Дебелина

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Што ќе каже Trajche за ова:

Нова формула: Дали сте слаби или дебели пресметајте со новата метод
Извор: http://www.crnobelo.com/zivot/zdrav...slabi-ili-debeli-presmetajte-so-novata-metoda
Пресметка: http://people.maths.ox.ac.uk/trefethen/bmi_calc.html

Колку ви искочи?

Не е важно колку се килограмите на вага, битен е телесниот состав, колку масти, а колку е чиста мускулна маса. Како што пишува и јас секогаш пресметувам по предходната табела БМИ и таа е од многу експерти користена како и потврдена за точна, а сега овој што вика дека не е точна...Хм...Треба и мислења од останати експерти... од еден само ништо не правиме :)
 

MountainMan

Активен Член
29 јануари 2013
96
151
33
K2 Pakistan
Не прочитав се али имам едно свое мислење за тој проблем. Прво како што кажа еден член погоре јадам повеке а слаба сум, тоа зависи од метаболизмот и од "кројот" како што викаат постарите. А друг проблем е проблемот од детството, односно родителите. Па нели тие ни се примарна социализација и од нив ги учиме сите први чекори? Епа не само чекорите туку ја учиме и исхраната. Ние како мали си мислиме дека јадењето бомбони, лижавчиња и чоколадца се за добрите деца и ние радосни весели си јадеме ама не знаеме, па јасно дека нема да знаеме сеуште сме мали за тоа ама тука треба родителите да не насочат!! Како може да не насочат после ВЦ да миеме раце така и ова треба. Ја не викам ти детето да го изгладнуваш јасно дека ке му купиш едно чоколадо преку една недела ама не секој ден бре, потоа зошто било дебело? Зошто било повлечено? Зошто има слаба самодоверба... епа вратете го филмот назад кога го кркавте секој ден милка па размислете. Еве ова порака и до идните родители (ако ги има на форумов) а и за сите нас зошто ке дојде ден сите ке имаме деца па да знаеме што правиме да не се пофторуваат грешките.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Зошто било повлечено? Зошто има слаба самодоверба... .

Нема никаква врска со дебелината. Има голем број на дебели луѓе што имаат поголема самодоверба. Тука веќе е битна перцепцијата за самиот себе, а тоа е секако, друга тема ;)
 

MountainMan

Активен Член
29 јануари 2013
96
151
33
K2 Pakistan
Нема никаква врска со дебелината. Има голем број на дебели луѓе што имаат поголема самодоверба. Тука веќе е битна перцепцијата за самиот себе, а тоа е секако, друга тема ;)
Да ама ретки се тие :) Има и слаби луѓе па се со помала самодоверба не викам не ама и тие се ретки
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Понекогаш е генетски, но сепак може да се влијае. Па што ако немаме спортски центри, секој може да отиде на обичен тренинг или само да излезе во паркот и да трча. Може да се регулира исхраната. Наместо да седиш и озборуваш, излези надвор и прави нешто...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Prashina

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Јас имав/имам проблеми со дебелината, како мала поради некои здравствени причини пиев таблети кои го зголемуваа апетитот, а со тоа се зголемуваа и килограмите. Од тогаш до ден денес се мачам да ослабам. Имам ослабено не викам дека немам и тоа некаде околу 17 кила но додека ги ослабам душата ми излезе.
За довербата до пред некоја година си викав дебела сум немам доверба, а сега кога ќе размислам подобро дебелината т.е воопшто физичкиот изглед нема никаква врска со довербата, кога немаш доверба без разлика дали си слаб или дебел, убав или грд пак нема да ја имаш, многу работа има за неа, а со промена на изгледот ништо не менуваме може само малку да си дадеме волја но тоа е минимално. Ако веќе слабееме подобро да слабееме ради здравјето кое е многу побитно од самодовербата, а самодовербата со тек на време ќе ја стекнеме. И уште нешто доколку некој/а се реши да слабее со гладување нека не почнува воопшто има резултати и тоа за многу краток период но чим се престане со гладувањето се се враќа или ако не се до пола. Јас така гладував и се уште гладувам бидејќи веќе ми стана навика но кога би можела нешто да променам и би имала услови дефинитивно не би избрала пак да гладувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Јас пак не знам зошто баш сакам дебели луѓе.
Ептен ми се симпатични.Посебно кога ќе видам така некоја big mama со деца околу себе.
Не ми се допаѓа кога некој ги оценува луѓето според изгледот.
Изјави од видот:
Еј види каква е дебела,
прават да му повратам на тој што коментира во лице.
Порано бев полна,затоа не ме примија на балет:zelen
ама затоа од својата 8 год.тренирам се нешто.Почнав со мечување,па карате,извидници и што уште не,додека не ја пронајдов јогата,па преку спортот го средив и телото без многу да се трудам околу тоа.
Секогаш имам иста килажа,јадела не јадела исто ми е.
Диети не сум држела и немам намера да држам.
Тоа е само измачување на телото и ништо повеќе со гарантиран јо-јо ефект,што е еднакво на стварање на целулитис.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Никој не вежба на часовите физичко.Додека бев во средно школо,сите со телефоните в раце и се сликаат,на фејзбук.Само едвај 4/5 девојчиња вежбавме нешто:(.Тоа е,во Скопје сите со автобуси,седнати по цел ден.Се јаде готова храна,Рамстор е полно ло луѓе во делот за храна.:|
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Стварно срам да им е на луѓево само јадат, наместо да гладуваат и еднаш неделно да јадат тие земале секој ден, пу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Traviesa