Дискусии за хороскопски знаци

Furby

Полноправен Член
26 јуни 2013
96
92
18
32
Да ви кажам шо иам забележано за огнениве знаци....јас сум воден знак ...али сепак забелешкава ми е напраена со резерва дека не е така

Не ги знам дека се огнени знаци ама има нешто кога сум во нивна близина шо ме тера да се држам на дистанца , нешто шо да ме гуши во нивна близина и освен официјален муабет никаква блискост со нив не сакам......

Дури и со мајка ми , фазла од пола сат не можам да ја поднесам , лав е во хороскоп , ужива да е во центаро на вниманието и да прај драми од ситници , и ич не ми се прај муабет со незе , можам цел ден муабет да не и прам и ништо не сакам да и кажам од мојата интима оти имам чуство дека иако ми е мајка во момент на најмала лутина можи на некој начин да ми наштети оти е непредвидлива и штетна ко оган .
И истово го имам забележано кај многу лавој , многу се завидливи ако тебе ти е поарно од нив , и си мисла дека му се ситиш оти си поарен од нив , многу се лута за глупости , сака да живе на висока нога , многу се скржави , многу се приврзани за стварите ко поважни да му се од лујџето , многу се озборувачи а да ги видиш како се однесува со тој шо го озборува ни на крај памет дека такво мислење има за него и си мисла дека се без мани , и да за секој има нешто лошо да кажа.....опседнати се со чистота.. не смеј ни капка вода да има во лавабото ...

А многу малку работи имам добри да кажам за нив , ама така некош зна да ти се умилка и да ти напра фаца , како мачинана жал да ти падни и да не можиш да ги одбијаш за да му помогниш ....и ми се бендисува нивната злобна смисла за хумор оти сакам црн хумор.

За овните иам бетар мислење .....ме нервира многу а овен и лав зедно ми се комбинација од пеколо ....за неколку овни можам да кажам само дека ми биле добри соучесници ама ко че сака нешто спремни се да те изгаза без разлика колку сте добри пријатели само за да си го задовола каприцо шо си го наумиле и многу се користољубиви , и многу лажа..и многу навредува без да си навистина то шо ти го вела дека си .. ..... ко војскана се ко че ја пуштиш од синџир и ако можи шо сака да прај , че искрши че испука се до максимум бетар од нагазена нагазна мина и никогаш не се извинува кога ја оцапале работата туку ода до крај со нивнио инает и се кара и се расправа до крај со нивните лаги и интриги и им нема крај .

Стрелците тие се поблаги од овие двајца ама колку и да му објаснуваш тие се секош во право и џабе прајш муабет со нив како постари сестри и брајча се и мора да бида во право и за да бида ако треба и че те натепа .

И извинете ми огнени знаци , не знам оти ама по некој случајност скоро сите шо ги знам се вакви како шо ви ги опишаф ....Јас сум скорпија во хороскоп па не се лутам и вие ако кажите дека и мојо знак не е цвејче за мирисање али навистина мислам дека има бурна реакција измеџу нас и дека заедно сме буре со барут со кратко фитилче .
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Дури и со мајка ми , фазла од пола сат не можам да ја поднесам , лав е во хороскоп , ужива да е во центаро на вниманието и да прај драми од ситници , и ич не ми се прај муабет со незе , можам цел ден муабет да не и прам и ништо не сакам да и кажам од мојата интима оти имам чуство дека иако ми е мајка во момент на најмала лутина можи на некој начин да ми наштети оти е непредвидлива и штетна ко оган .
И истово го имам забележано кај многу лавој , многу се завидливи ако тебе ти е поарно од нив , и си мисла дека му се ситиш оти си поарен од нив , многу се лута за глупости , сака да живе на висока нога , многу се скржави , многу се приврзани за стварите ко поважни да му се од лујџето , многу се озборувачи а да ги видиш како се однесува со тој шо го озборува ни на крај памет дека такво мислење има за него и си мисла дека се без мани , и да за секој има нешто лошо да кажа.....опседнати се со чистота.. не смеј ни капка вода да има во лавабото ...

А многу малку работи имам добри да кажам за нив , ама така некош зна да ти се умилка и да ти напра фаца , како мачинана жал да ти падни и да не можиш да ги одбијаш за да му помогниш ....и ми се бендисува нивната злобна смисла за хумор оти сакам црн хумор.

