многу ме потсеќа на хрватот Ивано Балиќ.Дечкото игра на секоја позиција и извлекува максимум од секоја позиција.Деан Манасков промаши три зицери , што не е карактеристично за него.
За Борко Ристовски сварно незнам што да искоментирам. Три минути брани брилијантно, има дури 7 одбрани во низа , а веќе во четвртата минути прима 4 гола |-(
Отсуството на Наумче Мојсовски и Филип Лазаров и те како се чувствува.
Нешто за репрезентацијата на Данска... После Македонија на сите европски првенства навивам за Данска и за Хрватска. Данска е европски првак , има големо искуство на ваквите натпреварувања. Денес иако остварија победа против Македонија јас мислам дека не се покажаа во своето најдобро светло. Исто како и нашата репрезентација мислам дека имаа цврста одбрана , се разбира на чело со нивниот "темпераментен" голман , но слабо постигнуваа голови од изградена позиција. Повеќето нивни голови беа постигнати од контра , како резултат на нашите грешки.
Како и да е. Тоа е игра , па мора да има и победници и лузери. Да се надеваме дека во следните натпревари ние ќе завршиме како победници.
И за крај како што испеа Тоше ... И во радост и во солзи ние ќе те бодриме :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Манасков пак глуми мангуп и им се лепи на голманите кога е во контра, а за Златко па нема зборови, среќа престап не направи, подобро да останеше дома со брат му. Освен Кире и Борко друг никој не ми изгледаше како што треба. Австрија ја згази Чешка 10 разлика а ние мора и двете да ги победиме.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Неамо голмана, а ичера двоица бесфа само на списак нели?
Слаби голмани и мноо непокретна одбрана, ама добро Данска је Денмарк. Ке ни требаф две победе за у следеќу фазу
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Неамо голмана, а ичера двоица бесфа само на списак нели?
Слаби голмани и мноо непокретна одбрана, ама добро Данска је Денмарк. Ке ни требаф две победе за у следеќу фазу
Само двајца беа ама борко имаше 15 одбрани од кои 3 пенали, требаше да се искористи тоа барем ќе изгубевме помалце. А и мислам дека Ојлески требаше повеќе да игра а не Манасков. :)
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Зошто вината се бара секогаш во голманот, кога тој е само една алка од многуте во тимот? Башка Борко против Данска одигра доста добро и одбрани дури 12 гола и 3 пенали (вкупно 15). А Станиќ собра 17 одбрани против Полска, па од уста не го вадите. Главна грешка во тој меч беше нападот и многуте грешки во подавања и додавања кои Данците знаеја да ги искористат со голови од зицери. Кире како и секогаш си игра стандард по 7 гола. Стојчевски изненади со 3те гола, за Пецаковски сум слушал и читал доста добри зборови. Жути ептен слабо после првенството во Србија, што од повреди, што од други причини, иако прима тешки удари, нема голови. Манасков премногу се фраерисува, а 3 зицери промаши и на крај Борко е крив. :mad:
Денес се очекува подобра игра во напад и добра одбрана како од голманот, така и од одбранбените играчи. Одиме на победа против Чешка.
За кого? - За Македонија. :igra
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: maarrkooo and parvati