На прв час по математика, во средно училиште влегува професорот и им се претставува на учениците:
- За 5-ка знае само Господ, за 4-ка знам јас а на вас ви остануваат оценките од 3 па надолу.
- Еее, наставнику - се слуша во училницата
- Еве една задача со логика - им вели наставникот - па да ве видам. Сонцето изгреа во 6 часот и 10 минути преку целиот ден ќе биде сончево и сонцето ќе зајде во 19 часот и дваесет минути, колку години имам јас?-им поставил задача наставникот.
- Ајде чиста логика - рекол наставникот
Сите ученици молчат никој не знае, наставникот победнички се смешка кога еден ученик крева рака:
- Вие имате 44 години.
- Точно, ајде сега објасни ми како дојде до решението.
Па наставнику, со логика, нели кај нас на улица има еден Живко и он има 22 години, и тој е полуидиот, па...