Долгата врска значи голема љубов?

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com

Или ме ебеш директно во централа или не си наспана.Убаво пишува:

Може да постои голема љубов во долгата врска,не се сите големи љубови тажни,но не е така секогаш.
Што мислите вие околу ова прашање?
Сте имале ли вакви искуства,да бидете во долга врска во која љубовта е голема но и случај во кои љубовта и не била којзнае колку голема но врската продолжувала да си постои.Зошто?
Ти си била во брак? Мажена си па разведена или?
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153

го знам воведот,јасна ми е темата
воведот не зборува за љубовта во време пред брак, во брак и после брак
зарем не е долга врска ако на пример двајца се во брак 15 години, а стапиле во брак после 3 месеци?
последното прашање ми се однесуваше на твоето „бракот ја менува жената“
можеби офтопик забегуваме, но не пречи, ќе ги префрлам мислењата во нова тема ако се намножат
сега за сега, сеуште не сме избегале премногу од рамките на темата :)
инаку да, во брак сум, не сум разведена :)
 
Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
долгата врска...ќе ги зеам за пример оние шо одат по 8-10 години...тоа веќе е навика...и на крај или ќе пукне врската или ќе се земат и ќе живеат здодевен живот.|-(
 
Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
А што со оние кои навистина се еден за друг ама се сретнале премногу рано?? Да се договорат за пауза од 5-6 години па потоа кратка врска и брак? (think)
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
долгата врска...ќе ги зеам за пример оние шо одат по 8-10 години...тоа веќе е навика...и на крај или ќе пукне врската или ќе се земат и ќе живеат здодевен живот.|-(

Да им кажем на мајка ми и татко ми дека се во заблуда тоа што се среќни веќе 30 години брак + 7 години врска, и дека живеат здодевен живот иако се смеат нон стоп еден на друг, се поддржуваат во секоја одлука и дека нивната заљубеност која се гледа и чувствува и ден денес е една обична навика???? Налетале еден на друг на нивни 16-17 години... се засакале и тоа е тоа. Вистинска љубов им се случила.
Е сега што светов полуде па се фаќа женска или дечко од скроз погрешни причини па се здосадуваат многу брзо е тоа е друга работа и тоа нема врска со должината на врската. Луѓето станаа плитки, со површински барања од животот, на почеток се еуфорични кога се возат по BMWња, кога јадат кавијари бифтези, кога одат на летувања по Хаваи, Сен тропе и слично, но кога ќе здивне работата и кога ќе видат дека до себе имаат личност со која немаат ниту една заедничка работа поврзана со емоции и она што му е на човекот најпотребно е тогаш ајде мајкаааа разводи, варања, депресие и чуда. Па заклучок ... се здосадиле, се изгустирале, досадно им било.... ма немоооој. Немало љубов од старт и точка, испливало тоа и пукнала врската.
 
Nicole

Староседелец
27 јуни 2012
249
226
643
Зависи за кого како, како ќе се постави во врската од самиот почеток, и дали ќе ја негува понатака. Јас ќе си кажам за мене од искуство, во врска сум 8 години, претходно не сум имала други, и не ми смета воопшто зашто сум сигурна дека ја најдов мојата сродна душа:) Имало подеми и падови, секогаш се трудиме да најдеме заедничко решение за се, и од грешките учиме да не ги повторуваме истите работи што не повредуваат. Само едно ќе кажам сигурна сум и верувам во голема љубов зашто ја чувствувам истата(inlove)
 
