„500 евра за брзо возење“ – ми вика цајканот
„кое возење , гледаш дека сум пешки“
„Се збунив, 500 евра за брзо одење“
„кое брзо одење, гледаш дека со штаки одам“
„аха, ај подигни ја штаката …. оп, 300 евра казна“
„За што бе?“
„Имаш кал на гумичката на штаката“
„не е кал, крв е, убив еден пред малку,
му ја скршив главата“
„не ме лажеш?
„не бе провери, еве лижни“
Лижна и разочарано одмавна со главата
„Стварно е крв, која крвна група е ?“
„што, крвта?“
„да“
„Е па извини ама не го прашав типот што крвна група е пред да го убијам“
Пак лизна – “ова е А+ ,забрането е убивање луѓе
со таа крвна крупа во вторник,
мора да те казнам 30 евра“
„30 евра затоа што сум го убил денес а не некој друг ден?“
„да“
„а бе ај, ме зезаш“
„не, закон си е закон“
„а ти што крвна група си?“
„Нулта сум“
„а смеам такви да убивам во вторник?“
„смееш“
„добро“ – го акнав по глава со штаката и го убив на место
Закон си е закон