Некој менаџер пред пензија, инаку успешен и светски познат, еден ден смислил одличен план. Му се јавил на синот и му рекол: - Сине, завршуваш факултет, ти остана уште дипломската... време е да те оженам и да ти најдам работа! Синот малку се противел на женидбата – Де бе тато, па само што завршив со учење! Работа, ајде во ред, нема проблем, ама жена? - Ама чекај, му рекол стариот. Да ти покажам слика од девојката! На сликата, девојка и голема јахта во позадина: Синот му вика на тоа: „Тато, абе ајде во кое време живееш, па јас сакам да се оженам од љубов...не за јахта!“ - Ма чекај, не сум ти го кажал најважното...таа е ќерка на Бил Гејтс! Синот се помислил 5 секунди, па со насмевка му рекол на татко му: Епа ако е така, може! Се согласувам! Стариот го зел телефонот и му ѕвони на Бил: Знаеш Бил, имам син, убав е како кукла! И многу му се допаѓа твојата ќерка. Бил му одговара: Види пријателе, јас те ценам многу, ама сега претера! Ќерка ми не го ни видела син ти, па не сме 18ти век! Менаџерот на тоа: Полека, не ти го кажав најважното. Малиот сега дипломираше, а веќе е заменик претседател на Светска банка! Стварно!? – му одговорил Бил, ако е така рачунај дека е договорено. Менаџерот го зема телефонот и се јавува кај својот добар пријател, претседател на Светската банка... - Пријателе, малиот син дипломираше и му треба работа, па си мислев да го вработиш да ти биде заменик... - Хахахахаха, се изнасмеал претседателот. Знаеш дека сме пријатели, ама ти си откачил! Па на тоа место конкурираат најдобрите светски економисти! Не велам дека малиот е лош, ама тоа е преголем залак за него! - Полека, му рекол менаџерот. Не ти го кажав најважното. Малиот е зет на Бил Гејтс. Претседателот се замолчел па му рекол: Ако е така, нека дојде утре на работа.
Коце и бабата Една баба се шетала во парк, паднала, а во близина се нашол Коце Трајановски и ѝ помогнал да стане.
-Фала синко, да си ми жив и здрав, рекла бабата.
-И сега бабо, ќе гласаш ли за мене, прашал Коце.
-Синко, на газ паднав, не на глава, му одговорила бабата.