Дебелина

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Според мене еден доста сериозен проблем со кој се соочува младината и шо е уште пожално никој не го боли уво за тоа. Се изненадив кога неодамна прочитав дека децата во Македонија се втори по дебелина во Европа, веднаш зад децата од Малта.
Си викам зар до толку ли сме дојдени... океј, точно дека немаме некои квалитетни часови по физичка култура или пак соодветни спортски центри, ама дали е тоа сепак најдоброто оправдување за секој поединец ?
Сепак треба да се тргне од самиот себе ако некој сака да се соочи со дебелината.
Значи не се однесува само на изгледот, дебелината само по себе носи и многу други здравствени проблеми.

Во истражувањето се наведува дека зголемувањето на бројот на деца со вишок на килограми се должи на неправилниот живот и малата физичка активност, а особено на долгото седење пред компјутери или конзоли за игри. Професори од Факултетот за физичка култура предупредуваат дека децата секојдневно треба да имаат физичка активност од барем еден час. Тие апелираат физичкото воспитување да се издигне во општествените приоритети.

При испитувањето на физичкиот развој,телесниот состав, крвниот притисок и моторните способности кај основците, регистрирано е голем процент на ученици со умерено прекумерна и прекумерна тежина. Според проценката дури 28% од децата на возраст од 7 до 10 години се борат со вишокот килограми. Веднаш по Малта, децата од македонија на возраст од 13 до 15 години имаат прекумерна телесна тежина, објавено е на листата од 20-тина Европски земји во кои е извршено истражувањето.

Исто така, секој метаболизам е различен па на некои им треба повеќе време, а некои помалку да симнат 5-6 килограми.
Дали на некој од вас му пречи дебелината, сака ли да се ослободи од неа и какви акции превзема, можеби пак смета дека нема потреба за тоа бидејќи и така се чувствува комотно.

Малку чудно од моја страна шо воопшто ми текна да отварам тема за ова, бидејќи лично јас не сум имал таков проблем, напротив некогаш ми требало и некои кило повеќе :D . Како и да е и без тоа трошам калории и се трудам организмот да го одржувам на едно стабилно ниво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pinkita

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Незнам од каде таа статистика дека Македонија е втора земја во Европа во која децата или младината се соочуваат со проблеми со дебелината.
Мислам дека тоа сеуште не е масовен проблем кај нас. Се популаризира поради општото прифаќање на американскиот стил на живот и навистина стапката на здебеленост е зголемена но дефинитивно не сме втора земја во која има најмногу дебели деца.
За среќа живееме во поднебје во кое сеуште има здрава вода за пиење, колку толку квалитетни житарки за производство на леб и други производи, зеленчукот и овошјето не се пластика како на запад, а нашите баби и мајки сеуште подготвуваат чорби за ручек и исхраната не ни се базира само на брза храна.
Спортувањето и физичката активност исто мислам дека не се толку запоставени, часовите по физичко се сиромашни но голем број деца тренираат по нешто и се физички активни.
Единствен проблем мислам дека е тоа што веќе низ маалата не се игра жмурка, ластик, плочка, народна итн па енергијата и калориите кои ние ги трошевме на тој начин децата сега само ги акумулираат седејќи пред компјутер.
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Незнам од каде таа статистика дека Македонија е втора земја во Европа во која децата или младината се соочуваат со проблеми со дебелината.

Код:
http://www.fakulteti.mk/news/11-09-06/decata_vo_makedonija_se_vtori_po_debelina_vo_evropa.aspx
Еве, а колку се тие податоци веродостојни и јас неможам да кажам заради фактот шо за таа европска агенција нема ни име наведено во текстот.

Лично и јас познавам луѓе кои со напорна работа, трчање успеале многу да ослабат, се тоа зависи до карактерот и волјата на личноста. Исмевањето од околината не би требало да биде пречка, за некои дури претставува и поттик.
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
НЕКОГАШ не е се до карактерот,некои луѓе имаат здравствено т.н.хормонално пореметување па колку и да имаат воља неможат да ослабнат повеќе од две кила,или пак пијат лекарства кои ги подувуваат.има и такви,не е до јадење претерано.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Не верувам баш дека сме втори во Европа по дебелина на децата, мислам дека јужниве се пред нас, а и гарантирам! Кај нив има емисии секој ден нутриционист ги едуцира родителите и децата што да јадат, кое за жал кај нас не сум видел ни еднаш, освен има една емисија каде што гостува еден нутриционист еднаш неделно по 1 час... Кој видел/слушнал тоа е многу малку.

Исто така деца како деца јадат што ќе им дојде и кога ќе им дојде, а тоа е претежно грицки, чоколадо, кока кола, пржени компири и сл. И нормална дека резултатот ќе биде каков што е. (се дебелеат)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
33
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
Знаете зошто? еве еден пример учениците кога се на одмор големиот дел купува Хамбургер со КокаКола од сабајле а помалиот дел (10%) геврек и јогурт е ајде да не се дебели се е со Брза Храна. А повеќето родители незнаат што јадат децата кога ке излезет или кога ке нашкола...... No coments :nah
(Можит и јас не сум нешо слаба):giggle
 

Party Poison

Истакнат Член
20 февруари 2012
140
142
343
2 во Европа од 20 земји.Дочитајте,а не одма од каде таа статистика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche