Според мене еден доста сериозен проблем со кој се соочува младината и шо е уште пожално никој не го боли уво за тоа. Се изненадив кога неодамна прочитав дека децата во Македонија се втори по дебелина во Европа, веднаш зад децата од Малта.
Си викам зар до толку ли сме дојдени... океј, точно дека немаме некои квалитетни часови по физичка култура или пак соодветни спортски центри, ама дали е тоа сепак најдоброто оправдување за секој поединец ?
Сепак треба да се тргне од самиот себе ако некој сака да се соочи со дебелината.
Значи не се однесува само на изгледот, дебелината само по себе носи и многу други здравствени проблеми.
Исто така, секој метаболизам е различен па на некои им треба повеќе време, а некои помалку да симнат 5-6 килограми.
Дали на некој од вас му пречи дебелината, сака ли да се ослободи од неа и какви акции превзема, можеби пак смета дека нема потреба за тоа бидејќи и така се чувствува комотно.
Малку чудно од моја страна шо воопшто ми текна да отварам тема за ова, бидејќи лично јас не сум имал таков проблем, напротив некогаш ми требало и некои кило повеќе . Како и да е и без тоа трошам калории и се трудам организмот да го одржувам на едно стабилно ниво.

Во истражувањето се наведува дека зголемувањето на бројот на деца со вишок на килограми се должи на неправилниот живот и малата физичка активност, а особено на долгото седење пред компјутери или конзоли за игри. Професори од Факултетот за физичка култура предупредуваат дека децата секојдневно треба да имаат физичка активност од барем еден час. Тие апелираат физичкото воспитување да се издигне во општествените приоритети.
При испитувањето на физичкиот развој,телесниот состав, крвниот притисок и моторните способности кај основците, регистрирано е голем процент на ученици со умерено прекумерна и прекумерна тежина. Според проценката дури 28% од децата на возраст од 7 до 10 години се борат со вишокот килограми. Веднаш по Малта, децата од македонија на возраст од 13 до 15 години имаат прекумерна телесна тежина, објавено е на листата од 20-тина Европски земји во кои е извршено истражувањето.