“...Го сакав, иако не е метропола како Париз, Лондон, Њујорк. Иако улиците се загадени, воздухот мириса на немир, и луѓето гледаат само како да напакостат а никако да помогнат. Го сакав, тоа беше мојот роден мајчин град. Местото на чие тло заодеа моите нозе, воздухот кој прв пат ми даде живот, тревата чиј мирис ми создава и ден денес главоболка од сеќавања - Тетово...“
Не знам дали ќе звучи како клише ама јас За жал мислам дека пак би сакала да се родам тука, Сакам да го посетам целиот свет, сакам да живеам по некои од ориенталните места, да запознаам нови различни култури, но тука ми е домот. Пораките кои ги извлеков од животот живеејќи во Тетово, не би ги заменила за ништо.