Би сакала да дадам мое мислење за оваа тема
чисто заради тоа што јас се пронаоѓам во оваа тема
-Јас и мојот дечко сме во долга врска,но би сакала да искоментирам за љубовта во нашата врска
тој ми беше мојот најдобар пријател,кој ми беше мојот прв дечко
дечко кој прв ми раскина иако многу ме сакаше кога бевме мали заради тоа што јас сум била вообразена и разлигавена девојка,-да ме спушти на земја
поминаа неколку години после тоа и јас најмногу од се го мразев него
ми раскина преку другар-и без причина (деца)
имав двајца дечковци после него,а тој милион женски,кои за една кои за неколку вечери
по неколку години случајно не смирија наши пријатели
тогаш ми кажа зошто ми раскинал како дете-се смеев,ми кажа целосно сум била променета (па да пораснав)
се смиривме како пријатели-но јас си ветив дека и последен да е во животот никогаш нема да бидам со него
бевме пријатели некое време и тој почна повторно да ме моли да бидеме заедно,никако не сакав
на крај скроив план да бидам со него во врска но од одмазда,се фатив со него со цел по 1 недела да му раскинам и да го повредам како тој што ме повреди пред многу години
хахахха не беше така-неможав да сватам дека мојот план се уништи во првата минута одкако ме бакна (длабоко во мене одсекогаш сум го сакала)
за мојот план никој не знаеше
од тогаш до сега поминаа цели 9 ипол години,и ниту еднаш ама баш ниту еднаш не сме раскинале
сме се налутиле да,ама тоа траело само половинаа час и со разговор веднаш сме се смириле
од тој 10-ти јануари до ден денес љубовта е иста,можеби не е тоа љубовта детска наша,но сепак е нешто наше и нешто свето
верувам дека судбината повторно не спои
освен љубовта кај нас меѓусебно прераснаа чувствата на одговорност,заштитеност и пријателство
не го гледам живеењето со него како навика туку како љубов
се правеме за љубовта и се трудеме секој ден да ја искажеме на секој можен начин како да ни е последен ден
за мене во мојот случај-долгата врска значи и голема љубов,која можеби е истата само се сведила на почитување меѓусебно и е поцврста која неможе туку така да заврши
извинете за долгиот пост ама имав потреба еднаш засекогаш да се искажам и да се спротивставам на сите кои мислете дека долгата врска значи само навика
си ги погазив моите зборови (и последен да е нема да бидам со него)-Да,но не ми е криво
и повторно да се родам повторно истото би го направила