Хит диета со лубеница – за 7 дена
– 15 килограми помалку
Сте ги пробале сите диети и ниту
една не ви успеала? Трчате,
вежбате, не јадете ништо и пак сте
дебели. Епа, ние ви ја прикажуваме
диетата која стана хит низ светот,
најчитана на сите времиња и со
која загарантирано ќе изгубите
килограми, здравје и нерви. Или во
најмала рака, ќе го изгубите
паметот.
Понеделник
Појадок: Кажете добро утро на
домашните и навестете им дека од
денес сте на диета. Не им
кажувајте каква, нека се мислат.
Ручек: Отидете до пазарот од
другиот крај на градот и купете ги
двете најголеми лубеници што
можете да ги најдете и донесете ги
до дома пешки.
Вечера: Напијте се чаша млака
вода.
Вторник
Појадок: еден аспирин, а ако
воспалението на мускулите е
поголемо, може два.
Ручек: Однесете ги лубениците на
прошетка. Нека го запознаат Водно,
а можете да има направите и тура
до сите споменици.
Вечера: Напијте се чај од жалфија,
без шеќер. Ако ви дојде, слободно
повратете
Среда
Појадок: Земете ја едната лубеница,
држете ја со двете раце и
направете 20 чучнувања.
Ручек: Тркалајте ги лубениците на
Водно сè до врвот. После пуштете
ги надоле и трчајте по нив!
Вечера: Насмевнете се во
огледалото. Позитивниот став е
најдобра вечера.
Четврток
Појадок: Легнете на грб, земете ја
едната лубеница и направете 20
стомачни
Ручек: Однесете ги лубениците да
ги видат новите згради во
Аеродром и заедно бројте ги
катовите. Вратете се назад пешки.
Вечера: Изедете еден домат и една
маслинка, со малку сол
Петок
Појадок: Застанете на вагата. Ако
сте живи, досега треба да имате
изгубено 9 килограми. Пофалете се
на сите и ситете се од нивната
љубомора, не од нивниот појадок.
Ручек: Време е да се запознаете
подобро со една од лубениците.
После толку заеднички прошетки,
време е да и го изедете срцето на
едната.
Вечера. Размислувајте на храната
добри 15 минути.
Сабота
Појадок: Лубеницата која сè уште е
здрава, ставете ja помеѓу колената
и направете 10 чучњеви.
Ручек: Исечете ја лубеницата на три
дела. Секој од деловите однесете ги
на различни страни од градот – дел
на Матка, дел кај Китка и еден дел
однесете го на Водно, каде прв пат
отидовте заедно.
Вечера: Размислувајте колку сте
слаби и убави. Помислете на плажа
на која поминувате вие со
прекрасно тело, а сите се вратат по
вас.
Недела
Појадок: Прошетајте се низ дома и
фалете се колку сте најубави и
најслаби. Ситете се со нивната
љубомора.
Ручек: Земете го ѓубрето од првата
лубеница и одејќи на раце однесете
го во контејнерите на другата
страна на градот
Вечера: Најбитно е да не ја
прескокнете вечерата. Частете се
со три бадеми и лист марула.
Зачинете со вода по желба.
Кога веќе ја завршивте целата
недела со диета, ако сè уште сте
живи и под неверојатен услов да
сте здрави, дајте ја диетава на
некој друг. Не бидете себични кога
веќе сте убави и слаби.