8 септември 2012
5
3
3
35
Здраво дечки! Јас сум како падната од Марс малце зашто никад не сум пишувала по форуми нити сум била член , ама така ч'чкајќи по фејсбук налетав на темава негде објавена. се регистрирав за да искоментирам :))) Нормалнно секој со различно искуство и мислење ....Моето е 6 годишна врска и плус некој 3 месеци кој уште трае.Имам 23 години ,значи на 17 сум се заљубила. :p Според мене постои љубов , јас уште го сакам како првиот ден , исто се однесувам ,не сум го изневерила му го пружам она внимание што најчесто сите го добиваме на почетокот на врската....фала богу истото го добивам и јас од него. Но се сакаме, се делиме , повеќето време заедно го поминуваме ...караници и се остално , но ние се решаваме со муабет и сега за сега успешно...се надевам уште долго долго ќе траеме..зашто тоа е и поентата на една долга врска да успеете да останете заедно да формирате нешто заедно понатаму.....и да има и некој процент на навика ..јас барем така го доживувам...оној момент кога ќе се собереме парови значи навикнат е или сум навикната таму да одиме заедно..и слични работи. Сега за сег а функционираме одлично и не можам да се пожалам....Погоре прочитав нешто за караниците...значи тоа е нај нормално , различни ставови , размислувања , карактери...дома со мајка ти ќе се скарш па не па со дечко.... Јас имам едно мото АКО ЕДНА ВРСКА НЕМА КАРАНИЦИ , ТОА Е ЗНАК ДЕКА НЕКОЈ СОВРШЕНО ЛАЖЕ. Бидете поздравени . од сега ќе се дружам со вас :DDD
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ecce

ecce

Нов член
1 јули 2012
2
3
3
35
Зошто поимов долга врска по автоматизам значи навика, нељубов?
Јас имам долга врска, 4 ипол години за неколку дена, и го сакам бре. Го сакам многу повеќе од почетокот. Го познавам, ме познава.
Тој ме сака, ме љуби, ме соблекува со поглед, пострастно од почетокот.
Искрено, бројката што означува колку време сме во врска комплетно ја занемарувам. Тој ми недостига кога не го слушам подолго време, не ми е сеедно кога се караме, и двајцата се трудиме да најдеме решение.
Ние поминавме низ многу. Ама многу.
Како да речам дека ми е навика, а кога ме држи за рака ме лазат морници?
Како да речам дека сум му навика, кога без причина знае да ми пише пораче, со едно ТЕ САКАМ?
Во мојот случај да, долга врска значи љубов. Голема и тоа.

После долго време некој кој се чувствува како мене...Јас имам врска од 5 години и го сакам..и не е навика...Во секоја врска треба да се вложува многу, за да не се случи таа монотонија.Не сме посесивни еден кон друг, не го условувам со ништо, не му стојам на патот на неговите планови, го подржувам во се'...Многу е битно да се има доверба,а љубомора само како зачин, во се' да постои баланс, а најбитно од се' е двајцата да останат посебни индивидуи во една врска, во спротивно едниот ке се претопи во другиот, а тоа сигурно не води кон успешна врска.
И ние знаеме да си пишеме порака со иста содржина, а страста е сеуште присутна, многу се пронајдов во твоите реченици, и баш ми е драго што постојат такви врски...:)
 
Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Да им кажем на мајка ми и татко ми дека се во заблуда тоа што се среќни веќе 30 години брак + 7 години врска, и дека живеат здодевен живот иако се смеат нон стоп еден на друг, се поддржуваат во секоја одлука и дека нивната заљубеност која се гледа и чувствува и ден денес е една обична навика???? Налетале еден на друг на нивни 16-17 години... се засакале и тоа е тоа. Вистинска љубов им се случила.
Е сега што светов полуде па се фаќа женска или дечко од скроз погрешни причини па се здосадуваат многу брзо е тоа е друга работа и тоа нема врска со должината на врската. Луѓето станаа плитки, со површински барања од животот, на почеток се еуфорични кога се возат по BMWња, кога јадат кавијари бифтези, кога одат на летувања по Хаваи, Сен тропе и слично, но кога ќе здивне работата и кога ќе видат дека до себе имаат личност со која немаат ниту една заедничка работа поврзана со емоции и она што му е на човекот најпотребно е тогаш ајде мајкаааа разводи, варања, депресие и чуда. Па заклучок ... се здосадиле, се изгустирале, досадно им било.... ма немоооој. Немало љубов од старт и точка, испливало тоа и пукнала врската.

да у право си...тоа било у времето на нашите мајки и татковци...денес малце повеќе се сменети тие времиња...да бидеме реални