.
Ова психоанализа на мајка ти или на лавовите?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Имав врска 7 години , дечко ми беше вага , ако ги имаш истите карактеристики мислам дека те знам хахахахах ..ставаш се на кантар све мериш а? :)))
И јас го имав истиот проблем, ама како што знаете и на вагата и треба и потпора за да го држи кантарот, така да немај гајле за дечко ти... ако нема цврсти нозе тешко него. :)
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Бик- да можат цел ден ќе спијат, само пред тоа ќе си избројат колку пари имаат зошто се најголемите материјалисти од сите. Расположението од материјалната состојба им зависи.
Близнак - родени за кавга, сакаат да прават шеги на туѓа сметка, знаат да се забавуваат, ама многу зборлести се и не знаат да раководат со пари. На се ќе најдат маана. Најголеми трачари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Dorina

Активен Член
20 октомври 2017
93
71
28
50
Што навистина мислат хороскопските знаци за Денот на вљубените?
Денот на вљубените е навистина чуден празник. Никој нема да ви каже ништо ако решите да не го славите Божиќ или Велигден, но со овој празник приказната е друга. Бидејќи Денот на вљубените ги истакнува нашите љубовни животи, многу луѓе чувствуваат притисок дека треба да го скријат нивното вистинско мислење за овој ден. Па, ако сакате да знаете што некој мисли за овој празник, можеби астрологијата ќе ви помогне во тоа.
Овен: Се надеваат дека ќе му подарите искуство
Желбата на Овните за авантура постои и на Денот на вљубените. Овие луѓе сакаат нови искуства наместо традиционални подароци. Па, оставете ги кутиите во форма на срце и сентименталните картички дома.

lg.php

Бик: Не сакаат премногу внимание
Девојките Бикови сакаат да го прославуваат Денот на вљубените, сè додека не претерате. Големите љубовни гестови се добри, но за нив поважна е личната поврзаност.

Близнаци: Прифаќаат сè
Најдобрата одлика на Близнаците е нивната способност за прилагодување. Тие ќе прифатат каков било предлог, па дури и да го прескокнете прославувањето. Едноставно не го сфаќаат Денот на вљубените премногу сериозно и не знаат зошто се крева толкава врева околу него.

Рак: Се надеваат на вистинско прославување
Емоционалниот знак тајно се надева на вистинско прославување на овој празник. Тие сакаат балони во форма на срце, ливчиња од рози и чоколадо.

Лав: Планираат нешто посебно
Лавовите се познати по нивната верност и љубов, па Денот на вљубените го гледаат како можност да ги покажат тие чувства. Наместо да чекаат од партнерот, голема е веројатноста тие да испланираат нешто.

Девица: Мислат дека е најдобро да си ги зачувате парите
За практичните Девици е сосема во ред да не го прослават празникот. Не гледаат причина зошто да трошите пари на цвеќе кое на крајот секако ќе овене.

Вага: Очекува изненадување
Вагите го следат своето срце, па без разлика дали признаваат или не, Денот на вљубените е важен празник за нив. Навистина се надеваат на изненадување или на некој романтичен гест.

Скорпија: Попрво би го поминале денот во кревет
Страсните Скорпии не го презираат овој празник, но радо би го поминале на грб… и во неколку други интересни позиции.

Стрелец: Возбудени за прославување со партнерот
Оптимистичните и забавни Стрелци не се „луди“ по романтиката на Денот на вљубените, но ја ценат можноста да го поминат денот со оние кои ги сакаат, без разлика дали тоа е партнерот или пријателите.

Јарец: Мислат дека Денот на вљубените е заговор
Јарците се убедени дека овој празник е создаден за трошење пари. Па, баш и не сакаат да го прославуваат. Во ред е да ги однесете на вечера, но не очекувајте да се израдуваат на кадифеното мече.

Водолија: Повеќе би сакале да го прослават „Денот на пријателите“
Не дека Водолиите не уживаат во романтиката, но тоа едноставно не е нешто за нив. Сепак, никогаш нема да одбијат прилика за прослава со пријателите. Па, на 14-ти февруари повеќе сакаат да го прослават Денот на пријателите.

Риби: Сакаат да даваат подароци
Никој нема несебично срце колку Рибите кои навистина го сакаат Денот на вљубените. Омилениот дел им се подароците, но не оние што ќе ги добијат, туку оние што тие ќе ги подарат. Истото важи и за сите други празници и прослави каде што се вклучени дарувања.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Еве случајно @Outrider ме потсети на едно прашање што одамна го имам.
Зошто шкорпиите, посебно ако се дупли шкорпии во хороскоп, мора тоа да го протнуваат во сите муабети кајшто можат, па дури и во био по социјални мрежи? :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider