Депресија (и како да се справите со истата)

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Arkantos Ми има докторката спомнато за водење дневник, но од многу материјал за учење не почнав да пишувам дневник. Еве последниве денови си го исполнувам времето до максимум за да не оставам простор на депресијата :)

чекај не ни кажа ти каков всушност проблем имаш што те води кон депресија ??
дај кажи што е проблемот па ќе му најдеме ние лек
 
snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
12
3
34
Највеќе тоа дека бев прва со учење, највеќе поени, високи оцени, секогаш средена, девојка која добива комплименти, на која учењето и е како песна, но другарка ми почна да се прави нешто повеќе, како велат " Опинокот се покондурил " едноставно се дигаше. Не беше истата што ја јас познавав И се набив комплекс дека јас не вредам колку неа и од таму почна се...губење самодоверба, чувство на безвредно девојче. Се повлеков во себе, немав волја за ништо, почнав да станувам песимист и најдобро ми е да седам сама дома :( Плус семејни проблеми, тие проблеми ги имам од поодамна, но се помирив со тоа. Мама ми вели дека луѓето плачат не зошто се слаби туку зошто биле предолго силни.
 
тоа за другарката се решава инстантно секој си живее свој живот не се замарај за неа гледај си за себе, и за себе секогаш бори се, а за семејните проблеми и за тоа има решение разговарај со твоите родители и разреши ги.
во животот ќе наидеш на уште потешки и по нерешливи проблеми така да овие сега ќе ти изгледаат како мачкина кашлица
 
snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
12
3
34
Почнувам полека да се прибирам да се враќам во нормала. Лошо си направив што почнав да добивам напади на паника, кога нешто не испадне како што сакам или малку се изнервирам се тресам, неможам да се смирам и се исплашив да не полудам. Со ноќи неспиев и се мачев, не ми се ниту живееше. Благодарение на мајка ми и сестра ми кои не спиеја поради мене и моите напади сега сум подобра. Ти благодарам и тебе за советите :)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

Нападите најчесто ти се случуваа кога беше на отворено? Надвор од дома, така?
 
snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
12
3
34
Напротив кога сум дома, кога сум надвор се контролирав и само чекав да стигнам дома за да се исплачам, почнував да се тресам, да ме гуши. Сега ми се случува кога ке си легнам и кога ке почнам да размислувам за се. Тоа е затоа што се сфаќам здраво за готово, и се грижам премногу.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Напротив кога сум дома, кога сум надвор се контролирав и само чекав да стигнам дома за да се исплачам, почнував да се тресам, да ме гуши. Сега ми се случува кога ке си легнам и кога ке почнам да размислувам за се. Тоа е затоа што се сфаќам здраво за готово, и се грижам премногу.
Значи сепак почнува чувството кога си со луѓе.
А кога размислуваш на вечер имаш тахикардија нели?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
12
3
34
Да, со одредени луѓе за кои сфатив дека се дволични и од корист. Ми се случува и дома сама ако почнам да мислам или се изнервирам нешто.
Имам тахикардија, мислам дека срцето ке ми излета од градиве.
 
Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Да, со одредени луѓе за кои сфатив дека се дволични и од корист. Ми се случува и дома сама ако почнам да мислам или се изнервирам нешто.
Имам тахикардија, мислам дека срцето ке ми излета од градиве.

e добро да тепрашам ај луѓето се такви какви се ама врди ли ти сето тоа што се потресуваш за нив ??
бар сега треба да ти е полесно сем учење немаш други потешкотии во животот еве јас дур сум студирал сем кога полагав испит никогаш не спиев, али за друго нешто уч глава не ме болеше
 
snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
12
3
34
Па не вреди... проклета да е осетливоста во мене :D !!! Јас со мерак учев и едвај чекав да дојде испит и да си завршам со тоа, сега и тоа со зор го правам, бидејки оваа година и потешко е и не сакам да расипам просек. Кога ми текне дека можам да го расипам паничам и неможам да учам. До душа, на крај никој нема да ми го гледа просекот но ете ....