Доколку и двајцата партнери имаат сексуален редовен однос, долната облека е излишен збор за нив, кој отуѓе од поодамна. Девојката може и во искинати гаќи да излезе пред дечкото, да не им е интересна првата брачна ноќ, особено не во денешно време, каде што пред да си го кажат судбоносното да, веќе и се преселуваат едни кај други, си живеат заедно... Си тераат некаков си живот.
А веќе ако сакаат да си ја овековечат таа ноќ, патем, која што ќе се заборави веднаш потоа, тогаш може и да си се претворат во тигрици и да се маскираат во секси жени, бидејќи секако после едно дете идат и сите оние физички дефицити. Барем ќе си го памтат тоа. Коа биле секси.
Лично јас, на мојата прва брачна ноќ, може да ги позајмам гаќите на бабами, пошто сум срамежлива, а тие се чудно подолги од обичните на изглед стандард гаќи, додека се опуштам. А, потоа и онака ќе ги фрлам од мене. Нема да НИ требаат. Ќе дозволиме моментот да не води...