ЕП во ракомет 2016

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мрднати се. Јас мислев ќе растурат, а и како најавуваа дека ова првенство нивно е, и плус тие играчите не се некои слаби. Или тие нешто измешале, или јас врска немам од спортов и само се мешам секаде. :zelen
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас ти кажав дека ги преценуваш полјаците :) И Арсенал растураа на припремите, го тепаа Лион 6 разлика ама после изгубија дома од Вест-Хем. Исто и со полјациве, одиграа јаки припремни натпревари каде што претежно сите испробуваат тактики и не им е многу гајле дали победиле или изгубиле туку гледаат да се уиграат што подобро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Тешка група за нас, иако од тоа што видов, никогаш не сме играле поубав и помодерен ракомет од сега. Прв проблем е што имаме најслаб голман во групата, а во ракометот голманот е пола екипа. Мислам, секоја чест на Борко, знае да се повампири понекогаш но разликата помеѓу него и класа голмани како Омејер, Шмал и Станиќ е што овие тројца се константни и секогаш ќе бидат на ниво кога е најпотребно. Втор проблем е што играме со домаќинот, а во ракометот судиите и тоа како одлучуваат кога треба и Полска ќе добие огромна помош да пројде ако им затреба (не викам дека нема да не надиграат и без тоа, но ако сме на ниво ќе треба и против судии да играме). Потајно се надевам да играме како со Франција и да ја расчукаме Полска на нивни терен, затоа што во спротивно, тајмингот за решавачкиот дуел со Србија не може да биде полош за екипа со тенка клупа како нашата. Колку што сакам да ја расчукаме Полска, 10 пати повеќе сакам да ги плеснеме Србите затоа што се уште јадат бурек дека се класа за нас, иако последен пат на големо натпреварување беа кога беа домаќини, иако нашата лига е посилна од нивната итн...

Патем, целиот натпревар тука:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Да бе тие србите ми глумат јаки нешто, тие сељачиштата Ненадиќ и тој во Металург што играше опинокот, немаше што да облече кога дојде, а сега ќе ми кажува аутсајдери сме биле, а тој другиот па вика дека би изгубиле и од Полска и Франција со по 20 разлика само за нас да не тепале. Море мрш таму глупи срби скапани.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Според мене нашата група на крај ќе биди вака
Франција 6
Македонија 4
Полска 2
Србија 0
---------------
Франција предничи со квалитетот пред сите останати зато ќе биди прва, додека Полска не покажа кој знае каква игра а минатите натпревари сме ги победувале и според мене тоа што играат дома не менува нешто премногу пошто не се публика ко ние Македонците :D
од останатите групи мислам дека фаворитите ќе си останат први Хрватска, Данска и Шпанија.
ТОП 7
1 Франција
2 Шпанија
3 Данска
4 Хрватска
5 Германија
6 Македонија
7 Унгарија
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Очекував да водат со многу повеќе Французиве. Второ полувреме го утнавме на крај, се изморија изгледа. Денес не очекувам победа.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Очекував да водат со многу повеќе Французиве. Второ полувреме го утнавме на крај, се изморија изгледа. Денес не очекувам победа.
Мислам дека беше добра проценка на можностите за да не се префорсираат за џабе ама подобро е што не запнаа кога веќе губеа втор пат со три разлика. Вака имаат сила и за со Полска да направат нешто иако ќе биде тешко поради тоа што се домаќини и секогаш судиите се на страна на домаќините.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ќе победиме денес бе што ви е. Денес е среќен ден. :zelen
Само тој кафанџијата да брани како против Франција, и да не влеземе во нивната игра, дека тие изгледа ќе не испотепаат и плус дозволено ќе им е. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Витлерот нешто не е во форма денес, јако почнаа Французиве. Мене ми е страв од тоа дека Србија ако изгуби после со нас ќе нема што да изгуби и за инает ќе се здиват колку да не победат. Затоа денес јако да одиграме и таман, иако мислам дека можеме две победи да имаме.
Белорусија иначе, го победила Исланд 39:38 :eek изгледа без голмани играле. Јас па се плашев дали ќе ја фатам плус 26 голови Белорусија, тие дале 39. (happy)