Тешка група за нас, иако од тоа што видов, никогаш не сме играле поубав и помодерен ракомет од сега. Прв проблем е што имаме најслаб голман во групата, а во ракометот голманот е пола екипа. Мислам, секоја чест на Борко, знае да се повампири понекогаш но разликата помеѓу него и класа голмани како Омејер, Шмал и Станиќ е што овие тројца се константни и секогаш ќе бидат на ниво кога е најпотребно. Втор проблем е што играме со домаќинот, а во ракометот судиите и тоа како одлучуваат кога треба и Полска ќе добие огромна помош да пројде ако им затреба (не викам дека нема да не надиграат и без тоа, но ако сме на ниво ќе треба и против судии да играме). Потајно се надевам да играме како со Франција и да ја расчукаме Полска на нивни терен, затоа што во спротивно, тајмингот за решавачкиот дуел со Србија не може да биде полош за екипа со тенка клупа како нашата. Колку што сакам да ја расчукаме Полска, 10 пати повеќе сакам да ги плеснеме Србите затоа што се уште јадат бурек дека се класа за нас, иако последен пат на големо натпреварување беа кога беа домаќини, иако нашата лига е посилна од нивната итн...
Патем, целиот натпревар тука: