Државен испит за студенти

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
СПИРО РИСТОВСКИ: ДРЖАВНИОТ ИСПИТ ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Целта на воведување посебен испит во рамки на високото образование е да обезбедиме квалитативен филтер кој ќе биде верификација на квалитетот на високото образование во Република Македонија. Станува збор за концепт кој како Министерство за образование и наука го разработуваме.
Ова денеска го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, одговарајќи на новинарско прашање за неодамнешната најава за новина која се планира во високото образование – државен испит по втора и четврта година на студиите.

Посочи дека разгледуваат повеќе меѓународни и европски искуства во поглед на високото образование кои се во рана фаза.

– Имаме извршено истражувања и анализи во повеќе земји каде што постои ваков државен испит. Формата и начинот на спроведување е генерално идентична и крајната цел и кај нив е верификација на квалитетот. Сите сме сведоци на бројните шпекулации кои постојат дека многу лесно на определени факултети се добиваат дипломи. Токму тоа беше иницијалната мотивација врз основа на која пристапивме да анализираме и да бараме меѓународни искуства во таа насока, посочи Ристовски на прес-конференција за реализацијата на процесот за прием и сместување на студенти во студентските домови.

Таквото решение, појасни, кое ние го разработуваме, анализираме во оваа фаза и во овој момент, ќе биде предмет на јавна расправа, на дискусија и разговор со универзитетите.

– Во периодот кој следи ќе има бројни анализи, дебати, спротивставувања на аргументи „за“ или „против“. Целта не ни е да се наруши автономноста на кој било од универзитетите, туку целта ни е како одговорна Влада и воопшто институции во системот на Македонија да обезбедиме зголемување на квалитетот на високото образование. Сметам дека во тој дел и универзитетите ќе имаат интерес да спроведеме една заедничка реформа која ќе биде посебен верификациски испит за целокупниот образовен процес на соодветниот студент, рече Ристовски.

Ги повика сите кои имаат каква било идеја со која веруваат дека можат да придонесат за подобрување на квалитетот на високото образование, да понудат решение.

– Како Министерство сме подготвени да ги сослушаме сите кои се директни учесници во овој процес, меѓутоа крајната цел да биде предлози и реформи кои ќе придонесат за зголемување на квалитетот на високото образование, додаде Ристоски


Превземено од http://www.fakulteti.mk/
Како што можевте да видите во изминативе денови се спрема воведување на реформа во високото образование. Какво мислење имате вие за ова тестирање.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Можеби сега студентите на крилата на револтот ќе се дигнат на протести? Мислам дека протестите треба да се одржат синхронизирано со стапувањето на Џена Џејмисон во манастир. Бидејќи шансите за двата настани се еднакво големи...
 
Последна промена:

*Hera*

Староседелец
18 септември 2013
33
32
1,018
Kicevo
Моето мислење мислам дека го дадов доволно јасно, но ајде и тука, официјално да се испукам.
Овие луѓе, дефинитивно не се нормални.
Прво, сведуваат образование на минимум, а потоа сакаат да го дигнат од пепелта...
Само, ме заинтересира...дали сте вие информирани во кои држави е воведен ваков испит????
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
јас додека стигнам студент ќе измислат уште милијарда испити само за да имам поголеми давачки и да паѓам по сто пати
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Можеби сега студентите на крилата на револтот ќе се дигнат на протести? Мислам дека протестите треба да се одржат синхронизирано со стапувањето на Џена Џајмисон во манастир. Бидејќи шансите за двата настани се еднакво големи...
Македонец, на протести? Македонецот прави гужва на митинг, распродажба и појадоци на мостови.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Где почети? Абдилаќим Адеми - министер за образование и наука, иначе инженер по металургија. :D
Почнувајќи со информацијава, веќе можеме да идеме у курац. Покорисно би било за одбрана да го ставеле овој, бар зољи ќе калемел, а Џафери за образование пошто молчењето е мудрост/злато, нели. Настрана од терањето курташак, траги-комична е ситуацијава.
Демек сега ќе се исчистат факултетите од незнајните, важи. Исто ко што се виде и знаењето на „влијателниве“ средношколци на кои мама и тато им ги најдоа тестовите за екстерно. Абеее...а администрацијата кој од кој поучен и пописмен, не можат да ни објаснуваат сега зошто решиле така, сфатете ги.
Они за едно интервју се спремаат со недели и пак звучат ко улични дрвосечачи, а не во еден семестар да преполагаат две години. (facepalm)

Ако сакаат само најсолидните да продолжат понатака, ќе си ги вратат приемните и ќе си го стегнат малце газот зинат за пари...пардон, ќе ги стегнат малку критериумите, а не три уписни рока лупнале и примиле раја со по вкупно 40 освоени поени во квота со кофинансирање (чиј број уште малце ќе ја надмине и државната), па згора на тоа, додале и трошоци за презапишување предмети по 600/1200 денари, студентски парламенти на кои немаме видено очи, спортски активности во сали кои ги нема, и книжен фонд и оштета на инвентар присоберен по селските школи од 1940та. Ама оди не плати...:^)

Има(м) многу за паламудење, ама да ги оставиме делата да зборат, за крај.
Ве молам да оддвоиме 2-3 минути и си да ги преиспитаме животните цели, како и да си ја споредиме интелигенцијата со највисокиот претставник на интелектуалците кои ја застапуваат оваа брилијантна идеја.
Благодарам.
Меанизми да си вградуваш во зољите таму...'рчпал еден.

И ќе протестираме, аха, со 80 денарското кафе од бифе во рака и боемските муабети како не јебе системот и неќе да просперираме.