ЕвроБаскет 2015 (Хрватска, Франција, Летонија, Германија)

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Изгледа ќе го видиме и првото поголемо изненадување. Шпанија ништо не игра, буквално. На моменти добиваат судиска помош и некои луди шутеви погодуваат.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ништо и од Турциве. Во второ ич не им оди шутот, почнаа и под кош да промашуваат. Одбранава на Франција е јака ептен, иако е уживање да се гледа што прави Паркер сепак малку е досадна утакмицава бидејќи нема никаков отпор од страна на Турција.
Шпанија победи со Полска. И тие Пољаците сами се победија, ништо не погодија во последната четвртина.
Ај можеби утре ќе е поинтересно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Гледам резултативе meh денес, освен до некаде Латвија која ги победила јанезите што ич не ме изненадува, јанезите вс. хунзите коа ги гледав видов дека не тераат далеку...
Франција лагано со турчиштата, газење, гузење, масакр, дробење, кинење :D добро темпираат форма изгледа.
Грчиштата исто делуваат јако, сега ќе е интересно со Шпанија во 1/4.

Стадионот во Лил :eek:
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
И денес досадно, четнициве ме нервираат, а изгледа до финале ќе стигнат. Добро уствари Финска нема некои играчишта ама барем да се потрудеа малку, тоа што заспав во трета четвртина, а кошаркава му е спорт број за гледање значи дека утакмицава била за бесење од досада.
Уште еден саат и жабарите почнуваат, ај со нив ќе биде интересно сигурен сум. Тие се натпреваруваат и против Израел и меѓусебе, кој прв ќе подаде губи. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И денес досадно, четнициве ме нервираат, а изгледа до финале ќе стигнат. Добро уствари Финска нема некои играчишта ама барем да се потрудеа малку, тоа што заспав во трета четвртина, а кошаркава му е спорт број за гледање значи дека утакмицава била за бесење од досада.
Уште еден саат и жабарите почнуваат, ај со нив ќе биде интересно сигурен сум. Тие се натпреваруваат и против Израел и меѓусебе, кој прв ќе подаде губи. :)

Е па така кога не го повикале Хано Мотола на првенство :zelen
Денес 1/4 финале, Шпанија-Грција 50-50% а прашање во другата утакмица е колку разлика ќе победи Франција вс. Латвија.
Во другите вести, Венецуела потполно неочекувано го освои панамеричкото првенство со победа вс. Аргентина, цела утакмица беа подобри венецуела имаа 6-12 разлика горе долу, Аргентина лукаво стигна до -3 на пола минута до крај и Лапровитола фрли за тројка како да фрла ѓуле, топката се одби од обрач како нездрава и во скоковите и хаосот истече времето, лична на секунда до крај, тепаа со 5 разлика.

На сцената се појавил индиец :franticвисок 2,26 кој игра за Канада
https://en.wikipedia.org/wiki/Sim_Bhullar
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Шпанија ќе игра без Руди Фернандез што значи Гасол пак ќе мора сам да се мачи. Досега во последната четвртина даваа се од себе ама сега ќе наидат на тврда одбрана, затоа мислам дека ако Грција влезе во последната четвртина со плус 6, ќе победи.

Другава утакмица ќе е интересна ако има атракција дека крајот знаеме каков ќе е. :)

Исто и задутре ќе е интересно.
Италијанците со нивната кашкавал одбрана ќе треба да се помачат против Литванија. Уствари Литванциве не дека се јаки ептен, туку одбранава на Италија е толку слаба што дури и ние би им дале 70 плус кошеви.

Чешка мислам дека ќе е најголемото изненадување задутре. Мислам дека имаат шанси и играчи за да ги добијат Србиве.
Прават многу асистенции и ептен тимски играат, за разлика од фати шутни нападот на Србија. Навивам за Чешка.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Се протнаа Шпанците низ иглени уши, ама затоа од Франција како ќе си го добијат не се свесни. Да беше малку попаметен грчкиов тренер, Грците ќе победеа. Ама добро и судиите играа мала улога тука, судеа некои фаули кои ги немаше. Интересна утакмица беше ама не сакам вака кога некој ќе победи а не заслужува, а вечерва искрено Шпанија не заслужи. Грците вината нека ја бараат кај тренерот нивни кој го остави пола тим на клупа и играше само со 7 играчи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider