како тоа?
го знам воведот,јасна ми е тематаИли ме ебеш директно во централа или не си наспана.Убаво пишува:
Може да постои голема љубов во долгата врска,не се сите големи љубови тажни,но не е така секогаш.
Што мислите вие околу ова прашање?
Сте имале ли вакви искуства,да бидете во долга врска во која љубовта е голема но и случај во кои љубовта и не била којзнае колку голема но врската продолжувала да си постои.Зошто?
Ти си била во брак? Мажена си па разведена или?
долгата врска...ќе ги зеам за пример оние шо одат по 8-10 години...тоа веќе е навика...и на крај или ќе пукне врската или ќе се земат и ќе живеат здодевен живот.
Зошто поимов долга врска по автоматизам значи навика, нељубов?
Јас имам долга врска, 4 ипол години за неколку дена, и го сакам бре. Го сакам многу повеќе од почетокот. Го познавам, ме познава.
Тој ме сака, ме љуби, ме соблекува со поглед, пострастно од почетокот.
Искрено, бројката што означува колку време сме во врска комплетно ја занемарувам. Тој ми недостига кога не го слушам подолго време, не ми е сеедно кога се караме, и двајцата се трудиме да најдеме решение.
Ние поминавме низ многу. Ама многу.
Како да речам дека ми е навика, а кога ме држи за рака ме лазат морници?
Како да речам дека сум му навика, кога без причина знае да ми пише пораче, со едно ТЕ САКАМ?
Во мојот случај да, долга врска значи љубов. Голема и тоа.
Да им кажем на мајка ми и татко ми дека се во заблуда тоа што се среќни веќе 30 години брак + 7 години врска, и дека живеат здодевен живот иако се смеат нон стоп еден на друг, се поддржуваат во секоја одлука и дека нивната заљубеност која се гледа и чувствува и ден денес е една обична навика???? Налетале еден на друг на нивни 16-17 години... се засакале и тоа е тоа. Вистинска љубов им се случила.
Е сега што светов полуде па се фаќа женска или дечко од скроз погрешни причини па се здосадуваат многу брзо е тоа е друга работа и тоа нема врска со должината на врската. Луѓето станаа плитки, со површински барања од животот, на почеток се еуфорични кога се возат по BMWња, кога јадат кавијари бифтези, кога одат на летувања по Хаваи, Сен тропе и слично, но кога ќе здивне работата и кога ќе видат дека до себе имаат личност со која немаат ниту една заедничка работа поврзана со емоции и она што му е на човекот најпотребно е тогаш ајде мајкаааа разводи, варања, депресие и чуда. Па заклучок ... се здосадиле, се изгустирале, досадно им било.... ма немоооој. Немало љубов од старт и точка, испливало тоа и пукнала врската.